Кога плачеше не спиеше навечер ниту дење немаше ред ама навечер пред 2 не беше заспана некогаш цела ноќ во раце ми спиеше а јас бев наоружана со перници. Да од млекото и се смирија грчевите ама па потешко кака, ќе се консултирам со педијатар па ќе видам што ќе каже. Во секој случај не е вриштење како пред тоа туку тивко кенкање,плачење.
Денес прошетавме, дека ние на цицање сме на 15 мин ми се чини цицаше. АД не сака да намириса инаку би и давала пред шетање за да ја држи.
Штом си цица, немаш проблем. Ако ти е незгодно во смисла дека си сама па да не можеш да ја надоиш, можеш да и носиш молзено и позгодно ќе ти е. Ептен се стресни првите прошетки со бебе ама ќе помине и ќе ти биде преубаво.
Каков скафандер многу е топло. Само јакничка ова време или подебели тренерчиња и кебенце. Денеска јакничката му ја соблеков. Беше по боди на долги и тренерки. Нервозни и плачливи се кога им е топло. Колку е големо?
Не сака да пие ништо од шише, затоа не можам да му носам молзено. Никаква цуцла не сака. Стварно ептен ми беше стресно вчера.
Пробај со различни цуцли, се надевам нешто ќе успее. Јас од старт дадов и цуцла лажливка и шише, иако сите ми велеа дека е ризик да се одбие од цицање, но навистина ми беше важно да прифати шише за да можам и со други да го оставам и да не сум врзана со време. Полека, сè ќе си дојде на свое, не се секирај, пак ќе речам, почетокот е многу стресен.
Мајки бебево ми е 3+, да кажам влезено во 4 месец.. Во точен период од денот, секоја вечер во исто време, почнува вриштење, плачење и стварно не знам што му е.. Како да имам едно дете преку ден, а сосема друго навечер.. Не се издржува, со саати трае истото.. Се стиска во стомачето, плаче, сака во раце, да цица цело време.. Не ми е јасно што му е, да се грчеви мислам дека е касно и дека се поминати одамна.. Има ли некоја вакво искуство?
Може да се грчеви, истото се случи кај нас. До 3 месеци имаше многу грчеви, па прекинаа, па пак почнаа 3+ и траеја до 5ти месец. После тоа преку ноќ имав ново дете. Пробај пак со капки или што и да ви помага.
Може да се грчеви, нема правило. Некои бебиња порано имаат, некои покасно, некои воопшто немаат. Пробај со капки, масажи, термофорче…
Исто и мојот и си го сакам стариот ред пред скокот/рецесијата што год да е, нека се враќа што побрзо.
И кај нас е исто, во среда прави 4 месеци и исто само на вечер плаче не сака да спие или седи будна и сака да и зборуваш да си гука, така да мислам и се надевам дека е скокот и дека за две недели ќе завршиме со ова лудило
Од кога почнавте да им давате кашички и сокчиња? Ние сме на комбинирано и се мислам дали сега кога ќе наполни 4 да почнам да и давам некои кашички/сокчиња што се од 4 месеци
Сокчиња не ти требаат, празни калории, за кашички поразговарај со педијатарот ама мислам дека е рано. Не знам, бебе кое не седи само и не си ја држи главата само, како ќе јаде, легнато ли, ние легнати јадеме ли... безвезе ми е некако. Со првото започнав на 5 и 4 недели, скоро 6 месеци, мислам дека исто и со ова ќе биде. Вчера една стринка запна да му дала лења пита, да било "јашливо" оти она била многу јашлива, се си јадела, да го "заранела" она, на неполни 3м, ако сум рипнала... Ама машко било, она на нивното ресана му дала на 40 дена, гледало, тоа трепките на очите не си ги гледа а не па ресаната. Ако сум реална моево е да ти е срам да јадеш, ти јадеш он жвака за тебе, ама не ми паднало на памет да дадам да јаде сега.
Тоа што е на комбинирано не е причина да почнеш порано. Тоа само ако не напредува како што треба од млеко. Јас почнав на 4++ затоа што не качуваше на килажа и сметам дека е прерано. Не седеше воопшто, ја хранев скичмена во транспортер а тоа воопшто не е безбедно. И сокчиња нема потреба. Само празни калории. Има време кога да јаде, ако не е спремно не форсирај
Мало е сеуште, почни со кашички околу 5 месеци накај 6 кога ќе може и да седи. Има време да јаде кашички.
Јас почнав на 4++, сега да се вратам би почекала барем до 5+. Многу мака имаше бебе со стомачето, запек, плачење и болки додека да се искака. Мислам дека се мали и желудничето уште не им е спремно тогаш. Моја препорака да почнете од 5+ ако добро напредува и нема некоја голема причина за порано