Прашањето и одговорите шо ми требаа да ги прочитам И моето, ноќе станува, цица и продолжува одма со спиење, и тоа спие до 11. Јас сум наспана мајка. Ама денски оф леле мајко. Само надвор во количка нема гајле. Ќе почнам по два пати да го вадам на шетање.
Majki, pie formula 90ml na 2ipol, 3 saati, sega sakam da zgolemam 120 ml ama ne znam dali isto na 3h da davam ili na podolg interval, aj ve molam koj ima povekje iskustvo neka mi kaze
Исто на 3 саати но се дава постепено, еднаш до два пати 120 во денот останатото 90, ќе видиш како ќе бара. Исто не се даваат веднаш сите него на пример 100/110 и се зголемува од ден на ден зависи колку може да испие. Се зависи од детето. Јас моментално зголемувам од 60 на 90 на овој начин така ми кажа педиатарот истото го правев и од 30 на 60 но тогаш беше мал и немаше сила да испие и ми рекоа да давам на 2 саати по 30.
Постепено ќе зголемуваш. Прво една доза во денот нека биде поголема, не мора да форсираш да ја испие цела.
Јас се сеќавам од големото подолги дремки имаше, голем дел од работите ми се низ магла, ама знам дека првите 4м он спиеше скоро па цело време, ова бре уште муабет и кафе што не ми бара. Си правам муабет со маж ми, ова гуга мислиш ни враќа, па и се лути ако не му обрнеш внимание. Јас не знам ова дете кај брза... Иначе има една подолга дремка од 3ч, а останатите се по пола саат макс саат да е, освен ако шетаме па отспие 2 саати, стане цица и продолжи уште 2 саати. Ама почна и на шетање да отвара моево, да глетка што има, пинцур од 3м. Гуга растура, бато не гугаше волку, ова како и се има намерачено на една жирафа од играчките, ауууу, мислам јадна нема да дочека старост. Е навечер си спие, ако стане да цица поише е за да го земам да се пикне у мене, да не го вратам во креветче, мајмунот, зошто ако се успијам и јас и он отспива некое време до мене и ќе се штрецнам и го враќам во креветче, ама ако не се осетам будењето е крваво, со раце ме мава по лице да станам. Ииии се научи да цица лежечки, полесно ли му е, помалку ли му тече, не знам што е, ама мајки стварно не знам од што се не ми доаѓа млеко, еве денес супа изедов после долго време, осеќам тапан градите а цицаше во 9, дајбоже да се разбуди да не мора да молзам. И се супер со лежејќи цицањето, ама некогаш не можам да легнам, имам некој дома или пак не сме дома, ова се дере се корне. Вчера бевме во парк на роденден и викна за цицка да бара, поцица 5мин и почна да се нецка, да се трга и го тргнав, си дојдовме дома и му дадов да цица лежечки, душа му дојде на место.
И како да знам сега? Педијатар и патронажна сестра 10 пати ми кажаа да не давам пред 3 часа. Давам инаку хипп органик комбиотик 1. На пакувањето не пишува на колку да се дава.
Така препорачуваат за млекото комплетно да се свари во желудникот пред да дадеш пак. Инаку, слободно можешмда даваш и порано.
Има има и многу полошо од тоа. Мојот е скоро 3 месеци, од месец ипол спие само две дремки во количка надвор од по 1.5ч (и тоа со будења па презаспивања да дојдеме до 1.5ч)....а навечер спие само 4.5часа и тоа од 7-8ч до полноќ. После тоа се буди на 30мин-45мин до сабајле (а јаде на 3часа). И будењата не се со отварање очи и гугање, туку со вриштење до хистерија од умор а не заспива никако. Спиј навечер и уживај! Не знаеш ова каква агонија е!
