Мене педијатарот ми рече да почнам на 6 месеци бидејќи засега одлично напредува, што мене некако ми е предоцна, а сега те читам дека си почнала на 4 и пол, а знам дека твоето бебе исто супер напредуваше. Имаше ли некоја посебна причина што почна на 4 и пол месеци да почнеш со кашички?
И мојата одлично напредуваше на мајчино, мене ми рече пред 5 да не почнувам. Јас неколку дена по 5 месеци ко наполна почнав со некое лажиче и беше спремна за јадење од старт си прифати и еве ја сега да не ја урочам си јаде по цела кашичка, почнавме по малку и со втор оброк.
И јас сакам порано да почнам, барем 5ти месец. Некако деновиве се бунтова и не сака да цица, го интересира сè друго освен да цица, насекаде шара со очињата (освен ноќе и наутро, тогаш без проблем цица), па му давам по малку и АД. Сето тоа ми ствара притисок, не сакам целосно да се одбие, пијам чаеви и правам сè за да одржам лактација, одложувам шише колку што може ви текот на денот ама тоа е, некогаш морам да дадам за да не е гладен, веројатно сега повеќе го осознава светот околу себе и затоа вака се однесува па затоа сакав да почнам со вкусови за побрзо да му воведам оброк.
@Iris-1234 пробај од 5 со некоја лажичка, ако е спремен ќе ти покаже одма. Според мене тогаш е идеално, ни прерано (зошто одбиваат ако не се спремни за храна и лажичка), а не е ни касно многу, има време за до цел оброк постепено да се навикне и мешето и тие.
Да да, баш затоа и мислев. Ем да не е рано, ем да не е ни предоцна. Тоа и сакам, да му дадам време, тој да ме води.
Педијатарот на 4 ми кажа, јас дури одложив пола месец. Не знам зошто. Не е дека не напредува, напротив.
Мене овој шампон и лосион ми помогнаа ептен. Косата си паѓа сеуште многу (почна некаде 2 месеци по породување), ама бар истовремено растат и нови влакна. Ги купив во ДМ. Пијам и витамини Фемибион 3, претпоставувам и тие помагаат да не станам ќелава зашто ужасно е, насекаде се, после секое миење коса и сушење, тепих можам од нив да исткаам
Дали користите шумиш за спиење? Колку е ефектен? Да не се џабе дадени парите, а да нема ефект? Дека на рекламата е прикажан дека готово загарантирано спиење, го смирува бебето итн. Има вистина?
Секој ден е различен.. Ако го шетам надвор знае да врзе некој саат и да биде поспан цел ден, а има денови кога цел ден е на дремки и да не склопи очи.. Не знам дали е рано за стекнување навики околу спиењево денски или сепак на крајот на денот се си зависи од детето...
Почни да го изнесуваш надвор секој ден по минимум 1 час и ќе видиш разлика. Јас имам ефтина верзија на шумиш, едно еже од Бејби центар, не е којзнае колку ефтино ама не е ни 4000ден, има прожектор и музика, добив уште едно за мекици такво па ќе го чувам ако се расипе ова. Помага, не дека не, ама не е магија. Само свеж воздух, еве го мојот 3 саата надвор беше и спиеше, се прибра и уште спие, станува за цице и продолжува, со раце нагоре со сите салтанати.
Нема потреба од сокчиња, не планирам да давам. Можеби само водата од сливите ќе ја давам ако има пак запек. Почнавме со блендирано домашни правени
Моето има навика и точно знам кога му е дојдено време за спиење. Ноќе многу убаво спие од кај 8 и пол или 9 до кај 7:30 сабајлето, па претпоставувам нема потреба од долги дремки преку ден. Јас најскапиот го купив, сите го фалеа ама некако не помагаше на почеток бидејќи мака мачевме со грчеви и од плачење не ни можеше да го слушне, аспираторот во кујна најмногу ни помогна. Сега немаме потреба од шумиш, веднаш се успива.
Нас ептен ни се погоди, го користиме само за навечер, заспива со песничките, после го местам на бели звуци-бранови и тоа со сензор се, а прокенка бебе се уклучуваат и еве сме 7+++ без него не одиме на спиење. Штом снема батерии се трча да се купат!
Додека се мали рај е за нив надвор, после ни надвор повеќе од 30 мин. не спијат, се сакаат да видат, се им е поинтересно од сонот!
Многу точно ова. Бебе мое веќе и кога му е време за дремка не спие долго, некој 5-10 минути и одма се буди. Само во кола си спие убаво
Женски кажете некој лек за жлебинките? Многу го мачат и многу е нервозен, целата рака му е во уста. Го мачкам со гелот на Фрези дерм но не помага нешто многу.
И кај нас е исто. Немам совет да ти дадам, само да пријавам ситуација Преска ми кажаа за некој топчиња што се растворат во уста, па ако ги најдам ќе пробаме и со нив