Со описиве си врв! Ми се јаде, ама се контролирам. Би јадела и јас чоколадо, да немам килажа за симнување. Додуша изедов доста околу Нова година од пакетчиња па сега не се осмелувам. Е леб јадам зошто само леб и смеам, се друго грчеви му прави, мислам од манџи, млеко, приметив и сувомеснати му сметаат. Само леб, бордсеве и кашкавал јадам, а тоа не најадува од малце, ќе се натупанам па тешко ми е. Да прашам сега, нормално ли е на 2ипол месеци да се влече ко да лази? Стави го на стомак на мене он се качува по мене, ако го оставам до горе ќе се качи со нозете. Таму тајм завршува стандард со муцето во подлога, газот у вис. Легни го да го преслечеш ако е до тебе блиску се одбива и иде нагоре. Мал ми е некако за тоа, многу брза. Брат му на 2ипол месеци уште спиеше по цели денови, ова брза да порасне. Глава држи цврсто сам, мака нема, се врти кај што ќе тропне, чукне, се го интересира, се да види, па со тоа очињата како одговара мислиш сеа ќе ти прозбори, он гуга и со очите ти одговара, се смее на глас.
Не да јадам, не сум застаната..Ако не јадам оброк мезам нешто грицкам, бутам во уста и трчам зошто мајкина не може да дише без мене… Маж ќе дојде ручаме, е тогаш не се брзам си јадам пола саат, до вечерта благце, кафе.. Па ке ми текне у 10 не сум вечерана
Најверојатно е нормално, ние за некој ден два месеци ќе правиме, а веќе истото го правиме Нели бебињата не мрдаат, ја за спиење во една позиција ја оставам во друга ја наоѓам..живец Напредни деца А да те прашам како сте со лигичките? Некако почна да ми се лигави многу, не е рано?!
Малово во последнава недела дена си легнува во девет и спие до три сат преку ноќ, а потоа се буди на два сата, за да конечно стане околу 10. Претходно си спиеше до 7, 8 без будење воопшто. Инаку 15+ недела е. До што може да е, гладно е или е до тој 4ти скок што го кажувате?
И тоа како јадам хахаха, многу калории се троши со доењето така се тешам и си ставам одма нешто во уста хахаха
До скокот е. И моето спиеше без проблем, сега почна после 2 саатот ноќта на секој саат и пол да се буди. Дај Боже со толку само да помонеме. Ама што е со звуциве во 4ти скок? Вика, пушта крици ко во ЗОО да сме
Мојов е 32 недела роден од месец го прави истото ползи по мене, не е за сам да го оставиш шета, се врти. Сите ми викаа бебе е кај ќе го оставиш таму ќе го најдеш...Лажат..... а за смеење малку е страшен ко мањак се смее и мрда со едната веѓа.
Арно викаа зимско бебе не значи дека ќе биде зимурливо... Соблечи го гол ќеиф е целиот, облечи го пишти вришти, гол да е душа негова. Имаме малку криза вчера и денес, за во раце, за гушкање, за мама... Ииии денес прва крвна слика, има да бидат плачки до зајдување, ама ајде, ќе видиме. У среда вакцина ако се е во ред. Душа ми се тресе, и од кс и од вакцина.
И јас така мислев ама воопшто не заплака. Во Авицена се превнимателни и одлично поминавме. Инаку, не знам каде ќе го носиш за кс ама прашај си дали имаат референтни вредности за бебе. Прво го однесов во Синлаб и ми пратија референтни за возрасен, немале за бебе па резултатите беа со отстапки. Во Авицена те прашуваат колкаво е бебето затоа што имаат референтни од 0-3 месеци, па 3-6 итн. Ти кажувам чисто да не направиш збунка ко мене
Хахаха леле звуциве да.. значи изгледа и ние сме 4ти скок не 3ти. 3 месеци и 11 дена е точно. Ако може некој да ми пресмета на апликацијата до кога ќе трае ова. Термин 10.12.22 родена е на 02.12.22. Значи протестира да цица недела две. Ќенкава,плачлива. Преку ден не спие повише од 10 минути. Сака само во раце и само свртена напред да гледа све. Ако ја свртиш накај тебе, или ако се згрешиш да ја легнеш плаче,урла... Плус ова со цицањево што протестира се мислам да не е зошто е еве денеска добив. Сум читала дека кога имаш добиено се мења вкусот на млекото. Дали е точно? Не можеше да ме поштеди уште некој месец
Менува вкус кога ќе добиеш, да. Јас добив кога имаше 2 и пол месеци малиот ама немавме проблем. Сега кога влезе во скок вришти кога ќе го ставам на града како да го колам, освен ноќно време, е тогаш си бара цице. Инаку напиши на Google The wonder weeks calculator и ќе го внесеш терминот, а не датата на раѓање и ќе ти пресмета дали сте во скок ама јас мислам дека сте во 3 скок и тој скок е еден од најкратките, околу една недела трае, за разлика од 4ти кој трае скоро 5 недели
Ајде нека проаѓа побрзо пак да си спие до сабајле. Он презаспива без проблем ама после три се буди на два сата. И денски не сака да спие, а си спиеше претходно. Дај боже вака да поминеме само, се трпи вака.
Ние денес прв пат на педијатар поради кашлица. Грлото е црвено, полн шлајм. Побарав брис, да не закачил стрептокока од дадата, рече бебиња не фаќаат стрептококи, не даде брис. Крвна слика научна фантастика и така ќе поминело само од себе. Вчера прв пат заплака детево во 11 недели. Му дадов саб симплекс, си реков да не доби колики, меше да го боли. Докторката рече грло сигурно го болело, тек сега не се појавуваат грчеви мешето. Ај барем се изнапрде и изнакака од капките
Мајки сакам да прашам за ваква подлога и прекривка дали се потребни? дали би било поудобно на бебе? сакам да порачам ама незнам колку се искористливи, посебно за подлогата ме интересира? и каде ги има во мк по прифатлива цена?
Вакви додатоци не се безбедни. Во транспортер не треба да има никаков додаток што не е од самиот производител. А прекривката исто не ти треба, треба бебето да биде отворено, да го гледаш.