Само мене ли ме исмеваат другарки кога зборувам за скокови? Стварно глупо ли изгледаме тогаш? Многу глупо се осеќам, дури ме направија преопседната со едно дете, нели муабетот чекај ќе видиш како ќе е со две. Ама стварно, толку ли е лошо пратењето скокови па аман
Кога почнувате со ноќна рутина? Дали во 20 и 30 е ок да се измие/ избања бебето, газе или цело телце, па облекување во потемна соба, цицање во затемнето и крајно заспивање. Дали е во ред вака? Како е кај вас? И до кога да се менува пелена навечер? Дали да се остава цела ноќ или еднаш мора? Сепак влијае на разбудување, се разладува, се расплакува и џабе е сѐ.
Јас пратам прозори на будност, зависи кога станал од последната дремка и кога треба да пие млеко. Пример најчесто станува во 5 и рутината ја почнувам во 7 за во 7ипол да заспие Никогаш немам менено пелена ако не кака. Мочана пелена ја оставам додека не стане
Јас ти кажав, не му наметнував никаква рутина, само го следам неговото однесување и неговите барања. Не им се спие секогаш во одредено време, не се роботи, луѓе се. Дозволи му да те води. Кога ќе видиш дека му се приспива, спреми го полека и почни со успивање. Пелена никогаш не менувам во текот на ноќта ако не е какан, а не кака навечер, освен кога беше новороденче.
@elenaklasik Пробај дај му го на сопругот да го успие да видиш како ќе биде. Читав баш вчера кај др. Гуднајт дека бебињата полесно заспиваат со татко/баба отколку со мама.
А ниту на месец дена не му менуваше/вте? Сакам да се отарасам од таа обврска. Вчера ич не му менав, па подобро спиеше. Не знам, некогаш си велам да не плаче од тоа, ама можеби јас го малтретирам со пелената и повеќе се возбудува. Денес дури во сабајле му менав, значи 10 часа поминаа. Дефинитивно сакам да престанам со тоа, ама ми е да не му пречи нему. Или па да не го навикнувам така?
Не му менував. Еднаш или два пати имам сменато од кога е роден. Такви и препораки добив, да не му менувам во текот на ноќта затоа што се разладува и се расонува, а и ќе му остане во навика и ќе бара во текот на ноќта да го пресоблекуваш и понатаму. Исто, кога ќе се разбудеше никогаш не го изнесував на светло и не му зборував освен со шшшш за да презаспие.
Мојот до кај месеципол правеше така и престана само. Нема рутина кај бебе што дои, мислам ти можеш да му направиш нешто ама оно тешко дека ќе се води по тоа. Јас во 9 бањам, најдоцна до 10 е заспан, во проладна спална, на затемнето и тивко. Пуштам еже да бучи и цица, до кај 10 најдоцна е заспан, пробав порано ама не сакаше никако, он ме води како да тераме. Го бањам секоја вечер иначе и го масирам со уље. Навечер мењам пелена зошто му е преполна и му пропушта, да ја боцнеш со игла ќе пукне, а и моето е бело и ако не сменам станува црвен. Цица доста па затоа и многу моча. Ај на здравје 39тт, изгорев, изгинав. Едвај дишам. Бев излезена и едно време ми се слоши и го викнав мм да ме земе. Лежам сега пошто ми е неарно, со бруфен испиен, спушти до 37.5 и сега е за нијанса подобро. Ми е страв да заспијам. Бебе е до мене и само цица и спие, не можам да го држам ни да ждригне ни ништо. Мртва гладна сум да станам малку да каснам па да легнам пак до бебе ќе стане за цицање. Среќа излезе од тој скок и добар е иначе што ќе правев не знам.
Препорака за крем за лице на бебе 4++ до сеа бевме со мустела ама откако почнавме надвор да шетаме често лицето и суво и рапаво дали ветре што ја фака..?
Имаш право. Вчера ги оставив на спална, тато кома хрчи а мали ококорен му прави муабет му објаснува нешто
Го опиша моето бебе, од збор до збор све исто.. Незнам трет ли е ,четврт ли е скок.Вака сме 2 недели... Нека проаѓа побрзо..