1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.150
    Допаѓања:
    1.050
    И со моето е исто, со некои е добар, од други плаче. Сигурно разбира, препознава или пак осеќа енергија, барем јас така си го сфатив тоа. Мислам дека е период и ке помине.
     
    На Rtulka и GirlWithACat им се допаѓа ова.
  2. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Моите и неговите се во ист град но јас немам никаква помош, едноставно знам дека е тешко но немам потреба некој дополнително да ми соли памет. Мајками само ме прашува пустата дали треба нешто со сите пријателки што зборувала ја направиле НЕ баба, што не доаѓа да готви и да преспива. Да, доаѓа мајка ми да испиеме кафе и да го види малиот но не ми треба ништо повеќе. За сопругот... он помага околу домот и го пази додека да отспијам попладне кога ќе се врати од работа.
     
    На Rtulka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Па некогаш многу значи и кафе да дојде да испиете, особено на почеток. Друго е да си комплетно сам дома со бебе на сам почеток кога уште е свежо и се привикнуваш на новата ситуација.
     
    На Kom.pot, Freckles., LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. pilence23

    pilence23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2017
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да ми каже како се дозираат colief. Прво цица па после давам Ад дохрана, кога да ги дадам капките може ли со дохраната за да не се одмолзувам прво, и дали има врска количината на Ад со колку капки треба да дадам?
     
    На Rtulka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MyMala

    MyMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    2.383
    Пол:
    Женски
    Mustela cleasing water i posle la roche lipikar baume apM
     
    На gothchick, Anika55 и Rtulka им се допаѓа ова.
  6. Rtulka

    Rtulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2020
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    2.918
    Пол:
    Женски
    Моето на 2ч стануваше до крај на 2м нема сон на почеток
     
  7. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.150
    Допаѓања:
    1.050
    Моето сега на 4 мес. почна да не станува толку често, претходно на 2 часа
     
    На Rtulka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Rtulka

    Rtulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2020
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    2.918
    Пол:
    Женски
    Научи се на игнор да ја ставаш, не те засегаат нејзини коментари и точка, твое бебе твои правила,ако сака на син и нек му облече 2 пара чорапи :D
     
    На Alexandrite му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.415
    Допаѓања:
    74.229
    Пол:
    Женски
    Јас давам инфакол и нрс харви комбинирано. Не цело време, на периоди. Инфакол доста ја подобрија ситуацијата ама пак има денови кога многу плаче, па уфрлам и од сирупот. Давам со знаење на педијатар. Инфакол општо ни ги намалија тегобите и плачењето, а сирупот помага ама некако само моментално. Буквално кога ќе го дадам многу гасови исфрла, а многу му помага и со какање. Обавезно кака после сируп. Давам два пати во 24 часа по 5 мл.
     
    На najjacha му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.460
    Допаѓања:
    2.273
    Пол:
    Женски
    Реагирај со време. Ако не превземеш нешто, за се ќе ти се меша понатака.

    Свекрва ми додека не се роди малиот си седеше на дистанца. Гледање еднаш месечно и за празници. На телефон за честитки само се слушавме. Една фина, пријатна, модерна жена, за мерак свекрва.
    Е откако се роди бебето, друга приказна. И се активира свекрвинство изгледа. Коментари колку сакаш. За бањање, за повој, за козметика, за доење, за облекување, за спиење, за шетање итн. Само јас веднаш контра удирам и си свиркам по мое :) Немав/м намера да се нервирам.
     
    На Splendor., Freckles. и Rtulka им се допаѓа ова.
  11. easterbunny123

    easterbunny123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2022
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Нема врска количината. Ако доиш па даваш АД, спреми го млекото пред доење, бидејќи колиеф треба да отстојат половина час за да се активираат. 4 капки во оброк се ставаат. Јас за навечер си подготвував АД во фрижидер и во тие шишенца ставав по 2 капки (за да не чекам половина час). После само го подгревав во ѓезве со топла вода. Шишињата што стојат во фрижидер со колиеф, не треба да бидат повеќе од 12 часа.
    Ние пробавме и други капки, ColiPrev кои не мора да се чекаат, меѓутоа за жал немаа ефект кај ќерка ми.
     
    На pilence23 и Rtulka им се допаѓа ова.
  12. Pipismel

    Pipismel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Во упатството пишува 15 мин. Јас го припремав млекото па одев да го преслечам и му ги давав. Ама кај мене немаа ефект ги пробав и тие другите среќа снемав и ми требаше два дена за да купам нови, додека немав приметив дека има помалку грчеви и каката му стана жолта предходно беше зелена
     
  13. Rtulka

    Rtulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2020
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    2.918
    Пол:
    Женски
    Како јас да пишував, лелеее иста човече, само се зајебала ја нит трпам, нит ќутам....сус мое дете, мои правила....кажав и дека е посесивна баба и дека ме гушат 24/7 да ги дружам пошто ми треба мир, па се љутеше едно време па си легна на брашно. Ајт сиктер таму:whew:
     
    На Erika.greeneyes, Alexandrite, Mandela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.645
    Допаѓања:
    113.686
    Пол:
    Женски
    Мајка со гнојна ангина, бебе среќа само цица и спие, не ме мачи. Батко исто многу умен. Мајка вечерва малку се осети подобра и одма рипна да среди кујна, да зачисти малку. Ама па не можам да трпам да е несредено и не можам. Башка осетив дека ако и кога ми е поарно лежам, тогаш ми е полошо уствари.

