И кај мене знае така да се случи кога ќе се прејаде. По одреден период да бљуцне како водичка со парченца млеко.
Баш проѕирна течност ова, без парченца млеко. И претходно и сега околу 2 часа после јадење. Инаку нема навика да повраќа или често да враќа млеко.
Да да, термин. Пишува таму дека 11 недела почнува 3 скок, ние сме 12та а на сајтот уште ни вика дека сме во втор скок. По на др.Гуднајт не сме во скок а искрено и по понашање, освен што протестира да цица седечки, сака лежечки.
Средина на 11 почнува трет скок ама ако сте 11+ неколку дена се рачуна како да сте уште 11 недела, а не 12. Плус, 3 скок е еден од најкратките и воопшто не е страшен. Кај мене се совпаѓа со апликацијата.
Мајки,кога почнаа вашите бебиња да се превртуваат од грб на стомак? Моето е 4 месеци, воопшто не се ни труди, по цел ден жвака раце, кога ќе ја ставам на стомак протестира,па ја ставам во скут во истата позиција или врз перницата за доење пак ги бута цела тупаница тоа и е поинтересно и од цицка,веројатно за брзо ќе дојдат заби,ама па воопшто да не можам да ја поттикнам да се врти
Мислам дека од сите помагала најискористен ми е кенгурот. Ние го користам уште од прв месец, еве 6 месеци има и уште го користиме. Бебо машала тешкичок е, ама кога сум сама ми е најпрактично да го ставам во кенгурот зошто не ја обожава баш количката и ќе треба да шетам во една рака бебето, а со другата да ја туркам количката. Имам Ергобејби адапт, таа врста на кенгур се користи од раѓање а и понатаму. На кенгурот треба да пишува од која возраст и килажа е наменет, не се сите исти.
Јас вчера си купив шише на нук сакав да го заменам старото и одкога го отворив приметив дека цуцлата е м. Прашав во аптека ми кажаа ако била м бидејќи сме биле на вештачко таман си е. Ако може да ми објаснете која е разликата од с и м цуцлите, 2ипол месеци сме.
Немаше излез и ставивме чепче на бебушка и се испразни, после тоа спиеше 7 саати без престан и олесна конечно. Е сега каките и беа со слуз, како мрсули и тоа дебели, не конци. После тоа еве два дена пак не кака. И сливи и водата од сливите и киви јадам, плус стандард се што правиме за грчевите, ништо. Се сомневаме на алергија зошто ни се исфрла на очите жар црвена е, како де испитува на толку мало бебе на што е? Прочитав дека слуз во каки исто може да е од алергија. Матичната ни побара мокрача, ок е и толку не батали. На чоколадо е, не јади и крај. А и објаснуваме дека и кога не јадам почна да се појавува. А сами тестиравме и се сомневавме на чоколадо ама сега видовме дека не е. Бебе месец ипол.
Нема да му ја исушиш кожичката, одмивај само со вода на секоја пелена и земи крема на цинк што е, Веледа е одлична од невен.
Си пробала да даваш капки со лактаза како Колиеф, Колипрев? Ми личи на интолеранција на лактоза, можете да испитате преку крв.