Фала ви на одговорите, повеќето работи веќе ги правам освен мојата исхрана, преуплашена сум од тие грчеви и ништо не јадам и сигурна сум заради тоа не беше какала до сега. Од сега и зеленчук и овошје ќе вметнам и течности (избегавав пошто пробувам да го намалам млекото). Нема да идам со глава во зид грав, зелка и газирано да пијам ама сепак ќе каснувам нешто зошто ова нема смисла. Алергична ми е на благо изгледа ама не знаме конкретно што па ништо не јадам, зеленчук-грчеви, цитрусни и кисели овошја-грчеви, манџи (освен компир)-грчеви, млеко-грчеви. Преку глава ми е, толку пазења и сируп давам сепак си има грчеви, чим ќе почнат неизбежни се.
Мами, по колку мл млеко ви пијат вашите бебенца? Моето е 4+++ и пие по 500-700 мл за 24 часа. 2 недели како почнавме со пробување на вкусови и си јади по пола мала кашичка. Дали да почнам да му давам 2 пати кашичка, бидејќи некако малку млеко ми пие?
Колку кг е? Втор оброк се вметнува 1 месец по првиот, рано ви е на вас не брзај. Колку мл млеко пие на колку часа?
Мојов на почеток беше само на ад и имаше мноогу грчеви. Сега наизменично е и му се намалени. На почетоко секој ден исклучував по нешто за да видам ефект, најдов дека не му одговара биогаја ја сменивме и колиеф исклучив ама тоа ради каката. Не се изгладнувај него прати што си јадела тој ден и види и така по пат на елиминација да откриеш што и смета.
4 скок почна лабаво, ништо страшно само малку промена во спиењето, будење навечер кратко и толку, мислев со толку ќе поминеме... Ама не, како се доближуваме до громчето, моето премирно бебенце се претвори во ѓаволче На прошетка седи кратко во количка, после плаче да го земам во раце за да може да гледа и да контролира сè, дома пред спиење прво мора да се исплаче квалитетно саат време додека да заспие Се сетив на @Alexandrite колку мака виде во 4 и 5 скок и сега конечно ја разбирам... Ајде барем ноќе не е до толку страшно и се надевам така ќе остане. Само да помине фазава
Најлош период дефинитивно. Се ежам кога се потсетувам. Тоа со количката ни остана. А во количка за пазарување во маркет седиСи мислам да си земам една таква. Будала, ваква треба да биде, онаква треба да биде. Земи железна за пазарење, со заглавена лушпа од кромид меѓу решетки. Ќе помине. Ќе биде друго бебе. Шести месец веќе ќе почне и да се заигрува. Претходно на сите го нудев да си го земат ако сакаат, сега не го давам ни под разно. Многу ни е забавно. Се смее по цел ден, што дури и загрижувачки е, затоа што ништо не правам, фацата моја му е смешна. Идат подобри денови.
Околу 17та. Претходно совршен беше (од кога му завршија грчевите). Спиеше убаво, јадеше, шетавме, се смееше абе бебе за мерак, во друштвото бидејќи први сме што имаме бебе ни велеа дека посакуваат што побрзо да имаат бебе кога го гледаат нашево ама 4ти скок нè зае*а квалитетно. Само да помине што побрзо и да го издржам врискањето без причина
Ова со зелка, грав и други мешункасти е индивидуално. Јас не бев на рестрикции, јадев се' и конкретно од грав, зелка и леќа немав ништо, ниту пак бебето. Педијатар ми рече дека немало научен доказ дека некоја одредена храна предизвикува гасови кај бебето. Одбегнував млеко само, ништо друго.
Бебе има осип на газето и мислам дека на секоја промена на пелена урла заради болка. Го измив со топла вода и се смири. Сега се мислам дали да го замивам на секое менување пелена, ама па се плашам да не му ја исушам кожичката. Совет?
Јас мислам дека можеш почесто да ги миеш. Не на секое менување пелена ама барем после какање. Син ми од кога е роден после секое какање миеме газе, тоа може да е еднаш во денот, може и три пати. Ниту еднаш не сме имале црвено газе.
Се роди 3 кг. на 4 м ја дуплирање својата тежина 6 кг. Млеко пие на 2-3,5 часа по 60-90 мл. Дење пие од прилика по 400-500 мл. И ноќе пие 200-300 мл.