Истото го правам и јас и никогаш не сме имале црвено газе. Практикувам и наутро кога ќе се разбуди да измиеме газе.
Јас па не се сеќавам да сум сменила само мочкана пелена. Секое менување има какано, ваљда нормално е за 4 недели бебе што цица (цело време ).
Седи, но не е стабилен многу. Ако сака да дофати нешто подалеку, се превртува. Видоевски ми кажа да го седнувам и само да придржувам. Да се вежба. Воедно, во количка, хранилка само кај колковите го врзувам, за да ги вежба грбните мускули. Се посилно е
Исто на 45, за да се одмара кога ќе се исправа. И да го седнувам, но не меѓу перници како што прават, туку само да држи рамнотежа. Некогаш само позади него ставам. Сега за сега е на кревет, не е уште за на земја. Ми е страв да не тресне.
Јас се плашам така да не му го искривам ’рбетот. Поголемиот кога веќе почна да седнува на земја и ќе се занесеше назад, само ги креваше нозете и се задржуваше некако. Ама секако пази го многу, имавме ние лошо паѓање напред, шавовите на черепот не му се затворени убаво од тоа.
На овој линк можете да си проверувате дали моментално е во скок: https://www.thewonderweeks.com/baby/tools/leap-calculator/ За повеќе опции, бара да се симне апликацијата, но сепак и ова е корисно.
Точно покажува бидејќи е исто со апликацијата на која ти пресметаа. Да не ставаш по грешка дата на раѓање?
Точно покажува само скоковите се споени и има портокалова/црвена фаза и зелена фаза, а тука не покажува во која фаза од скокот е.
Не знам, мене и педијатарот и ортопедот ми кажаа да го седнувам без проблем. А и не сака да лежи, се лути. Сака да седи и да фрла играчки, по можност да мава во нечија глава. Цели сме со маж ми осакатени. Додека не седи како што треба не го оставам, само во игрална, има мека подлога или на кревет со мене заедно.
Напротив, миете го често со вода или чај камилица, бидејќи контактот со урина/фекалии ја иритира кожата и предизвикува печење,болка. Заборавете на влажните марамчиња во оваа состојба и оставајте го голо без памперс на краток временски интервал.
Мајки, нормално е лига кај бебе седма недела? Нема постојано и забележав во устата и кога ги лапа рачињата има.
Пократки му беа да , после се издолжија. Сега е две години има еднс дремка ,ако го оставиш и 2 и пол саати ќе спие.
Бебево денес на два пати исплука проѕирна течност. Како после јадење, меѓутоа наместо вишок млеко овој пат проѕирно. Температура нема и други потешкотии. Дали е така нормално? Прв пат се случува.