Каков товар бе, тој низ врата влегува јас го чекам во ходник - еве, ова е твое. Посебно ко ќе ми ги спои притисоците и ми требаат барем 10 минути сама да седнам да се смирам
Мајки, каква крема користите за пеленска регија? Почна да ми се вцрвенува ваш на свивките на ножињата, користам веледа ама не помага..памперс менувам на 2 часа и плус секоја вечер го измивам во пеленската регија..прв пат ми се врцвенува вака..благодарам
Нееее, далеку од тоа дека не му го оставам Го чува и апсолутно се знае да прави сам, освен ранење до кашичи Јас имам чувство дека за детето сум одговорна единствено јас. Кога ќе го прашам за нешто во врска со нашево дете вика како што ќе кажеш ти, ти одлучуваш, ти си мајката. Некогаш и сама си помислувам “ете затоа ми е такво чувството”
И кај нас јас за се одлучувам, од јадење до лекови,суплементи. Само ми доаѓа со некои фикс идеи некој колега или на колегата братучед ова давал на детето, она давал на детето. Еднаш ме праша "а што ти вика мајчинскиот инстинкт" викам а тоа збори???
Мислам себе се читам.. баш вчера со мм тоа зборев дека се чуствувам преуморно, изтоштено, депресивно и плус се чувствувам неблагодарно оти вака се чувстувам.. немам време ни 5 минутки за себе да си посветам, не се осеќам убаво напротив се осеќам грозно, одбивно и такви мисли ми доаѓаат што мислам дека и мм ме гледа така (на што он негира и ми вели дека уште поубава сум била за да ме смири нели ). Со него почнавме се почесто да имаме кавги, не знам дали е и кај вас така, ама тој е на работа од 8-16 и јас едвај го чекам да си дојде а кога ќе си дојде ме нервира не, стварно има моменти кога тој ми фали, кога ми фали времето кога бевме сами двајцата и бевме слободни и имавме време еден за друг, сега кажи-речи секој разговор ни се води за бебето: какаше ли? гладна ли е? колку спиеше денеска? да видиш прееска што направи… Еве сега се вративме од месечна контрола и матичната ми рече бебето ни било изгладнето а како прво мислам и дека не ја мери како што треба бидејќи вагата и исклучи сред мерење па пак ја оклучи па ја чукаше а бебуш цело време плачеше, не беше баш расположена денес и цело време мрдаше на вагата, и вика 6600 а пред месец беше 6150, и ми вика гладно е бебето мора да го дохрануваш, и сега ЈАС чувствувам вина дека моето млеко не е хранливо и заради тоа детето ми плаче цела вечер, и рече по 60гр на оброк да и даваме..
Фризи дерм и јас ја користам, башка огромна туба е и мислам дека друга нема да купам ич, од истата и на лице ставам. А да носиш бебе на второ мислење некаде? Имаш некој друг доктор од доверба, или пак да пробаш да измериш дома. Ние мериме и дома, во транспортер и со кантарче дигитално, а можеш и да застанеш ти на вага да се измериш па да застанеш сосе бебе и разликата е бебето. Моето не напредуваше убаво па докторот никогаш не ми рече така, секогаш оставаше ден два недела да пробаме да направиме нешто да смениме па да се мериме пак. Вакцина денес, душа ме здоболе кога писна. А каков беше весел на прегледот, ќефои. Имаше стажантки и го закачаа, овој им гуга, им се смее, им ги фаќа стетоскопите, Леле што е мирнично, вика едната, ооо изглед вара си мислам у себе, ама ај. Еве го сега спие. Ме зеза матичниот дека ова второ не сме толку модерни со него, со првото се вакциниравме дури на 3г. Се надевам нека да имаме некоја јака реакција ни од ротата ни од хексата.
Јас кога беше еден месец почна да се вцрвенува и да се лупи кожата и сменив од веледа на фрези дерм по долго убедување на аптекарката дека е супер. После некое време видов дека не е до кремата и се обновуваше кожата и се вратив на веледа, не се повтори. Пробај со фрези дерм не е воопшто скапа, јас инаку тргнав тогаш по судокрем ама и ова помогна. (И двете имаат цинк)
Користам оригинална павловичева маст. Штом е веќе зацрвенето, бришење со памучна крпа или блазиници од вата, натопени во млака вода, не со влажни марамчиња. Оставајте го за кратко голо бебето, неколку минути без памперс.
Денес примивме рота и хекса, откако сме дојдени од 12 саат он цело време спие, без престан. Го разбудив сега да цица и продолжи. Страв ме фаќа.
Бебе е скоро 5 месеци, последниве денови денски спие само во раце, ако ја спуштиме се буди одма и плачлива е многу после, па најчесто ја држам само за да поспие. Сте имале ли слично искуство, дали може да е од заби (сите други симптоми ги има) или регресија.. ноќе исто правеше ама овие денови се среди колку толку, спие пак во креветче, на 2,3 саати цица и продолжува
Сметам дека е нормално, потребен му е одмор, сепак примањето вакцина е стресна состојба за бебето и неговиот организам.
Секакви креми пробав, но Bademova krema za deca na Farmamed е најефикасна, исто ни помага кога бебчето има црвенило и на друго место од телото ( на обравчињата, позади колената и сл.) Сега ја користиме за секојдневна нега.
Пред вакцина дали истиот ден правите крвна слика, или некој ден претходно? Сеуште имаме време пред примање на рота, меѓутоа да знам, да сум спремна. Друга тематика, за таткото. Кај мене тек сега се опушти да останува сам со бебе, пола час, час. Со тоа што јас не сум опуштена и гледам пред било што да правам да договарам или правам кога бебе веќе е најадено, заспано итн. Најјако ми беше на почеток, кога мојов сопруг бараше од мене дозвола дури и да го крени бебето в раце. На пример јас спремам храна, тоа почнува да плачи и го слушам кај што вика, " А, сега да ја кренам, можи така?" Ептен се чувствував како некој џелат