Девојко, извини, ама морам да ти пишам директно и отворено некои работи што сигурна сум дека многу мајки овде ги мислат, ама се префини да ти пишат и гледаат да ти помогнат на друг начин. А многу се потрудија да ти помогнат стварно, но ти упорно секој ден продолжуваш да ги поставуваш истите прашања. Не ме сфаќај погрешно, апсолутно имаш право на такво нешто на јавен форум, но сметам дека и јас затоа имам право да одговорам. Мислам дека имаш МНОГУ нереални очекувања за своето бебе и сметам дека треба своите желби и реалноста повторно да ги преиспиташ и одмериш. Стотици страни на форумов ги прочита, стотици мајки ги праша за лично искуство со (не)спиење на бебиња, нели до сега најде н.з.с. дека нема две бебиња што се исти и дека секое едно е приказна само за себе? Она пак што им е заедничко на сите е дека, особено како новороденчиња спијат по свое, немаат развиено циркаден ритам (биолошки циклус на спиење на возрасни), телото уште не им лачи мелатонин во адекватни дози (хормон за спиење) како кај возрасните, и до заклучно 3 месеци спијат кога сакаат и како сакаат и дека родителите (особено мајката) се оние што треба да се прилагодат на нив, а не бебињата на ритамот на родителите. Да, сон е апсолутно неопходен да бидеш функционална мајка, ама јас не познавам во моја околина, ниту сум прочитала или слушнала за мајка на мало бебе да била наспана и одморена. Сите се уморни, сите патат на еден или на друг начин. Од прв ден очекуваш (по она што го пишуваш секој ден овде) бебето да ти поврзе 5 саати сон, кога тоа бебе едноставно нема способност и не е научено да поврзува еден циклус на спиење со друг и помеѓу се буди. И не може да врзе 5 саати сон. Да не збориме дека самиот циклус на спиење на бебе е различен од оној на возрасните (бебе поминува многу повеќе време во РЕМ сон, отколку во длабок сон, а и самите фази траат пократко во однос на оние на возрасен), така што нереално е да се очекува тоа бебе да го следи ритамот на спиење на мајката. Особено во првите 3-4 месеци. Значи премало ти е бебето за нешто такво. И иако има бебиња (но тоа се исклучоци, а не правило) што спијат од прв ден, повеќето не спијат и твоиве реакции мене ми се изненадувачки со оглед на тоа што не ти е прво дете, значи веќе имаш искуство. И било кој професионален тренер за спиење да го прашаш, ќе ти каже дека бебињата немаат ред и способност и капацитет особено толку мали да се научат на таков ред (нешто што ти го бараш од првиот ден кога ти е родено бебето, а ако не се лажам, е старо едвај еден месец) и дека возраст на која веќе може да се почне да се размислува за sleep training на бебе кое потешко спие е најрано 4 месеци, не пред тоа. Моето бебе е скоро 6 месеци и сеуште не спие. Ако ти кажам дека во овие шест месеци спијам во просек 3-4 саати во едно деноноќие, дека не сум поврзала (без будење) повеќе од 2 и пол саати сон? Нема што не пробав, и играчка со бел шум (џабе фрлени 60 евра), и уклучен фен, шишенце АД плус на доење пред спиење, креми со етерични масла, Magic Merlin sleepsuit, секојдневна рутина, затемнета просторија, нишкање, пеење успаванки, следење прозори на будност (дење среќа дремките му се ОК, ама ете тоа кај моето не е предуслов да спие без будења навечер), ништо не помага! Едноставно прифатив дека моето бебе е такво и дека ќе му треба помош да научи поубаво да спие, па штом оздрави и прими ревакцина, ќе почнеме sleep training (за програма можам да ти пратам линк во ДМ ако те интересира, не е Dr. Goodnight). Од денот кога е родено навечер се буди на максимум саат и пол до два и само на цицка успева да презаспие, така е научено, а јас не можам да се будам и да заспивам заедно со него, така што останувам без сон. Дополнително, живееме сами во странство, од фамилија немаме никој да ни помогне, ни со него, ни околу домот, мажот ми работи, јас сум сама по цели денови со него, он помага кога е дома и за викенди највеќе што може, и тогаш пробувам да поспијам повеќе иако не секогаш ми успева. Не само што не сум фрустрирана со него, туку сум и среќна дека убаво цица и еве и убаво си јаде густа храна, преблагодарна сум што е јадач и со тоа