Моевобе 7+++ ама и ден денес знае да ме здоболи кичма....остај што си имам проблем и со колена и со скочни зглобови....док не се раздвижам ме болат, укочени се леле мајко
Не ми е баш за тука прашањево ама кажувајте како се справувате со опаѓањето на косата или само кај мене е хорор?? Значи не смеам да си ја чепнам косата веднаш полна рака влакна вадам. Имам читано дека е нормално после раѓање да опаѓа косата ама волку многу не ми е баш и нормално
Колку долго трае третиот скок во развој ? Каде ми отиде мирното бебенце, до пред 2 недели глас не и се слушаше?! Кој знае што ќе се дешава во најавувaните четврти,пети скок
Охоо колку ми паѓаше и уште ми паѓа. Пред 7 месеци се породив. Ама гледам почнала и нова да ми расте.
И мојата паѓа многу. Имам веќе 3 голи дупки, се надевам ќе порасне нова. Не се трпи, секаде е влакна, а секој ден минам со правосмукалка. Кој знае бебе колку се има лапнато. Ми стигна цела терапија со креми спреј чуда од мк, и шампон користам веќе долго, плус апчиња зедов 150 евра срце ме стегна. Па се надевам ќе има ефект
Оф се надевам , како 2 недели да трае, ама претходно ставивме вакцини, па може и од тоа беше ќенкава.. Сака само у раце и никако другчие, а и у раце се љути и се бунтува, уствари незнае што сака. Облакање е невозможна мисија, еве ја бањав и одвај ставив боди, пола саат со фен на најјако ја смирував и заспа така. Пижами облакање вечерва нема. А и протестира не сака да цица Туку барем се оправи времето, утре количката и цел ден надвор,нека дреме...
Не знам која ја стави страната wonder weeks, фала и. Моево било во втор скок. Абе ајде, тој од скок не е излезен. Нека е жив и здрав само. Како бе надвор ни скок има ни ништо, од 12 до 3ипол беше надвор спие дуфта. Мајмун еден. Е според скокот осознава свет, не да осознава, си ги осозна рацете и сеа вика и ако не успее од прва да си ги пикне во уста пак вика. Смешки у боја е со тоа рацете. Тукууу... Ќе ми се смеете знам, ама денес прв пат фатив како му се шират и стеснуваат зениците, кога ја виде цици негова, еден осмех од уво до уво, зениците му играа како фокус на апарат беа, се шират и стеснуваат. Ќе рече чоек не цицал 2 дена не 1 саат. Мајмунче! Иначе и кај нас има одбивање да спие, сега па сака до мене залепен, па моето спиење се видело и денес ротација напраив и креветац го залепив до спална и сега ќе спиеме ко сардини, ама што да праам. Најмногу против сум бебе да спие на спална, не можам да се помирам со тоа и мора да се вратиме во креветче, знам дека не спие до мене цело време, јасно ми е, ама ни 1 ноќ не сакам, сакам да си спие во своето. А неодолив е, кога ќе отвори тоа очите и ќе ме види, па ќе издиши и ќе си продужи, ми иде да го изедам. Што се тиче коса, мојата се исуши многу сега, па ќе земам на Росен еден кватро сет, со шампон, маска, едно ко инфузија, така го викаат и капки. Уште не почнала да ми паѓа ама ќе почне, а тоа не е тоа што сакам, зошто од реп дебел имам репченце ко на мало девојченце. Уште некоја година ќе пуштам коса после ќе ја шишам краток боб ама многу краток, со брич ќе ја проаѓам, е тоа ќе бара секој месец фризер за да стои формата ама па мерак ми е, ама за тоа мора да симнам уште 20 кила, оти ќе личам на топовско ѓуле со таа фризура.
Мислам дека ништо не помага до хормоните е. 8 месеци како сум породена паѓа сеуште, влакна насекаде има ама и нови растат старите паѓаат се помирив веќе до кога паѓа нека паѓа.
Почнавме вчера, ден пред 5 месеци. Почнувам со зеленчук иако препораката на педијатарот е наизменично зеленчук и овошје. Планирам зеленчук, житарки па овошје. Давам прво што имам смрзнато, домашно и непрскано, после тоа што немам ќе купувам дали свежо дали готови каши, отом потом.
И според мене така е најправилно затоа што овошјето е благо и сигурно побрзо ќе го прифати, а тоа носи ризик да не сака после зеленчук. И јас кога ќе почнувам планирам да правам како тебе.
Јас почнав на 4++ ама бебе доби многу мака со стомачето и запек, па прекинав. Почнав со зеленчук, па овошје и давав наизменично. Сега планирам пак да почнеме со 5+
Од 4 ипол по препорака од педијатар. Прво започнав со зеленчук, па овошје. Но, не го сакаше ич зеленчукот, па три дена зеленчук, три дена овошје. Житарките ги чувам за на крај. Првите две недели беа хаос. Си реков детево цел живот на мајчино млеко ќе биде. Ништо не сакаше. Како отров во уста да ставам, а не храна. А со љубов ја правев. И конечно по 1 месец, ми го зема лажичето со се раката, бута ли бута. Ми беше мачење претходно, сега уживам кога го ранам.