Читав наназад дека кај повеќето пробиотик Биогаја прави запек, откако му ги давам само пролив има, не ми стои некако логично. Исто да прашам, искуства со зелена кака. Четири недели има бебето, педијатарот ни кажа дека може да значи дека е гладно, ама цел ден цица, потоа и убаво си отспива, веројатно ако е гладно ќе плаче, а мирно е.
Се прашувам само уште колку епизоди плачење ме чекаат до 11, 12 часот додека заспиеме.. Секоја вечер 5, 6 часот плачењето е на најјако, а и по цел ден си кенколиме. Дали и кај вас грчевите вака се манифестираат? Само дај Боже барем ноќите да ги спиеме како претходниве неколку. Не дека не се случувало и ноќе да дежурамее.. така повеќе ме фаќа паника, не знам зошто дали дека сите спијат.. Офф мајки тешко е. Кога ли ќе потпораснат..
Секогаш правам крвна слика дента или најрано претходниот ден. Не дека и тоа е гаранција, ама подолго од тоа според мене нема логика.
За рота јас одлучувам кога ќе ја однесам да ја прими до 12 недела? Или мора заедно со хексата? И кога е хексата на 2.5 месеци?
Тотално ме опиша мене. Јас сум променета и на подобро и на полошо. Ќерка ми разбуди две страни во мене. Јас бев таа што никогаш на ниедно бебе не му зборев ни па си играв ни па погледнував деца едноставно не знаев како со нив а и не ме ни интересираа. искрено ни бебињата мене не ме сакаа бегаа од мене. А сега со ќерка ми сум дечар невиден. Не можам да се препознаам. Моите се чудат кога ме гледаат со неа како се понашам. А другата страна е што станав тотална кучка незадоволна од ништо. Се ми смета и ме нервира. На се и секого наоѓам маана. На сопругот на глава му се качувам, како хиена му ја изедов душата. Друг да беше до сега ќе ме разведеше. Се надевам ќе се подобрам пошто вака на лош пат сум искрено никого не трпам а и себе не се сакам ваква. И со другото се соглссувам во ништо не уживам. А и не можам разделена да бидам од ќерка ми и не можам да ја слушам да плаче исто одма реагирам.
Do pred 1 nedela istoto so placenjeto bese i kaj mene,ne znaevme so mozi da bidi ima grcevi da ama zaklucivme na kraj deka mlekoto so go pie ne ja zasitva pa sega go smenivme i ne placi poveke inace placenjeto bese histericno...
Вистина И јас бегав од бебиња и мали деца. А за чудо, па они ме сакаат. Веројатно затоа што и јас сум едно големо дете и им го правам филмот. Бевме еднаш на гости со маж ми, кога ми се закачија, ме фати за рака детево, ме однесе во соба и не ми даде да мрднам. Морав да редам коцки 2 саати. А фала богу на маж ми не му текна дека постојам да ме спаси. И си направив една огромна кула од лего коцки, се фасцинирав. Како имам свое бебе, на сите се смешкам. Гледам колку можам да се контролирам, ама не успева секогаш, скоро никогаш. Не можам без него, а не можам и со него. Уште му се жалам дека он е променет, а сиротиот се брани од мене. Ми се излегува од сопствената кожа на моменти, а нема каде да одам. Мислам дека сепак недостаток на сон и тоа што постојано сме во движење и не можеме ништо да направиме, всушност немаме контрола на ништо е извор на целата фрустрација и незадоволство. Сакаме работите да течат како што сме замислиле, а се зависи од едно мало џуџе. Еве сега си се нацица си презаспа, јас ќе подремам малку на мобилен, ако сум среќна ќе презаспијам и јас. Мислам дека појма нема дека не сум на дугме. Кога ќе ми кажат, спиј додека спие бебе. Е спиј де. Ќе издржиме, ќе има ден да поспиеме, ќе има ден да направам нешто во една целина, а не на рати, само тогаш мислам дека ќе ни е криво што брзо прошле деновите.
Мајки бебе има 4 месеци , од кога е роден се мачиме со какање, сега сме на холе козјо и 2 пати измолзено мајчино толку имам. Бебе кака како коза брбаланки буквално на два дена по една и толку, има гасови си тртка и нема некој болки да плаче како кога имаше грчеви ама никако да се олесни убаво, порано имаше запек по 5 дена ама какаше убаво после а сега на 2 дена по една брбаланка. Почнав и по малку чајче пак исто е. Што можан друго да давам ? Едвај чекам да почнеме со храна секој ден сливи ќе му давам хахаха
Ние одкога го сменивме млекото еве до денес точно 2 недели од пред некоја ден почна тешко да кака а сабајлево во памперсот имаше само една брболанка. Сега давам Новалак ак поради преинтезивни грчеви и бејбитол коли капки и пробиотик ваја. И сега ќе почекам уште некоја ден па ако не ќе одам кај матичен. Е стварно незнам како да го погодиме млекото и дали ќе го погодам или ќе чекаме да помине вака како што е. А душичка е и се спие и во сон се буди и се витка и напнува со газето. А и утре сме на вакцина рота и pcv 1 така пишува на поканата дали се работи за хекса вакцината значи утре се 2? Ќе ја тагирам @AngelOfArh да ве прашам како сте денес после вакцина?
Да, до 12та недела кога сакаш можеш да го однесеш за рота, не мора мора во исто време со хексата. Зошто не пробате со Аптамил? Многу полесно е за варење од Новалак.
На нас Новак ни ствараше запек, бебето не ни какаше по 3-4 дена, па затоа го сменивме со Хип комбиотик и почна да кака секој ден.
Јас давав Аптамил 1 и од него беа интезивните грчеви и бљуцкање премногу има изразен рефлукс сега е подобро нема во млазови туки само кога напиња. А хип комбиотик исто ли е за грчеви наменето млеко @Jasmin@
Еве јас ќе ти одговорам. Не е специјално за грчеви ама содржи пробиотик и би требало да го олеснува какањето. Мислам дека за грчеви речиси ништо не помага
Точно така, за грчеви на нас ни помогна биогаја со комбинација на еспомисан и Бекутан чај од сладок анасон и ким
На моето еспумисан не му одговараше, му правеше многу гасови, а не прднуваше баш често и само се виткаше. Ама среќа кај нас кратко траеа грчевите и ги минавме само со масажи вежби и топло на меше
Здраво, ако сум од помош и ние се измачивме со млекото прво пиевме Аптамил 1 исто беше со бљуцкање и какање слабо па го сменивме во хип анти рефлукс сега е многу подобро си го пие цело не бљуцка и пробиотик плус му давам за да му е полесно на мешето.