нема проблем, а за спиењето знам дека нема вечно да е така и ќе се научи, со помош, ама ќе се научи. Не знам дали си свесна дека работиве што ги пишуваш говорат за приоретизирање на сопствените потреби во однос на потребите на новороденче кое не се родило со стекнати навики на возрасен и чии што потреби за сон и храна се различни од оние на возрасен човек и дека потребно е многу време да се научат? Искрено ми е жал зашто очигледно осеќаш фрустрации кон сопственото дете што не спие онака како што ти сакаш, а сиротото не ни може! Друга причина за ова доколку горното е погрешно е дека твоево однесување е некаков "cry for help" и дека за состојбата во која можеби се наоѓаш (постпородилна депресија), ќе побараш помош од психијатар, зашто не сакам да те плашам, ама нетретирана може да доведе до постпородилна психоза што е многу, многу поопасно. Не е страшно да побараш помош и не ни смее веќе да биде табу. Верувај дека не зборам на памет и можам слободно да ти напишам повеќе за ова доколку те интересира. Мораш да расчистиш и да се помириш со некои работи, да најдеш начин да функционираш, да најдеш спокој во други работи (прошетки во природа, играње со децата, гледање серии, сигурно имаш и пријателки со кои што можеш да излезеш на кафе, човече живееш во Охрид ако не се лажам, па други жени "ќе убијат" да се таму со бебиња кај што си ти), сѐ што може бар малку да те отргне од форуми, соби за чет и слични работи. Вака се измачуваш, а верувај ми и дека и бебето колку и да е мало, и те како ја осеќа твојата нервоза и фрустрации со него.
Mom shaming much? Јас ја разбирам. Темава ми беше и мене издувен вентил. Не дека нашите очекувања се еднакви со реалноста. И јас очекував дека со бебе е тешко, ама не до волку. И сум се фрустрирала и сум викнала. Недостаток на сон е заебана работа. Остај ја да се чувствува како што чувствува. Единствено се сложувам ако има толку голема мака да си посети психијатар. Не додавајте сол на рана. Не ти се допаѓа, не ја читај. Остави ја да се олесни. На некој и тоа му е доволно за да го проживее денот. Поздрав и не се карајте за глупости, бидете поддршка затоа што сите тука знаеме како е.
Здраво мамички, ме интересира дали некој се соочил со ваков проблем и зошто може да е така, детето мое е 3 месеци и свекрва кога дојде и сака да го земе тоа почнува да вреска и плаче не може да се запре, го земам и веднаш се смирува (секој ден истата песна), а многу е мало да разбира и да бира кај кого да оди во други лица не прави така.
Ти да бидеш малку понежна не ќе е лошо. И што ако и е второ, трето? И мене за второ па ми идеше да се лупам во ѕид особено на почетокот. Се одвикнав од се, голема разлика ми се децата. Ама кога ќе прочитам од жени осуди коса ми се крева.
Не, напротив, се обидувам да ѝ помогнам да го лоцира проблемот, за да не се измачува во недоглед и да проба да си помогне, пошто проблем е очигледно дека постои. Нека пишува колку сака ако ѝ олеснува, ама мене ми се чини дека не е баш така.
Што користите за бебешки акни? Не бели, туку баш онакви менструални бубулици, црвени. Знам се чистат сами и се од хормони во бременост, ама некое побрзо решение нема ли?? Цела е црвена дури и накај вратчето има.
Те разбирам и убаво имаш објаснето зошто се случува тоа што се случува. Само првиот пасус ти е непотребен. Него, како да реагирам јас пак на свекрва која што само коментира нешто? Како бебево да нема мајка да се грижи за него. Врвот беше, збори со маж ми, и вика само еден пар чорапи има бебето? Не му облакате 2 пара? Кој облака два пара чорапи Дома ни е 22 степени. Не ни гази на под, а имаме подно греење. Настрана ред други работи што само ги коментира и ме споредува со секој. Како да се исклучам и да не слушам, затоа што само ќе се изнервирам?
Да, има две острици истиот нож Вака, кога ќе размислам имаш право и некои работи звучат подиректно од она што ми беше намената. Се извинувам чим така. Да не биде на долго и широко, но подолго време се соочувам со слични состојби (постопородилна депресија и анксиозност), а нејзиното ми има многу од моите red flags. Дај боже да грешам и дај боже само од себе да се подобри.