    Да се изјаснам на темиве што сте пишувале, јас и пишував одамна на @elenaklasik и жената не се лути, се и е јасно, ама едноставно таков карактер е и тоа е, како рекле србите Колко људи толко ќуди (се мисли на карактер нели). Едино не ми е јасно зошто на ова златно време и сонце и се не изнесува бебе надвор ама нејзино си е. А фино е некогаш некој непознат да те стресе, да ти рече чекај малку, застани, кај леташ... зошто блиските секогаш се малку ко резервирани и не се остри, а вака некој што не те знае односно знае само толку колку што си му кажала... друго е. И јас имав периоди кога едвај чекав ноќ да дојде зошто тогаш спиеше поубаво, после па обратно, чекав да се раздени, и кога ќе видиш времето место во уживање ми помина во чекање, е не може, си решив да си уживам во секој ден со него зошто од големото знам дека првата година, лета. Шетаме, уживаме, буквално праиме спомени секој ден.

    На тема свекрва, мојата е многу фина по тоа прашање, на 40м од мене е ама доаѓа ја еднаш ја ниеднаш неделно, од празник на празник одиме кај неа. Додуша со баткото е поповрзана и него почесто го зема, дури и на спиење, цел викенд, а за бебе уште е резервирана, ваљда не сака да осети баткото дека ја дели љубовта. Пробува да се меша, да наметнува, ја па и праам ќефови, го облакам кога идеме или кога доаѓа, едни калчинки му купила му ги облакам, не ме кошта многу, ама и жената не е досадна. Не, не е идеална, не сум ни јас, ама и сама си кажува, мое е да кажам, твое е да не ме послушаш. И стварно, што фајде ако се скараме, секако не ми е дома по цел ден да се замарам.

    Сеа да прашам и јас, лигите не беа малце покасно, некако многу рано ми почнаа. Скоро 2ипол месеци сме.
     
  15. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.855
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik А зошто ме излегувате надвор на ова убаво време?
    Надвор е пролет.
    Само седење дома убива буквално. Моето кога се роди беше многу ладно и едвај чекав да се разубави време за да излеземе.
    Верувај ми ке се препородиш на воздух и сонце и ти и бебето. Облечи го соодветно, бебе во колица и обавезно надвор на шетање.
    А башка што воздухот е број еден за добар имунитет кај бебиња и деца.
    Почни да шеташ ке видиш разлика огромна и во твоето расположение и кај бебето.


    Друго зошто одбиваш помош? Едвај чекам некој да ми помогне околу било што, секоја помош е добредојдена и благодарна сум им на сите. Користи помош од секој кој се нуди.
     
    На Rtulka и Freckles. им се допаѓа ова.
  16. Dan.ata

    Dan.ata Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2022
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Кај моето бебе, лигавење почна поинтензивно после третиот месец.
     
    На Rtulka и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  17. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    3.273
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik

    Излегувај, мењај рутини мајка, прави нешто ново секој ден, макар и прошетка на нова локација
    Затвореноста дома, монотонијата, мислам дека сите не отепуваат..

    Бебе мое е две недели, ние излегуваме, јас ко нова сум после излегувањето, до кај мајка ми, до кај баба ми на саат два, на лулашки големава ќе си поигра итн
    Јас бев човек што дома не се завртувал, и големава малце ко почна да разбира сами в кола и до кај другарка во соседен град сме оделе дури, си викам едвај чекам и ова да пркне малце, ама кога ќе ми текне дека еднаш се мали и дека на слики од големава уште си потплачувам коа била бебе, не се брзам овој пат толку :$

    Самото седење дома ме убива и мене, хормоните сеуште несредени, ме тера само на плачење...
    Бегај си од вртлогот мајка колку што можеш, ама знај се во свое време, и они ќе пораснат, ох колку брзо само, лета времето.. :(
     
    На Tiny Love, Rtulka и Freckles. им се допаѓа ова.
  18. Freckles.

    Freckles. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    4.832
    Редовно плаче од брат ми и братот на сопругот. И се' си мислам ги осеќа колку нападно идат да ги прифати и да ги сака и ради тоа плаче. Веројатно и кај твоето бебе е така.
    Значи од преголема љубов и желба за играње некако нападно делуваат и на бебо не му се свиѓа.
     
    На Alexandrite, Doktor F, Rtulka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Rtulka

    Rtulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2020
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    2.918
    Пол:
    Женски
    Таман си се мила:D, нас баш тој период ни почнаа и еве уште скоро 8м сме и поплава ос лиги имаме
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Мене мајки ми е страв дека бебево ќе се искриви од во раце држење. Во деновите кога грчвите се појаки нигде не спие освен во раце. Од 4 сабајле се менуваме со татко и.:sweat:
    Завчера беше ваква, вчера помирна и денес пак. До кога ќе траат само се прашувам?
    Не ми е проблем неспиењето, само да нема мака и да не плаче;(
    Давам еспумисан 2 до 3 пати по 25к.
    Тешко и е и да цица кога има грчеви, цицнува па за кратко е гладна па пак бара и така цело време.
    Дали истовремено се вака раздразнети и вашите бебуши кога имаат грчеви?