Ако бара почесто да јаде, можеш да му даваш по помали дози од 60мл т.е 70мл. Преку ден мислам дека е премногу време 4часа бебето да е без јадење.
Ништо не му е и моето а и многу други бебиња на форумов јадат почесто отколку што пишува на кутиите, моето до 2,5м јадеше на 1,5-2ч
Ни нас никој не ни се јави, матичната ни кажа кога да го однесеме. Апсолутно никакви реакции немавме од рота, само еднаш потечна столица и толку. Инаку и јас многу се плашев од ротата бидејќи претходно имавме изразени грчеви ама среќа топ поминавме.
Од кога почнав да давам повеќе дохрана и плус colief капки каката стана зеленикава жолта, нормално ли е ?
Мене уствари патронажната кога ми се јави ми рече кога ќе е 11 недели, ама ми беше шубе да не се издеси нешто, па да ја пропуштиме и затоа решивме порано.
Мојот е на ад, и имаше зелена кака, кога го прекинав колиефот стана жолта. Инаку прима и дополнително железо. Читав дека зелена кака се прави од недостаток на млечни шеќери- лактоза. Кај нас испадна дека е од тоа, исто кога го прекинав колиефот му се намалија грчевите @pilence23
Ima aplikacija Wonder Weeks no se plakja, ima i vo google sliki so sekoj skok koja nedela pocnuva i koga zavrsuva
Па по цело ова лудување, неспиење и нервирање во екот на 4ти скок - mamacita се разболе и тоа баш кога најмногу ми треба сила и енергија за да се справам со бебуш!! Кажувајте што да правам за најбрзо да се опоравам. Се мислев инхалација да правам ама не знам со што, дексазон? вентолин? Хелппппп
Мајки како давате колактаза капки? Бебево не сака цуцла и од шише нема да го испие млекото ако ги растворам така. Дали може после оброк со лажиче да и дадам?