Може да е до енергијата или осеќа некоја тензија? Бебињата најмногу осеќаат такви работи. Да не и е чуден пристапот, да не е нервозна, напната? Бебињата сакаат смирени луѓе
Јас не го доживеав како осуда. Напротив, целиот пост е полн со насоки и објаснувања и сугестии. Што може а и не мора да бидат прифатени. Искрено и мене ми падна во очи опсесивното прашување за туѓи бебиња како спиеле секој ден и нетрпеливоста кон целата ситуација. Да не зборам во 3 лице, ќе те тагнам @elenaklasik. Те паметам од темите за подршка за оние што сакаат да останат бремени. Знам што све не проба и колку се трудеше да го добиеш ова дете. Сега е тука, колку и да е тешко и колку и да ти го сменил животот и колку и да ти треба сон, мораш да ја прифатиш ситуацијата каква што е. Наместо да се опседнуваш туѓи деца колку спиеле, кога спиеле пробај да поработиш на себе да заспиваш кога и тоа спие. Седењето на форум и читање само ти прави дополнителен стрес и хаос во главата. Ова ти го зборам од лично искуство. Има периоди кога децата ми растат а ја не уживам во нив зашто главата ми е полна со грижи за работи што не се случиле. После се каам за тоа, па дополнително стрес си стварам. Исто како тебе пред децата не знаев да заспијам пред 12, се убедував дека не можам ама реално не се ни обидував, дремев на телефон, се опседнуав со нивниот развој, дали прават се што треба, дали каснат со нешто. Уморот си го зема данокот. После почнав да легнувам одма штом заспиваа. Едвај чекав да дојде тој момент. И тие два саати или три пред да се разбудат прв пат многу ми сменија. Се осеќав поодморена, со поише нерви за да се справам со неизвесноста и грижите и нивните будења и плачења. Знам дека си свесна дека хормоните ти се пуштени на најјако, ама муабети дека се каеш за бебето, дека се нервираш и го грабнуваш кога неќе да спие од страна личат загрижувачки. Нависитна ти е потребно да се рестартираш, најди начин, прошетај, пушти серија место форум па ако не помага и разговор со психолог може да ти помогне.
Ти благодарам на директноста. Им благодарам и на другите за финоста. Лоциран ми е проблемот. Тоа е една монотонија, една обземеност од досада поради правење на едни исти работи поврзани со бебето. Да, се осеќам затапено и замаено. Понекогаш и како да сум издишана, ама добро тоа е повеќе ради дијастазот. Не се срамам да кажам, мене овој првичен период ми е напорен, па и пет деца да имам, секое е засебно и пак и пак би се тресела. Не е депресија, туку како што реков чувство на повторувачки дејства, како влезена во вртлог. И мислам дека многу така се осеќаме, и мора да комуницираме. Да, на форумов окапав, цело време прашувам, се трудам да се испикам низ периодов, да го турнам и како низ нуркање да излезам на површина и на чистина. Имам плус мисли и за првото дете, комбинации да ги правам, да средам мисли, домов, функционирање, плус сакам да имам под контрола повеќе нешта и згора на сѐ анксиозност некоја, и си го прават овој ефект кај мене. Не ми е ова од сега, имав знаци и од порано. Во право си дека џабе прашувам наоколу, секое бебе е свое. Тоа и си го мислев. Ама до толку се закачив на форумов, а сепак истите теми и муабети, што некој период ќе се исклучам. Мислам дека добро ќе ми дојде. Ми е една занимација, средство на комуникација со други мајки, релаксација особено во ноќни сати за кое не треба многу да го замарам мојот ненаспан мозок, ама пак, сепак, мора малку пауза. Скраја каква психоза! Духот ми е силен, ќе си издржам, ќе изгурам, а може и ќе се јавам на психолог, чисто за разговор за насоки.
