5ти скок ќе ме шекне. Спие само залепен до мене, никако поинаку. За да спие во креветче морам да стојам до него пола влезена во креветчето за да ми ја гушка раката. Кога се тргнам и по некоја минута сфати дека ме нема, а заспијан е цврсто, се буде со вриштењее на цел глас и се расонува, па пак успивање јово наново. Сега заспа на мојот кревет обратно ама за да ме гледа и јас ако мрднам станува. Од 7ипол до сега стана 11 пати и сега јас си лежам до него едвај пишувам со една рака за тој да ми ја гушка другата. Решив утре го оставам кај мајка ми до недела, па ќе видиме дали ќе ми успее планот. Wish me luck @Doktor F како е кај вас?
Која возраст е? Сум читала многу така, на форумов. Учи нова вештина сега, потоа кога ќе ја совлада, ќе го врати гугањето.
Што е тоа? Не е тоа помеѓу 5ти и 6ти скок? По апликација ми дава дека за 4 дена почнува 5ти, ама веќе 3 дека е вака па мислам дека почнал скокот
Тогаш сфаќа и станува свесно дека можеш да го оставиш и да заминеш, па затоа не сака да се оддели од тебе, се плаши. Инаку да, мислам дека е помеѓу 5 и 6 скок ама не е чудо и порано да се случи, не е сè како по книга.
Може и тоа да е споено со 5ти скок, кој знае. Што и да е се надевам нема да трае долго. 3 дена не сум врзала повеќе од пола саат спиење, претешко е
Моето дење има 3 дремки, две од 30 минути и една 1 час. Таа од 1 час вчера и денес мораше да го презаспивам. Не е сјајно, ама не е страшно вака. Само што јас не можам да спијам преку ден
Исто е и со моето бебе. Ние сме 4+ и според апликација сме 4-ти скок. Термин за породување ми беше на 4.11 Инаку е роден на 28.10 ( ако може некој нека ми провери за сигурно дали сме 4-ти скок или не? )