Поделени се мислењата на педијатрите. Порано препораките беа дека немлечна се воведува на 6 месеци а по новите препораки на 4ри. Затоа некои педијатри, обично постарите се држат до старите препораки. Нема никаква врска со напредување или не, иако за децата што помалку напредуваат се препорачува обавезно на 4ри. Почнаа со ова 4 ри месеци во смисла дека ке се пробувАат вкусови, нема да јаде бебето на 4 реално, туку само пробува за веќе некаде на 6 да има оброк. Тоа е дилемата. И мојава напредуваше супер, претходниот месец 1100гр, после 700-800. Одлучив на 5 зошто 4 ри реално ми беше мн мала а и мислев дека не е спремна.
Ние имаме. На почетокот супер, секаде го носевме со нас. Сега мн и е тивок и пуштам на телефон имам апликација со различни звуци, најчесто воз и дожд.
Осанитот кај нас ги нема, на внука ми и помогнаа, се работи за хомеопатски лек. Јас ќе ги нарачувам сега од Германија за второво.
Дневно околу 4 дремки, траат по околу 30 минути. Заспива со ептен кратко нишкање или го легнувам до мене и го галам па брзо заспива. Го осеќам кога му е време за спиење па одма го земам да заспие, не дозволувам да се премори и да стане кенкав или нервозен, а и додуша отприлика знам и во колку часот сака да си дремне. Сам си ги створи навиките за дремки, само ги следев неговите барања, никогаш не се напнував да му правам некој ред или рутина, а и на почеток не можев, владееше тотално безредие (повеќето ноќи плачеше до 2 часот од грчеви), секој ден различно ама кога ни поминаа грчевите некако и тој малце порасна и почна да си фаќа ред. Е сега се ближиме до 4 скок, дали цел овој ред ќе падне во вода, останува да видиме
Некој пиша сонот раѓа сон, денес синко спиеше цел ден, додуша цел ден надвор бевме али го преспа цело време и беше исклучително весел и сега за спиење не направи никаков проблем туку одма заспа. Така да вадете децата надвор дур е топло и дремете по паркови и зеленила. Ние дома не сме прибрани, чак што више и кафана извадивме, бубачка мирен беше.
Дефинитивно се согласувам. Кога е прошетан навечер поубаво спие, а и шетајќи убаво си спие во колица сат ипол, два. Вака дома преку ден слабо нема абер од спиење. Денеска збесна претпоставувам зошто воздух не го фати плус жлебинките го мачат.
Моето е родено крај на ноември и за 2-3 дена треба да влезе во скок, така ми вели The Wonder weeks. Инаку мислам дека по недели почнува од средина на 14та недела.
Само кај нас не пали ова. Излезени од 15:00 часот, па до 20:00. Надвор си се наспа бебе, со паузи за јадење. Дома бањање, повторно храна, и еве од 23:00 часот си е будна, повеќе од 3 часа. Ни прозорец на будност важи за неа, ни ништо. Кога сме цел ден дома, се случува да спие два часа, па два часа будна итн. Кога ќе се понадевам спиењето да се среди, се случуваат вакви егзибиции. Вечерва ни бели звуци, ни ништо не ја успа досега.
И вашите ли во 4 5 сабајле наоѓаат тогаш да се тегнат? Значи знам дека првите 2 3 месеци ем најмногу растат ем тежина ставаат, затоа така, ама сепак и тогаш го имаш звукот на Зоо односно слонче ко со сурле. Леле да можев видео/аудио да прикачам да слушнете. Право слонче. (@Femina еве ти идеја, за прикачување звук.) Се предадов и ја викнав мајка ми. Подруго е женска рака, да го фати бебе, со маживе поинаку е. И поспав некако. А и ова врза двапати по 3 часа. Е како кога претходно подруго беше.. и мајка ми рече поспала, се надевам не крие, нејќам да е уморна и таа. Добро, вам што ви продолжуваат со цицање, нели сакаат да ждригнат, нели голтаат воздух па гасот оди надолу и може грч да створи? Додуша вчера мојов прво станување во 12 и 20 и наводно продолжи со мало врткање, за потоа да стане во 4 и 20, е тогаш го кренав пошо почна да претка пи цицање, воздух голтна. Значи да резимирам: наредниов месец ако може да се изгуби/намали слонко звук, да ждрига почесто самото, да продолжува две спиечки сесии со цицање, разбудување прифаќам од 5 натака и да не менувам пелена ноќе. Ќе се навратам за месец дена на барањево. @Miss_S доказ дека бебињава се променливи ептен. Затоа ич нејќам да се радувам као демек готово еве фати ред..одма некое гласче ми се јавува да не се фалам оти ко камелеончиња се. Којзнае допрва шо нѐ чека. Само овој првичен период не го можам, не го уживам ич. Сѐ е некако премногу зависно од помош, и за ждригање, прдење, масажи, носење во раце, доење често.. Е од 3 месеци на под да игра и да не го мислам, бар така се надевам, па сега...
Дали на некоја и се има случено детево чат пат ииих зима воздух ко да заборавило да диши Од памет ме вади Или да летам на лекар..