Едно друго прашање ако некој знае да ми одговори. За 40 дена се оди во 3 куќи. Е сега дали 3 куќи после црква одма, или може 2 куќи па дома да дојдеме па попладне уште една? Или пак 3 куќи после црква па дома и после пладне и може и друга?
Денес бев во црква, наредна недела правиме 40 дена па да се информираме што треба, плус и за младенци прашувавме. Попот рече тоа одење по куќи си е индивидуално, нема никакви правила и не е верски туку нели од народот останало, дури ни е речено дека воопшто и не мора. Така да мислам како ви одговара најмногу, така.
Мислам треба три куќи па дома. Ама и ние ќе одиме на три куќи и во третата ќе останиме со спиење, т.е и таа е наша кај родителите на сопругот, ама кај нас дома кај што живееме ќе се вратиме др ден. Е сега нас попот ни рече да одиме за молитва ако јас сум чиста. Јас крварам уште по малку не може да се рече крварење повеќе е жолто. До тогаш уште некој ден и тоа ќе прекине може. Ти крвариш сеуште?
Божеее глупости... значи ако крвариш нема да можеш молитва да земеш?!? Јас до 2 месеци крварев, па зар дотогаш ќе чекав
Ме требало да се бацуваат икони и крстови демек. Јас не крварење и пак прокрварев после црква Нас ни кажаа да не не фати зајдисонце пред да си одиме дома.
@Shekjerna nie od crkva otidovme kaj svekrvami dolu ( ista kukja, razlicen sprat) i prvpat ja nosev tamu. Moite se vo stranstvo a sekade kaj sto mozevme da vlezeme bea bolni ili so sipanici. Bas i jas go prasav popot koga zakazuvav, isto mi rece deka toa e od narodot ostanato i nema vrska so crkvata i verata. @Lina-Detelina
@Lina-Detelina , за крварење не ми кажаа ништо, меѓутоа не крварев јас. После црква бевме во три куќи со тоа што во третата останавме со спиење. Следниот ден се прибравме дома. Од сегашен аспект би одела само во една куќа ради адет и толку. Преголемо малтретирање за бебе е три куќи, црква и толку луѓе да види во ист ден, посебно ако се такви што ги гледа прв пат.
Нормален поп ќе ти каже дека нема врска Имам прашувано баш и таков одговор од повеќе места добив (и од манастири исто, од владици). Измислувања се тоа и за бацување икони и за влегување во црква. Исто е и добиено кога имаш, најнормално може да си одиш во црква. Единствено не треба да се причестуваш. Другото се е ок.
Не сум одела во три куќи ни со првото дете ни со второто. Само кај моите. Немаше шанси да малтретирам бебе од 40 дена, па и плус со второво во време на корона.
Свекрва ми работеше во црква 14 години, продавачка на свеќи. И таму сите попови се со исто мислење, дека молитва се прави кога ќе престане крварењето, не морало да биде на 40ти ден. А за одење на црква можеш само да не бакнуваш икона и да не се причестуваш. Колку е ова стварно христијански појма немам, мене ми е глупо, ама во мојот град е така
Па затоа реков нормален поп, зошто по помалите градови се имам изнаслушано секакви глупости и бабини деветини што немаат врска со црква. Од тоа дека не причестуваат деца ако родителот не постел во петок до ова дека не смееш да влезеш во црква ако крвариш. Од мала сум во црква скоро секоја недела така да знам што зборувам. Никаде нема црковно правило дека жена што крвари (после пораѓај или на добиено) не смее да влезе во црква. Тоа што дел од поповите сами измислуваат работи, е друг муабет. Нејсе, нека прави секој како го води паметот или како му кажале. Јас чисто да кажам мое познавање ако помогне некому.
Јас се молзам во лажичка, ставам капки и давам пред цицање. Во упатството пишува пред секој оброк ама јас давам 2-3 пати
За зајдисонцето знам ама за ова никој ниту ми рекол ниту ништо, а и реално еден куп жени крварат до 40 дена па така не треба да земат молитва воопшто. Од поп до поп, од град до град си измислуваат секакви работи. Колешка од факултет не можеше да се венча во нејзиниот град затоа што беше бремена и попот и рекол дека брак помеѓу тројца не може да се склучи
Пред да го избањам му приметив на двете рачиња по малце црвенило (на 14ти 4 месеци ќе прави) . Што може да е? Намачкав frezyderm малце да го смири црвенилото.
Мајки вие што доите, јадете многу? Се дупнав од јадење. Многу леб ме тера да јадам и срам ми е да кажам колку чоколадо на ден јадам. Постојано нешто пикам во уста. Кога ме цица, како истоштена и прегладнета сум. Стомакот после пораѓај помал ми беше. Гушка сум пуштила, права краветина на поле тупната.
Mislam deka doenjeto mene me oslabe.Jadam poveke od prethodno ali ne mnoogu.Jas sum mnogu zedna koga dojam.