Најверојатно Мене петтиот ми беше далеку потежок од четвртиот со првото дете. Со второво многу лесно ги поминуваме скоковите, кенкав е ама ништо страшно, се трпи. Е сега е во петти, се ближи громчето и две вечери заспива само во раце Ако не го земам плаче со солзи. Значи од бебе заспива сам во креветче, е овие две вечери не сака. Дали и болен дека е, па сака да се гушка ама 9,5кг богами билдаат мускули.
И ние немавме драматични скокови до сега, 4 најмногу го осетивме ама кратко беше освен ова со цицањето. Ептен кротко бебе имам
Најновата Авент да, најдобра е. Следам препораки пошто ме интересира што се дешава и според коментарите најдобра е. Сакав од старт да ти кажам ама ај викам да не се мешам. Го буниш со шишето, тој и кога напредуваше ти му даваше шише, имаш одлично бебе, тежина машала, немаш потреба од шише. Додуша он се научил дека ќе добие шише и чека. Издржи 1 ден, макс 2 и ќе се врати на цице ќе видиш, нуди на успано, на темно, смени положба, нешто смени и ќе се врати, ама заборави на шише, зошто пак ќе му праќаш збунувачки сигнали. Ти немаш бебе што не напредува, немаш потреба од шише, зошто да не доиш. Ќе се покриеш и ајт на здравје. Мене искрено не ми е срам, незгодно ми е за останатите да не се осеќаат глупо ама па сеа бебе е, му се јаде, ај ако не од дома да не мрднам дури цица за да не му се прицица случајно. Врвот беше на работа некни го носев и таму цицаше, јбг, викна за цице и морам да дадам, ме пикнаа во една канцеларија и цица бебе. Денес на паркинг цицаше позади Џакомо тате дур чекаше пица, некни на паркинг пред Бриколаж, ги владее паркинзите, темпира таман. Раат работа е ова цицањево, башка а ти се прилегнува прибери си дете, му се цица и легни си до него, оно ќе цица ти одмарај особено ако имаш ваков цицач ко мојот, да густира по пола саат ако не се тргнеш. Издржи мушки, штом си решена пола работа ти е завршена.
Дефинитивно е дехидрирана. Кажете ми утре да ја носам некаде итно или да помине денот да и додадам чајче, па и вода и да чекаме понеделник за кај педијатарот наш. Каде да ја носам на дежурно, каде е најдобро? Мириса мочката во 6часа намерно и го оставив подолго памперсот пак има многу малку мочнато, мириса здивот, ми се поти а нема температура. Си јаде нормално испод 90 мл не е и на 2,5-4часа макс. Прв пат се соочувам со ова, што ќе и биде терапијата? Од што се случува ова? Не можам да заспијам од грижи. Не ја преоблекувам, баш напротив, дома не е претопло, промената е едино од мајчино млеко на ад. А утре ќе купам бејбилов единица, да не е до тоа.
Јас од старт свесно му дадов шише и воопшто не се каам за тоа. Сакав да го научам пие и од шише за да можам слободно да го оставам и на друг, а и реално кога ќе почнам со работа не сакам тоа да ми дополнителен стрес, плус за месец дена ме очекува едно професионално усовршување каде ќе треба да сум отсутна неколку пати неделно по повеќе од 4 часа, а многу бебиња кои се на ексклузивно доење имаат потешкотии да прифатат шише подоцна, а тоа е и тоа како голем проблем за мајката. Од друга страна воопшто не ми е срам да дојам во јавност, но живеам во строг центар, каде на пладне кога излегуваме сами е невиден хаос од коли и луѓе и нема шанси да застанам негде сама стоечки да дојам бебе од 8 кг.