Соблечи му ги чорапите пред неа. Ќе реле леле снаава полудела детево босо го чува. После среќна ќе биде кога ќе го види со еден пар Од искуство ова
Уште од самата помисла и одлука дека сакате да станете родители, требало да ви биде јасно какви очекувања треба да имате. Небитно дали имате предзнаења или не. Значи, тие предизвици ( јас не ги нарекувам тешкотии, затоа што благослов е да имаш дете и ношто не ми е тешко) не траат само неколку месеци, години, траат цел живот. Почетокот е најсладок јас би рекла. Еве сега со едниот од 9год го мислам дури е во школо, оди/си доаѓа сам, излегува на улици сам, оди на тренинзи. Па ти кажува дека го боли глава( читај! Те вади од памет)проблеми на школо... Подоцна ќе почнат да излегуваат, да наоѓаат разни друштва , возат автомобили... И да не набројувам. На крај, пак доаѓаме до она... РОДИТЕЛ. Родителот секогаш ќе има грижи за детето, дури и кога истото ќе создаде своја фамилија. Точно дека некогаш и ќе се пожалиме, ќе си поплачеме, ама тоа е, мајки сме. Затоа, гушкајте бебиња, радувајте се на секој момент, зошто бргу поминува верувајте.
Првиот пост звучи осудувачки. Да ти кажам, јас потполно ја разбирам членката, бебе, плус поголемо дете што си бара внимание, неспиена, но не треба да гледа од други бебиња зашто секое си е засебен случај. Испаничена е, може и анксиозност е, и затоа е потребно посета на психолог или на психијатар зашто секоја состојба што трае повеќе од две недели бара стручна помош.
Три пати по 3мл, на 8 саати одприлика, не секогаш точно зошто некогаш спие, некогаш цицаме и сл. Можеш и два пати по 5мл ама мене пологично ми беше ова да и давам почесто да делува, не знам на своја рака ми е
Ја разбирам и јас. Поминав нешто слично, 3 месеци се осеќав како на лента, стани смени пелени, дај да цицаат, дај млеко, успиј ги, нишкај ги. Се осеќав како да сум на работа а не свои деца да гледам. Не се ова работи што со гордост ги споделувам. Нит па верувам дека има мајка што некогаш барем на секунда не се осетила така. Мене ми помага некој да ме ишамара со tough love и да ми каже директно. Кај мене помогна спиењето кога и они спијат и трагањето од прекумерно читање. Тек кога наполнија 3 месеци кога почнаа да осознаваат, да се смеат да фаќаат играчки почнав да уживам во мајчинството и се поврзав со нив. Кога ќе ми текне каква бев како робот, не знаев ни да им зборам ни што да им зборам. Сега гласните жици ми се оштетија од постојано пеење, зборење, урлање само да ги држам анимирани. И сега знам да влезам во таков вртлог и да ме обземе и монотонија и анксиозност. Некогаш се невозможни, плачат они, плачам и јас со нив. Ама знам дека ќе помине, дали за година две или три ќе се средат работоте. Ќе дојдат нови грижи. Јебига. Тоа е дефиницијата на мајка.
@Alexandrite Ke se slozam so @ladystardust Nikoj ne ja osuduva, site pomagame so komentari, koj javno koj vo lp, ama se so napisala lejdi e na mesto. @elenaklasik ti stojam na raspolaganje vo lp i vo zivo koga ke imas potreba.
Ама никој не ја осуди ниту имаше таква намера, членката само и даде совети и и укажа дека сите го врвиме истото, само беше директна. И да, бидете среќни сите кои што имате во близина кој да ви помогне. Ниту моите, ниту родителите на сопругот не се во ист град со нас, на почеток имав само две недело помош, а после бев сама, маж на работа, јас сама со бебе... Премногу ќе ми значеше бар еден ден во неделата еден ручек да ми донесе некој или да ми го почува бебето бар на 30 минути. Маж ми работи до 17ч после продолжува од дома со онлајн работа и сепак ми помага ама не е исто да ти се родителите тука и да можеш во секое време да дигнеш телефон и да ги повикаш на помош. И мислам дека ова е една од причините зошто @ladystardust беше толку директна. Anyways, човек на сè се навикнува и во сè ќе најде убавина, ќе мине време, бебе ќе потпорасне, ќе се организираш и пак ќе уживаш како порано, само што сега ќе ти биде уште поубаво со мало богатство до себе
Ne e resenie ni toa, ke odi po nea i ke mu gi oblekuva na sekoe. Mojata samo ja vitka so kebinja zasto ikala mnogu, i studelo fala mu na Gospod barem za vikendi si odi, moram care da najdam da ide samo 2-3 dena zasto ne se izdrzuva zenata.