И кај нас бешентака дури цицаше интензивно навечер. Сега еднаш до два пати станува па не е толку страшно
Се лигават бебиња стари 40 дена? Нели е рано, мене тоа ми е поврзано со заби, не сум баш информирана. Постојано јазикот и е надвор и се лигави
Мајки за главче што не е симетрично, само вртење на другата страна или сте користеле и од оние пернички што се демек за оформување? Омилена му е лева страна, се на таа сака, ама главчево не му е симетрично го приметив, педијатар посоветува само вртење на другата, а ова инает моево се ротира цело само да си се намести на лево , го потпираме со перница да е свртен на десно, му зборуваме се од таа страна, тропкање исто друг совет?
Здраво имам бебе од 3 недели, додека спиеш и истече вода од носето, од едната ноздра, од што може тоа да биде
Здраво мајки ние уште некој ден правеме 40. Само цицаме и веќе 4 дена имаме запек. Напнува се и плаче. Јадам и суви сливи, ставаме и топла пелена на мешето, масажи и правеме. Давам и пробиотик Биогаја и Колипрев капки. Не знам што да и правам, некој со некое искуство
Може е глупо прашањево ама дали е нормално во еден момент бебе да ти гука и да се смешка и во следен момент да почне да кенка одеднаш без некоја причина?
Ваше мислење за килибарно герданче има ли ефект или...? 5+ сме многу ја мачат забчињата изгледа цела недела е кенкава лиги течат ли течат, гризе. сеа за сеа ја мачкам гел на фрези дерм имам порачано и од осаинт гранулите и едно друго гелче но една пријателка сеа ми спомна за герданчето па се мислам дали да го земам ваши искуства?
Мајки има ли вистина во тоа дека ќе смени спиење самостојно на 3месеци? 2 месеци ми е бебуш, ни дење ни ноќе спие, нема кој не ми вика дека ќе смени на 3 месеци....
Моето уште некој ден ќе е 3 не смени си спие од 8-12 некогаш и 1 ама ретко, па цица па уште 2 саати знае да поспие или саат ипол па после тоа си се буди на саат и помалку, а дење ако спие во раце/слинг па после еден саат го оставам си поспива а ако го оставам одма си се буди за пола саат.. се помирив дека нема да спијам годинава, а и ноќе спијам додека он спие, колку толку испрекинат сон е ама ќе се навикнеш
Немаме рутина затоа што знае да заспие некој ден од 17-18ч до 21ч, друг ден од 19 до 11ч и тоа му е единственото врзување без будење. Се што се случува понатаму во ноќта е будење со плачење на 30-45-максимум 1час. На формула е, јаде на 3часа не се буди од глад. Грчеви нема, не е ни топло ни ладно. Едноставно како да има некој внатрешен часовник и секоја вечер си се буди во исто време и си презаспива после плачење во исто време. Ама никако не сврзува сон. Дали е можно да има некоја болест поврзана со спиење?
Многу слична ситуација со тоа што преку ден освен во количка надвор не заспива дома. Не сака ни во марама ни во раце ни во ррлаксатор. А во количка врзува по 1.5час ама пак е преморен бидејќи не му е доволен сон. О јас така спијам кога ќе се изгаси навечер од 7-8 до кај 11ч. Ама веќе ми е пренапорно само тоа спиење...мозокот ми се гаси. Почна и физички да ми се одразува, мислам дека ќе се онесвестам
Мислам дека не може да има некоја болест, едноставно такви се нашиве бебиња, не знаат да спијат сами.. се тешам дека ќе му кликне еден ден во главчето и ќе се научи, а знам дека е тешко и те разбирам, мојов барем предвидлив е па знам кога имам шанса да поспијам, кај тебе уште полошо.. а исто преку ден е доста активен мојов.. се влече (го оставам на еден крај на спална и стига до другиот), веќе пробува и да се врти од меше на грб и обратно, на страна заглавува.. ноџињата буквално цело време ги движи како точаче итн.. живец е, може и затоа не спијат
Пробав демек да шетаме на топлово, во количка не сака покриено со ќебе зошто по шпикозни беше скафандерчето не можевме да го облечиме не го сака и од него плаче, за во раце така необлечено ми беше страв да го носам зошто дува ветре. И си се вративме дома. Барем овде да пишам да си олеснам.