Јас на мојот транспортер направив дупчиња на една тетра, таа е тенка не смета а ја врши намената хигиенски да може почесто да се преперува. Во поглед на прекривката исто една тетра само кога одиме на лекар и во лифт инаку нема потреба.
Кога како.. не плаче туку само кенка и се витка цел. Преку ден како да е полошо и слабо ми спие од што се грчи само Иначе да секој ден давам.. кога ќе стане од спиење заедно со пробиотик, некаде на пладне и пред спиење
И мене ми беше чуден Марио да не е и он поткачен со бактерија, ама кс ок е. Како мисли докторката не фаќаат, стрептококата шета и вика Аааа бебе, тука не влагам Што нема на тие вашите да им текне, да им се чудиш. Марио има чиста крвна слика, само тромбоцити покачени малку, којзнае дали се бројките за бебе. Апсолутно непотребни работи, она гнездоно можеби е потреба, иако не е безбедно, ама ова ај што не е безбедно туку и пари фрлени за џабе. Под прекривката ќе стане 500 степени, на бебе мозокот ќе му се спржи, скоро секој транспортер си има анатомски безбедни навлаки, ова не ти треба, со ова ризикуваш да ја нарушиш безбедноста на бебето.
Исправи го или дај му да цица Мада не престанува моментално, не знам дали ова помага или само од себе прекинува
Дали се чувствувате променето на полошо после пораѓај? Се ми смета, се чувствувам незадоволно, хистерично, не трпам луѓе. Се има зошто, но сакам да се вратам старата јас, иста како сега, но поблага верзија. Или едноставно имањето на деца те променува за секогаш? Во ништо не уживам, се правам веднаш и одма, затоа што некој друг сега ми диригира со животот. А немам срце да оставам да поплаче. Моево не ни знае да плаче, директно заоѓа, се гуши, менува боја. Си немам ни 5 минути посветено на себе. Излегувам до продавница цели 15 минути и толку имам време сама со своите мисли. Како да чувствувам грижа на совест да го подоставам бебе, макар на таткото, морам да бидам 24-7 покрај него. Зошто само ние мајките се чувствуваме така?
Мајки дали сте давале нешто за тивок рефлукс кај бебиња. Мојот е 2 месеци, не повраќа ама едвај подригнува и цело време ика и му се враќа млекото како да се гуши. На комбинирана исхрана сме, дохраната му е со Медела Калма цуцла. Го држам исправен после секое јадење и до 30мин...ама не му помага. Дали има некој лек фармацевтски да му намали? Многу е нервозен и нон стоп плаче
Постави перница каде што спие да лежи под агол од 45 степени. еве докторката објаснува точно како треба. (9 минута) Нас од болница ни рекоа така да лежи и немам проблем со враќање на млеко
Внука ми кога имаше 3 месеци фати стрептокока од постарата сестра, во нос ја имаше. Така што се фаќа, но тогаш освен затнато носе немаше ништо и пројде без никаква терапија.
Исто, исто, исто. До хормоните е и до година дена ќе беснеат. Плачење секој ден, се борам да ја прифатам новата реалност и секојдневие, а постојано ми навираат спомени од животот пред бебето, колку бевме слободни да правиме што сакаме. Си треба време. Инаку, јас гледам често да излегувам и да ја оставам на 1-2 часа со некој друг, татко или баба, за да избистрам малку глава и да не се приврзува само за мене.
Ооо да, многу е голема разликата кога немав бебе и сега. Многу е чудно, дури и маж ми да го чува додека сме дома за јас да одморам, јас не сум мирна, ко на трња да седам и само чекам да го земам пак, а уморна сум... На почетокот уште потешко ми беше, не сакав ни да излезам од дома, сега почнав малку да се опуштам, почнав да правам работи за себе, а бебе го оставам со маж ми, не често ама сепак направив чекор напред... е сега дури и да излезам нонстоп сум на телефон, прашувам како е бебуш и барам слики за да се уверам дека е добар Веројатно, никогаш веќе нема да биде како порано ама како минува времето мислам дека ќе биде се подобро...
Мене ми е второ па го правам ова, и тоа со првото не престанав никогаш, ни откако опркна, порасна, едино кога не се јавив 2 дена беше кога почина татко ми, бев во бунило и 2 дена не се јавив да прашам како е, кога ме стегна реалноста и сфатив дека не сум се чула 2 дена се јавив и дете беше супер. Ова тешко дека некому ќе го оставам, многу е врзан за мене, лепенка. Сега на 2ипол месеци почна да попушта со татко му, ама треба да е нацицан, смирен, се намирен па така. Ни во соба да сум друг да го држи не бива, да е залепен за мене само.
Здраво дали ова ви личи повеќе на атопичен дерматит или алергиска реакција? И на 1 месец исто имаше вака земав колекција на биодерма. Сликата во зелените пижамчиња е од 1 месец,сега има 4 месеци. Утре и така ќе го носам на контрола кај педијатарот негов ама сакав да слушнам мислења фала однапред Иначе и пишав и на вибер она мисли нешто реакција од антибиотикот што го примаше ама и кажав дека и на 1 месец исто имаше вака.. На кдб добивме совет да не го бањаме често и да користиме колекцијата на биодерма.
Да не е премногу затоплено бебе. На допир сува е кожичката или? Мене ми личи дека му е топло и затоа реагира.
Да сува е.. Климата ни е дома на 20 степени и лесно е облечен, на 1 месец кога му се појави вака на кдб ни рекоа дека се работи за атопичен дерматит да не го бањаме многу често и да ја користиме колекцијата на биодерма истото и Којиќ ми го потврди во вфв. Ама педијатарот негов мисли дека е нешто од атб.. Затоа и побарав мислење
Нас само Ла Рош Липикар за атопичен дерматит ни помогна а исто има добро дејство и Уриаж тие две се медицински колекции за таа намена.