Кога точно паѓа тој скок кој се збори во 3от месец? Дали кога ќе направи полни 3 месеци(што би рекле влага/го тера 4от месец) или пак додека да направи полни 3 месеци? По табелата на Dr. Goodnight не ми се совпаѓаат неделите, а детево од мирно и расположено ми премина во раздразнето и многу нервозно..
И јас исто сакав да прашам. Дали се смета кога ке влезе во 4ти месец или со полни четири месеци. Моево исто беше многу мирно и си спиеше преку ден. Сега спие само во два наврата по пола сат и е плачливо раздразнето... Си го сакам старото бебе назад, се надевам фаза е само.
Моето беше исто. Цело време се стегапе од грчеви и гасови имапе многу. По препорака на матичната почнав малку да го регулирам редот на цицање, да не давам на 15-30минути и многу се подобри ситуацијата. И тоа прими рота и од неа ме исплашија дека ќе стане полошо, а кај нас за среќа е подобра ситуацијата последниве два дена откако не му давам да цица на 15минути. Гледам да е минимум 1,5-2 часа.
Колку што пресметав на околу 11,5 недели влегуваат во овој скок, значи баш во трети месец(не полни три месеци).
Здраво, да побарам совет од сите што би знаеле, моето бебе ја врте главата само на едната страна (се лути кога ќе му ја свртеме на другата, си ја врти и на другата, но многу слабо) пробавме со перниче му стававме, му ја вртеме кога спие, му зборуваме на другата страна или некогаш играчка ја вретеме кон другата страна, но немавме некој напредок ќе го носеме на ортопед секако, но некој ако имал ваков проблем како го решивте, што друго би можеле да направиме?
Само моево дете ли после шетање се однесува како да не видело јадење? Значи јади, за пола час од тоа излегуваме, пола час, пак и час надвор и кога ќе се прибереме, наместо до 4 часа како што треба, на секои 2,5 часа бара храна. На адаптирано е. Па, се мачиме барем колку толку да помине време до следно хранење. Не знам колку би било функционално во таков случај да ги делам количините. На пример наместо 90 мл на 4 часа, после шетање да речеме 60мл, па по час останатите 30мл. Што пак би ја пиела истата количина само на многу пати поделена.
Бевме вчера да ги примиме првите вакцини на 2 ипол месеци и докторката што го прегледуваше бебе ме праша дали отсекогаш му била толку мала фонтанелата. И навистина забележав дека е намалена доста.. два дена пред тоа на ортопед ништо не ми спомна дека е мала а и матичната го виде на 2 месеци.. сега ми влезе мисла да не се затвора прерано па се мислам дали да одиме во понеделник кај матичната или регуларно на 3 месеци.. некој вакво искуство? Може претерувам, да имаше проблем веројатно ќе кажеше докторката
Дека на адаптирано, да не има мака од пребрзо јадење и преголема количина за нејзината возраст и тежина. А, неколку дена уназад истото се случува кога се шетаме надвор.
Колкаво е бебето? Колку е тешко? Моето кога беше во скок, бараше почесто да јаде. Колку оброци има по 90 т.е 100мл?
I moeto bebe bese isto vo prvite 2-3 meseci Dr Aleksandra ni kaza deka ima lesen tortikolis i da pravimo vezbi 10 pati glavata na edna strana 10 pati na drugata (2-3 pati na den) i ja da mu legnam na taa strana koga spie preku nokj. Brzo se sredi i sega super ja vrti na dvete strani
Примивме рота? Јас кога однесов батко на систематски ми пресмета докторката да го носам бебе во среда сега, ама ме фаќа страв, јас сум со гнојна ангина, он има мака од мојот антибиотик и не знам што да правам искрено. Сега ќе му пишам баш на матичниот да ми даде совет, шубе ми е во сабота ама страв ме фаќа. Може требаше минатата недела да одиме, ама никој ништо ни нема спомнато за вакцина ниту па ни се има јавено.
6-7 генерално се 6. Евентуално ако не ги дојадува тие 6 комплетно може и до 7 да стасаме. Неполни 8 недели е. За тежина не знам точно меѓутоа сигурно нешто над 3.5 кг.
Да се решив да го носам сега. Таа нели се прима од 6 до 12 недела. Прво мислев околу 11 да го носам, ама не ми се ризикуваше да довлечка некој нешто па да ја пропуштиме и се решив сега. Плус сакам да го вратам големиот во градинка. Не беше сјаен хемоглобинот, ама сепак му ги дадоа и таа и поливалентната. Инаку не се јавуваат. За првата вакцина сама одиш во ваквинален пункт, отвораат вакцинален картон преглед, вакцина и закажуваат термин кога да одите за наредна вакцина. Внимавај да не ја пропуштите таа за рота. Сите други може да се одложат, само таа не.
Долг е околу 5 недели трае ама сепак не е кај сите исто изразен. Некои не го ни приметуваат или трае покрако. Кај нас беше пренапорно и предолго, може ќе имате повеќе среќа вие