Ништо не е страшно, млекце е и храна му е на бебето. Исто како нам што ни се јаде некогаш порано, некогаш подоцна така и нив. Само да не се претерува
Биотинот е Б7 Витамин и слободно може да се пие при доење. Ако прочиташ во составот на пренаталните ќе приметиш дека го има
Пак ќе се повторам, сонот создава сон, дали дека имам деца спијачи мислам дека кога спијат и јадат подобро и подобро се расположени и се. И тоа малово од бато помалку спие, бато спиеше повеќе, ама приметувам а го држам повеќе буден, имаме некој дома или сме некаде или му нарушат сон, одма е понерасположен. Во саботата имавме гости и дремката не му беше по ќеиф баш, го разбудија, леле кога отвори пештератаааа.... викање дур го држи сила. Поспа саатипол, гостите веќе на одење беа и одма стана весел, се смееа дека се радува што си одат, ама стварно кога не е наспан е нервозен. Е сеа јас го уморувам, го гњавам за тами тајм, за на Бејби џим, за гугање, нон стоп му зборам и кога доаѓа времето за цицање уствари се смирува атмосфера и се успиваме. Така правев и со бато и со него. Се што правев со поголемото, правам и со ова, исто, дури мислев сум заборавила ама ме потсети мм дека исто било и со брат му, едино он цуцаше цуцла, овој нејќе, само тоа е разлика. Менувај ги рутините ќе упали нешто, не знам колку е старо, можеш и чај за добра ноќ да воведеш, има филтер од ДМ и инстант од Бекутан, приспивни на телефон, упали светло ако спиете у темница или изгаси за обратно... нешто пробај. На крај краева ако мислиш во количка дека спие нека спие и дома во количка.
Наредна недела е 3 месеци. Јасно ми е дека колку повеќе спие толку повеќе ќе спие и нема да биде раздразлив и хистеричен. Ама мислам дека месец дена нема што не пробав од техники и менување рутини. Не знам како ама секогаш успева да заспие по негов внатрешен часовник. На ад сме, на 3часа јаде. Не се случило никогаш да сврзе 2часа без да се разбуди со плачење на 45мин. И најинтересно е што не му менува каде спие, ако заспие во раце пак ќе стане како што би станал во количка или во креветче. Секое успивање е со плачење, буквално се бори да не заспие. Пробував и да го оставам сам во креветче, ќе си седи 10мин ќе гуга, почнува да кенка и завршува со вриштење без абер за заспивање. Како да не знае да спие. Ми се смачи од прашување педијатри (сите викаат ќе смени) ама еве никако да го смени тоа идентично спиење како во зачаран круг. Моментално ми спие во раце, заспа во 10:30ч...знам дека ќе стане во 11:10ч. Тоа не знам како да си го објаснам, како навиен саат да има и што и да сменам он не менува. А чајот Бекутан го купив, уште не сум го дала. Да го дадам или мал е?
Ние задутре полниме 3м, блиску сме. Мал е за чај, јас не би дала, ти како сакаш мада на ад сте, може и не е проблем да дадеш. Види Белина извадија некои масла, пробај што те кошта, баш за бебиња се, има за грчеви и спиење, може ќе ти упали бар навечер да спие. Маж му бил ваков со 7м, мислев и малото ќе биде ама освен продорен плач кога има мака друго нема. Бебиња метеопати обединете се! Мојов почна со маратонско цицање и спиење од сабајле, знаев дека ќе капне и еве го се размрсулави времево, заврна. И кога ќе стане дур се освести вика ко да го боли нешто. Сменив време кога ги давам капките и вчера изумив скроз, демек дома слободни и двајцата ништо не стигнав, и вечерта се грчеше. Мислев да ги прекинам Бекутанот ама ќе ги додадам до крај. Стана среќа да цица па не морав да се молзам, ми олесна. Сменив постелнини денес, ќе се спие вечер на спална цела вечер осеќам, за чиста постелнина да ја мочне или поврати, против малери де.
Можеби метеопати се бебињава стварно. И моево цел ден спие. Од утрово дали два часа во целост помина будна. За спиење ако ја разбудиме порано или во време на заспивање некој и го"скрши" сонот, е тоа е викање, трауми остатокот од денот. Ни во раце се смирува, ни на кревет, ни нишалка, додека скроз не се премори. Единствено можеби надвор да се смири. За чај имам пишано дека даваме. На адаптирано е и пред повеќе од месец кога имаше запек, дадовме неколку пати. Потоа продолжив секој ден да спремам од навика. Некогаш не бара воопшто. Некогаш кога сме надвор ако се задржиме и веќе ожедни давам по 20тина. Меѓутоа кога е јадена, наспана и нема грчеви и да понудам воопшто не ни пие.
Исти сме.. денес точно 2 месеци, навечер спие со по 2-3-4 будења за цице, ама преку ден со спиењето е хорор.. дремнува макс 20 мин и толку.. цица, си седи буден едно саат саат ипол,заспива и така во круг амааа не се жалам, барем наспана сум