Носи ја во Систина, ќе ја рехидрираат ако е дехидрирана, не знам дали ти самата би можела да ја рехидрираш соодветно. Тие сигурно ќе и направат и кс па ќе ги видат сите параметри и ќе делуваат. Не се грижи, ќе бидете во ред
Мене матичниот кога беше бебе ќерка ми ми рече да ја проверувам на кожичката на стомачето, ако е дехидрирана кога ќе фатиш (штипнеш) на кожата, ќе се собере и oстанува така. Ако има солзи, плунка, влажно ѝ е јазичето, не е дехидратација.А и ако си пие нормално млеко, ми нема логика да е дехидрирана. Тоа што мириса мочката мене на бактерија ми личи. Сепак однеси ја нека ја видат.
Бебе ми е 18 дена, веќе ден два цица нормално од една града, а од друга ко да почна да се засркнува и ептен како да грчи во грлцето. Исто го местам цело време, подисправен во главчето, носето е чисто, ќе поцица и почнува да ја влечи брадавицата.
Kazete mi dali pravite inhalaxii kaj bebe 3+++, ima kaslica, maticen pedijatar sovetuva inhalacii? I kako inhalirate? Koj e najdobar inhalator?
Знам дека намерно даде шише, се сеќавам, ама мислам дека е збунет. Биди упорна, ќе се врати на цице. Вакво искуство со цице/шише има @jacqueline.s со големата.
Зависи, едната града има повеќе млеко секогаш, можеби му тече многу брзо ако имаш на неа повеќе млеко, провери, ако е така измолзи малку пред да му е дадеш да се подиспразни малку..
Да, со упорност се вративме на цице. Уствари мојата беше комплицирана од секој аспект, и шише и цице. Многу тежок период беше, првит 5-6 месеци. После тоа, до 2 години беше песна
Може е збунет иако мислам дека не е до тоа туку е до 4ти скок. Кај две мои другарки бебињата им се одбија од ексклузивно доење во 4ти скок и тоа не даваа шише, па почнаа да стагнираат во килажа и беа принудени да дадат на крај. Тоа е, ние со лесно го поминавме 4ти скок од страна на плачки и будења ама па од друга страна одбива цица.
Некаде мора да пукне. Ајде не се сеќирај, ќе се среди. Јас мислев не сакаш да доиш во јавност, затоа даваш шише. Јас некни го доев 3 пати на една уличка од 400м, седевме во кафич цицаше, тргнавме да си одиме викна да плаче, дадов цице стоечки, се смири продолживме, пак викна и најдов клупа седнав се доцица. Мене срам не ми е ич, ама народов е многу безобразен, гледа цица бебе и зјапа бре, очи вади. Еден дедо одеше по среде уличка, пешачка таква не со коли, кога виде дека бебе цица скршна скроз до мене помина, да зјапа човече, баба една гледа дојам очи вади во мене и седна на клупа да го закача бе. Осет малку мислам, па човек да видам да јаде не го закачам, ова исто му доаѓа.
Не се секирам воопшто, супер е напреднат досега, фала Богу здрав прав јак, пофален на сите прегледи,на 2 месеци на вакцина кога го носев докторката вика ова е како 6 месечно бебе, воопшто не изгледа како 2 месеци Целта ми е колку може да прима мајчино млеко барем до 6 месеци, да не биде без ич. Инаку воопшто не ми е срам да го дојам во јавност, а за народот нема да коментирам, одамна ми е јасно во каква пропаст од држава живееме.
Да јас правам уште од 3 недели инхалации затоа што требаше и повремено кога кашла му правам дома секако по пепорака на педијатар и сега пак моментално му правам сега е веке 4+++... Јас го имам пиконеб и сум задоволна има и повтино варијанти мислам дека исто вршат работа овој ми го препорачаа од аптека како еден од подобрите и околу 3500 денари го купив не е бучен и бебе е мирно кога го инхалирам, јас го инхалурам стоејќи му ја фиксирам главата под мојата муцка и рачињата му ги фатам оти сега е поголем и ми го вади цревото
Па зависи како ми е препишано некогаш само гизеолошки некогаш дексазон и физеолошки некогаш атровент и физеолошки зависи каква кашлица има но најчесто само физеолошки 2мл