Не секогаш повеќе витамин д3 е потребно на толку мала возраст. Може да дојде до предвремено затворање на фонтанелата. Слушајте си ги докторите. Секое дете е приказна за себе. Затоа се прави преглед и се дава доза од ортопед.
Во Биотек од прсте земаат. Јас сега давам само Вигантол, 4 месеци има. Со омега престанав уште од пред месец и пол ако не се лажам. Бидејќи е на формула самото млеко содржи омега, а и ортопедот ми рече нема потреба затоа што никој од нас не е пораснат со масло од омега како бебиња па ете не' здрави прави.
Јас бев и кај Талески и кај Александра (од кај Антоније ординацијата) и од двајцата добив различни мислења а и двајцата се стручњаци. На крај пак сама треба да одлучиш што ке правиш…
Јас да си се пожалам, ама и да прашам за совет. Вчера демек во 9 да го заспијам, миење, цицање, поспа до 11 и пол, викна да плаче. Ајде пак цице до 1 и пол по полноќ и пак уште плачеше за цицање. Таман се израдував пред некој ден дека фати термини за цицање и поспавме дома, не знам што лудило е ова. Сабајлево исто, цицаше и отспа еден саат. Бебе е иначе 5 недели. Знам дека е мало, ама умирам за сон, а имам и други свои здравствени проблеми. Гасови има поприлично, нешто фајде од Еспумисанот не видов, мешето тапан. Малку се распишав, ама многу сум утепана...
Ау рано ти е за решавање сон. Дури после 40 дена почна да се стабилизира, а после 2м се среди кај нас и тоа е премија, огромна е веројатноста дека подолго може да трае. Јас кога многу ми фалеше сон давав мајчино во шише, 1 во ноќта, во тој случај може и друг да му даде. Сега веќе цица и спие одма. Синоќа стана 1, во 4, па во 8 сабајле, заспива до 10 најдоцна. Издржи, ќе помине.
И кај нас исто мојот е и со ад и пак кенка, плаче. Деновиве нешто е лев само на цице се смирува и запива око не сум склопила алармот му е на максимум штом спуштам глава на перница одма се јавува да го земам. Преку ден не ми е толку тешко ама навечер.... ауууууу
Искрено, баш ова ми требаше. Некој да ми каже дека е све нормално и ќе помине. Вчера од сите денови немав измолзено на страна и морав да го комирам со ад. Фала ви многу
Многу крш одговор од доктор. Ние не сме пораснати со многу работи ама не значи дека тоа било правилно, медицината оди напред, има куп истражувања и врз основа на тоа се даваат и нови препораки.
Fala ti..isto i na nas. Ama toa poveke preporaka ni beshe od ortopedot, a pedijatar vika i dvete. K1 i jas go trgnav.
Не знам што да кажам, дали е правилно или не, моја беше одлуката да престанам независно од тоа што он кажа. Секако внесува омега од формулата.
И последиците од многу работи ќе ги осетиме покасно во животот. Докторот сигурно едно добри 15 години нема прочитано нова литература.
Ние сме 2ипол месеци на ад сме мајчино веќе снемав скрос. Последниве 4/5 дена денски воопшто не спие се буди на 15 20 мин со плачење. И тоа што го спие постојано прета едноставно нема мирен сон. Незнам што и е а убаво си спиеше преку ден, навечер сврзува сон пак се буди ама презаспива ама денски никако. Наеднаш смени што може да е?
Дечки, се ближи сезона на комарци и други чудесии, што репеленти користите за бебуши? Во Зегин ми рекоа Крилен на Фрезидерм може да се користи од најрана возраст. Препораки?
Овој го користам неколку години и за нас и дете. Само не можам да се сетам дали беше 0+ или 6+ Едит: сега проверив на зегин вика 6+. Инаку одлично се покажа кај нас, а е природен препарат. Само мириса јако да знаеш.
Јас само за тие пусти комарци не го сакам летото. Бато кога беше бебе користев алки едни зелени, ги има во Зегин, мислам пак да земам од нив и да на закачам на количка една една на креветче и така, и едно зујало гледав од Чико, ако го користел некој нека каже. Јас лани се штитев еден период и со природни масла, па ќе земам пак и тоа, во едно шишенце алкохол со капки етерично уље од лаванда, рузмарин, чајник дрво и пеперминт и вода. Вода и алкохол 50-50, капки по 20 од секое, најмногу од тоа што сакаш да мириса најмногу, шишенце зимав од ДМ едни мали, значи не повеќе од 100мл искачаше и си правев на неколку дена.
Сега видов сум заборавила да постирам слика. @AngelOfArh ако не си го пробала ова пробај го. Го има во зегин.