И јас така почнав да се тешам дека не знае да спие. А плаче или спокоен е кога е буден? Мојов знае да биде после дремка некои 20мин ок да гуга да се смешка и после вреска до хистерија до заоѓање а не заспива никако. Ни со нишкање ни со фен ни со пеење...и на крај сам се гаси и задремува кратко
Сега е помирен, негде околу 2 месеци смени, обично ако закенка се смирува со зимање во раце и сака да го држиш онака исправен да си гледа.. ама бара доста да го анимираш со играчки, пеење итн (нормално како секое бебе)
Моето беше така, сега имаме три месеци преку ден не ми спие, ама од 19 до 4 си спие без да се буди па и јас покрај него конечно се наспав малку повеќе иначе се успиваме со приспивни песни му пуштам на телефон.
Мајки, во ред ли е да се почне со храна од 5 месец? Педијатарот ми рече да почнам со проба, што му одговара, од што има алергија, тврда столица, до 6 месец да било научено дека тогаш требало да јаде а не да се учи. Да почнам ли прво со куповни каши за месецот со проба или само домашно е најдобро сама да си правам? Јас мислев од 6 месец сама да правам. И така прво со слани каши да почнам после нешто послатко? После колку време слатко?
Одлично. Моево не престанува да се дере, не реагира да се смири во раце, цуцла не прифати никаква, се буди со плачење, јадеме со плачење, менуваме пелени со плачење....секоја активност ни е со кенкање и дерење и се мислам дека од што нема доволно сон е таков. Следиш прозори на будност за заспивање?
Мамички едно прашање, по колку мл млеко во текот на денот му се потребни на бебче, утре полниме точно две недели и сме на адаптирано. Педијатарот ми рече да зголемам на 90мл, ќе ги испија и ми повраќа во млазови. Почнав да комбинирам еден оброк 60 а наредниот по 3h 90 но пак се случува да поврати . Дали има прстор за паника ? Споделете искуства
Ние сме 4 ипол месеци и почнавме со вкусови но некако слабо ни иде не знае да отвара уста си сака млеко дали јас во погрешно време му давам или и незнам да му давам незнам што е работата, сега за сега давам купечки но кога ке почнеме со оброк ке му правам
Јас колку што имам читано, кога ќе се почне со вкусови ако бебето не е спремно треба да се почека некое време па пак да се почне. Многу е важно бебе да е спремно да почне со храна.
Колку кг е бебето? Дали кога пие по 60мл бара на помалку од 3часа? Кај нас тоа е знак. Кога ќе почне да бара многу почесто од предвидено пробуваме со поголема количина.
Има ли бебе што сака во скафандер? Не знам за такво. И моето не сака, ама облакам и одма количката надвор ја вадам, а надвор е мирен бајче, спуштам настрешница од корпата да го пече сонце и се смирува инстант. Зар досега не излегувавте воопшто? Не знам зошто еве и во комшии што имам бебиња колку моево ме прават улава што шетам цело време со него, зима било, бебе било, ќе сум го упропастела... Од 2 недели кога беше секој убав момент го користиме, искрено него му е поубаво мислам во транспортер, стуткан си е, убаво му е, топличко, си спие цело време, ама мене ми е поубаво во корпа па кога како сме, најчесто сме во корпа. Пробај да го облечеш и одма да го изнесеш да се смири, ама не го зимај во раце оти ништо не правиш така. Ќе вика може, ама мора да се научи на количка. И големото и малото, од прв ден се ставани во количка, баш за тоа, да се навикнат, на почеток спиеа во корпата, ем заштитено ем да не го мислам да не го седне бато, корпата на гарнитура и раат. Биди упорна, греота е вакво убаво време да седите дома. Почни со домашни, прво зеленчук, после овошје. Не додавај сол, шеќер, чисто варено зеленчук и овошје. Почни со едноставни намирници, компир, морков, батат, тиквици, карфиол, брокула, после тие по тешките.
Многу е бе рано на четири месеци да почнуваат со јадење, од кога волку рано? Многу се мали на таа возраст за јадење и вкусови. Јас планирам здравје од пет ипол, шест месеци да почнам да му давам.
@AngelOfArh , и вчера и денес го шетавме бебето по скоро три часа, дури и јадење надвор за неа. За прв пат толку долго. Претходно сме излегувале ама на пократки прошетки. И денес некако бебе преуморено, не само од шетањето туку и од тоа што викендов имавме 3 фамилии на гости. Битно добив коментар дека во градов каде што сме дете не се носи надвор во најмала рака до мај. "Сечи" овде воздухот. Инаку моето дете не прави проблем и за јакни, скафандер и слично. Не дека многу обожава ама барем не плачи.
Да, отприлика на саат ипол до два гледам да дремне а и тогаш почнува да кенка ако не дремне. А инаку имаше период кога штом го спуштиме на пример на подлога за играње или да му мењаме пелена вриштеше, само во раце сакаше ама сега се смири малце.. само бањањето е уште со вриштење прегласно како да го кољаме.. и во количка по некој саат време почнува да кенка... Еве денес околу 19 заспа и сега се разбуди значи баш како аларм да имаат
Не сврзуваше се будеше често и многу плачеше ама немавме ред за јадење, сега сме со ред можеби и затоа си спие.