Е здраво некако ми треба совет малку сум исплашена. Утре детето има втора вакцина, од првата не му беше ништо не доби температура. За вторава ми имаат кажано повеќето деца добивале температура. Не ми е страв од тоа, кога тогаш ќе добие и температура, само се плашам да не направам нешто погрешно. Првиот пат ми рече педијатарот мерење на секои 3 сати и ако е 39 да му дадам чепче парацетамол. Ама јас имам малку паника и страв, скроз сум сама со детето и што ако во тие 3 сати добие температура а јас да не приметам? Да му мерам ли почесто, ми е жал стално да му го ставам топломерот нема смисла. Може ли некако да се случи детето да има температура а јас да закаснам, ми е страв да не направам некоја грешка. Можеби ви е ова чудно ама исплашена сум, како да постапам најпаметно.
Рота плус хекса добивме ние. Добри сме, не качи тт. Ќе оставиш се на страна и ќе си бидеш со бебе цело време, ќе го пипкаш на челце. Чепче над 38.5 се дава.
Таа регресија во спиење што се јавува во 4ти месец, постепено ли се враќа спиењето по старо и можно ли е да трае само недела дена?
И мојот од првата вакцина немаше температура, од втората качи до 38.3 Јас дадов чепче зашто имаше болки во ногичките. Ќе приметиш секако, барем кај мојот многу се познава кога гори. Образите му се црвени, топол е и најчесто кенкав. Спие повеќе ама немирно, кенка постојано и во сон. Опушти се мајка нема шанса да не приметиш. Јас мерев на саат негде. Облечи го во некој полесни шпикозни на копчиња или патент да можеш да раскопчаш горе за топломерот да го ставиш
Majki se izvinuvam, no vie sto koristite pampersi violeta na koe brojce najveke ste se zadrzale? Sakam da napravam zalihi, barem za 2 meseci. bebevo e momentalno okolu 6-7kg, znam deka ne e merilo kg, no dokolku zemam poveke kutiii ist broj da ne mi gi nadrasne brzo ne znam.
Мајки бебињата што ви имаат околу 6 недели по колку сврзуваат сон навечер тие што цицаат? И дали ги пресоблекувате навечер? Јас ја предоблекувам а некаде читам така сум ја расонувала
Не менувај памперс ако не е какано, ништо нема да му биде. И јас менував памперс навечер ама какаше, сега веќе некое време не кака и не му менувам. Така најмногу се расонуваат.
Сега нема да го расониш затоа што е трупче, сега и со тапани да чукаш нема да се разбуди. За неколку недели ќе се воздржиш и да дишеш навечер, а пелена менување тек сабајле кога ќе се наполнат за да можеш да ги користиш како ладно оружје. Бебе навечер само цица и продолжува да спие. Освен ако сакаш да тестираш колку може еден човек да издржи без сон. А што се однесува до врзување на сон кога цица, моево уште не врзало, кај и да е треба да одиме кај големите бебиња. Секако дека сите бебиња не се исти. Може тебе ќе ти се погоди мирно бебе.
Не е со цицање ама баш некаде пред 6 недели почнав едно менување ноќе да прескокнувам. Менувавме на 3 часа, потоа тоа ноќното околу 3-4 наутро го прескокнував. И давав шише со млеко и често ми успеваше да продолжи со спиење. И доаѓаше последно менување околу 00:00-01:00 и следно околу 06:00-07:00 наутро. Сега веќе ги проретчивме и оброците така да и повеќе часа и стои памперсот. Претежок е наутро ама засега така тераме.
На цицање моево денес точно 7 недели, 2-2.5часа макс 3 сврзува навечер, станува цица и продолжува со спиење. А за менување јас му менувам еднаш или два пати. И да не е какано морам зошто цело меше му е жива вода. Не знам зошто утоп се прави секогаш.. пробав и со поголемо бројче и убаво ги вадам ластиците кај бутките и џабе. Еве ноќеска само еднаш му сменив кај 2-3 и сабајле во 8 беше утоп
Ма големиот не сум менувала никогаш навечер, од раѓање, малово морам да му сменам кај 6 зошто е утоп, некогаш и порано менувам, кај 3. А врзува од старт од 9 до 3, е сеа знае да се пролонгира саат плус минус, дали да заспие до 10 или пак да стане во 2, зависи, ама се почесто "фаќа ред" од 9 до 3. Од се буди во 6 и најкасно во 8 е станат. Искрено топ му е редов, само да остане така. Дајбоже и сите светци, мислам дека на толку држење во раце преку ден, нема да издржам и ноќе да не спие. Иначе синоќа успеав да заспијам со него во раце, среќа голема што само сум ги спуштила рацете и он останал на раце, не ми паднал. Многу беше тежок за спиење вчера попладне, со триста маки. Затоа еве го од 10 уште не е станат. Да стане ќе цица и ќе го натнам во скафандер и надвор, сонце има, ладничко е малку ама затоа скафандер ќе облечеме, капче памучно, ќебенце и на шетање. Мајка запостави пешачење со ангината, неговата вакцина, дождови и една недела салам не сум пешачела. А со коригиран појадок и пешачење успеав да симнам 3 кила за 15 дена.
Одлично сме до сега, опуштена сум, го пазам. Вакцина прими во 11 сабајле и цело време е расположено, температура 37.6. Мене педијатарот ми рече да не мерам овој пат температура, ќе сум приметела ако е лошо и чепче да не давам ни на 39 туку да чекам да падне ако не паѓа тогаш да дадам. Јас така не правам. Јас му мерам температура и ќе му дадам чепче на 38.5 и мислам дека е во ред тоа.
Никогаш не го пресоблекував, освен ако беше какан, а тоа се случи еднаш или двапати од ко е роден, така и ме советуваа да правам затоа што не само што го расонуваш туку и го разладуваш со менување пелена навечер. Сега се буди меѓу 6-7 сабајле и одма вадиме пелена, миеме газе и ставаме нова.
И мене матичниот исто ме советуваше, и за испотено, особено во зима, никако соблакање зошто бетер му праиш. Ама ова сега пуни пелена ко со кофи да си истурал, да ја боцнеш ќе прсне, па менувам еднаш сигурно.