Ама јас те разбирам, само што на сајтот пишува дека е цело време во втор скок, проверувам на 2 до 3 дена и стално вика 2 скок. Нема врска тоа што јаде раце со заби, никаква. На тој начин го осознаваат светот, почнува оралната фаза. Моето на 2ипол се сврте, не прашувај, душа немам у мене од што е темпераментно, лаганица се врти и крева газе у вис да лази, од 2ипол месеци. Ама јас тами тајм форсирам откако падна папочето цело време. Минимум 1 го ставам на меше, плус на нозе и на нас што седи на стомак и што го носиме како желче врз раката наша. Држи врат и се врти на звуци. 3м ќе полни за некој ден веќе се крева да седне. Ќе ме стрефи срце од него од што е каскадер од мали нозе. Ортопетката рече дека има атлетски колкови. Исфрли се од млечно, мене на тоа ми личи. Во сите аптеки ги има, јас конкретно ги земав од Зегин. Моите менуваат боја кога има тт. Ја ставив пола лепенка кога си дојдовме од болница и ставив се на се 4 пати и толку, немаше потреба после.
За оралната фаза знам многу добро, пишав така во конотација дека ништо друго не ја интересира да прави освен да жвака тупаница и цицка плука у сред доење и бута прсти Некоја друга мајка да сподели искуство кога почнаа да се превртуваат од грб на стомак... Бебево може е за на ортопед поскоро, секако планирам накај 5 месеци да ја носам...
Како пред да се стави вакцината, не се става пред тоа, од кај знаеш кај точно ќе го боцнат. После боцкање, врз боцнатото. Ако има оток и црвенило ставаш Ациди борици, не лепенка. А досега не си ја носела на ортопед? Мислам немаш простор за грижи, секое посебно е во однос на тоа кога се свртело или не. Големото па ми беше многу мрзеливо, на 4ипол м се сврте едвај.
Да,кај Антоние Хаџи Антевски на полн еден месец,се си беше во ред.... Мрзлива е баш,ама и карактер, нема шанса нешто да ја натерам ако не сака
Не се секирај, го прашував за ова зашто и моето е малку мрзливо. Го прегледа рече се е во ред едноставно такво си е детето исто како што и ние возрасните не сме сите исти. Инаку, поактивно почна да се врти после четвртиот скок, сега е 5 ипол месеци и цело време лежи на стомак, се тркала, на еден крај од собата го оставам на другиот го наоѓам. Почна да ја чука главата од комода, маса Само ставај ја на меше и ќе почне. А да, ми рече да го игнорирам кога лежи на грб за да бара ‘забава’ лево десно, да истражува. Кога ќе се сврти тогаш да го играм со играчки за подолго да лежи на стомак и стварно откако почнав ова да го применувам видов промена.
Не сум пробала, од понеделник ќе почнам ќе купам. И јас имам интолеранција на млеко само па може и поврзано е, мада чисто млеко не конзумирам зошто ми смета, ама јоурт и павлака секојдневно. Денес бевме на клиника, од кога на месец ипол бебиња им зимаат од прст крв? Душата ме боли 10 мин вриштеше. За тоа што и се појавува на окото немаат одговор, не пратија за испитување на крв, леукоцити покачени но не било ништо тоа. Рекоа не е алергија, не препратија на кожно од понеделник да одиме. Слузот во каките било од нејзин секрет од носот(а на нет читам од алергија се појавува и тоа).
Кога ќе имате потреба за земање крв од прст, од срце ви ги препорачувам Авицена, малиот глас не пушти таму кога го боцкаа од прсте.
Мојата прв пат се заврте на почеток на 3 месец, тоа беше еднаш само и тоа случајно и она беше изненадена Од 4 почна да се врти, имаше омилена страна и само на таа се вртеше, после почна и лево и десно, од кај има простор од таму. Сега сме 5ипол месеци и не можам да ја спуштам на под одма се врти.
На моето бебе до сега крв се од прст и зимале. Од вена исто се зема ама зависи за што. За крвна слика и сл од прсте, исто и јас сум задоволна од Авицена. Ако било алергија има параметри кои се покачени на крвна слика, така да сиг би покажало. Можете брис да направите од окото, да видите дали е во ред па после ако е негативен брисот да идете на очно.
Ох леле значи не избрзала таа од клиника, во право си била. Мм не успеа ни да и каже колку е стара она веќе ја боцна. Драматично го доживеав хаха. Ќе испитаме и на кожен и на очен, на крај ќе испадне од напон давање дека и е,внатрешно и е скрос бело и нормално окцето, само на капакот и горе накај чело и се вцрвенува жар. Ќе ставев слика ама не знам од телефон како
Има друго бебе што спие само ноќе а дење ептен ретки и кратки дремки или само моево е ? 2 месец сме, ноќе станува само за цицање, ако нема грчеви секако. Цела ноќ ја спие до 8,9, 9ипол наутро зависи. Ама дење скоро цел ден е будна, ако ја држам во раце да врзе час час и нешто. Ми е страв дека е не наспана.
И ќерка беше иста. Преку ден 20-25 минути спиеше, ноќе како да немав бебе. Додуша уште е таква, сега спие по саат максимум преку ден.
И мојов е таков. Само надвор во количка знае да врзе 2часа, а некогаш и откако ќе се прибереме да продолжи. Инаку се останато како зајак најчесто се буди за 15 минути Вади дете надвор во количка да поспие.
Не помогна Судокрем, од кога мачкам дури и се влоши. Сега и Канестен ставам со уште една друга, по препорака на педијатар. Мислам дека е од пелените и влажните. Почнав на секоја промена на пелена да го мијам газето и сменив други пелени, ми изгледа посмирено.
И моево дење не спие многу, а ноќе си спие. Најмногу сведува во количка кога се шетаме, инаку дома пола сат максимум спие во два три наврата. Туку знаете ли дали смее да се пие биотин при доење?