Мојава веќе 10 дена има слуз и тоа не малку. Ни прави проблем со какање ама ваљда е нормално, испадна нема алергија ама има мрсулчиња па ни рекоа може од тоа да е.
Моето па стално има слуз, јас мислам сосема е нормално, и големото имаше. Сеа ме замисливте, да не јас нешто пропуштам.
@gothchick Не треба да креваме паника мислам. Еве матичниов вика нормално е, сеуште се чистеле бебињата.
И од лиги и од секрет. И мојов има. Не во секоја, ама има. Инаку кс е пожелно бар пред прва вакцина за да се види и хемоглобинот. Еве кај мојот се виде доста низок дека е и веќе почна терапија. Мислам и дека само тоа и го погледнаа во пункт.
Мене во пункт не ми побара никој кс, јас си го однесов ден пред вакцина на преглед кај матичен и си направив кс. Еден преглед па во пункт, ми веруваше на збор колку кг е и не го ни измери, имаше 2 стажантки и диши диши, пипни фонтанела, ајт на боцкање. Прегледот ништо не ми објасни, на стажантките им објаснуваше.
Дали некоја има проблем со какањето на бебето? Секогаш се кака на 6 -7 дена, на доење сме викаат нормално, но кога ќе искака е обилно, не знам зошто ги чува толку долго.. И дадов слива да проба ајде и со тоа, не бива 4 ипол месеци сме.
Ако е само на доење мора и к1, доколку е на формула немора зошто го има во истата. На нас ни дадоа само 1 месец д+к1 и д+ омега, после тоа чисто д и д + омега. Зошто повеќе оброци во денот беа на ад.
Јас секако имав направено и по препорака на матичната, ама само кс без црп. Сега во пункт ми потенцираа заради нискиот хемоглобин терапија и за наредна вакцина обавезно пак кс. Пак се сведува на тоа секој пункт различно прави.
Ние имавме таков проблем, ни рекоа дека е нормално, па после само од себе се среди. Јади сливи, прави исто компот од сливи и пиј ја водата и исто така јади јогурт со ленено семе.
Прва крвна слика правите на 3месеци? Од прсте или од вена им зимаат?? И дали после третиот месец е доволно на бејбитол д со омега по една ампула? Оти читам некои плус дополнително капки д давате
Јас прва кс направив пред 3м, на вакцина, фактички на 2ипол. Од прст, нема потреба од вена. Според ортопедката малку е само Бебитол, па додавав Пливит и викам сеа кога давам Пливит подобро да давам само тоа и ми рече доктореса 4 капки дури набавам Вигантол, после друго ќе биде, друга доза. Омега ќе давам посебно, само да најдам препарат, и искрено не сум нешто фан на ту мач додатоци па може да си почекам за Омега да почнеме со Молерс, а тој мислам е после годинка, поправете ме ако грешам. Јас не давам ништо друго освен пробиотик, капки за грчеви кои планирам да ги прекинам веќе и Д, а читам даваат витамини, додатоци, тоа многу ми е мене.
Освен ако не е некое специфично испитување цело време од прсте им зимаат. Поголемиот ми е 5,5 години и уште така земаат
Молерс после 6м е колку што знам. Исто и јас савам д3+к, пробиотик и нрс харви ама планирам да го прекинам. Сега и сидерал заради хемоглобинот почнав. Од 6 м ќе пие молерс со брат му заедно.
Ние правевме со прва вакцина, доколку има потреба може и порано. Да, од прст се зема крв. Вит д3 се дозира според килажата, некои педијатри и ортопеди викаат дека е доволно, некои препорачуваат повеќе, стара и нова школа Баш заради тоа јас се консултирав со двајца доктори и ја носев на два прегледи, одлучив покрај д3 со омега да давам и 1 капка вигантол, секако по препорака на доктор.
Оти мене ортопедов ми рече продолжи дп шест месеци со една ампулла дневно д3 ама ни ме праша килограми ни ништо Прегледот траеше многу кратко ехо ја извежба и толку Да ја прашам и матичнава после три месеци како да продолжам? Страшно колку повеќе доктори толку повеќе различни мислења