Мајки кажувајте чаре како да се искака бебе.. на доење е (иако знам некогаш да му дадам и ад) и еве од вторникот не е какан.. знам дека се толерира до 10дена ама бебе се мачи не може да спие .. гасови цело време има и тоа многу лошо мириса од што не е какан.. пробав чај од ким му дадов, јас пиев, чај за лактација, и еве денес сварив суви сливи и ја испив водата и ги изедов и сливите.. ќе видам денес дали ќе има фајде од се ова а ако не..? Што друго се јаде/пие за да го протера бебе крајна опција ми е клизма од аптека.. за тоа ќе чекам 10ти ден
Ленено семе во јогурт да отстои па испиј го. Сливи и вода од варени сливи гледај да внесуваш цел ден. Течности, вода, сок, чаеви, манџи и супи внесувај што повеќе.
Од која рачна пумпа сте задоволни? Имам електрична ама веќе не ми врши работа ефективно, а не ми се даваат пари за електрична зошто за малку ми треба.
@NNK19 Не знам колкаво е бебето ама сок од портокал прави грчеви и гасови кај помали бебиња. Членки се фалеа од рачната на Медела, јас имам рачна на Chiccо и ок е, ништо спектакуларно. Денес ја купив Медела Соло електричната па ќе споделам искуства.
Сега видов дека има тема за пумпи и прочитав дека многу се фалат од медела рачната. Ќе ја купам. Знае некој во Зегин дали ги има или каде да побарам? Исто ме интересира дали се продаваат со стандардни инки или можам да бирам големина. На оваа што ја имам мислам дека инката не ми одговара.
Ја има во Зегин. Пумпите мислам дека им одат со инка М т.е 24мм. Провери со каква инка е пред да ја купиш па после можеш да ги контактираш Би Мек каде да најдеш друга инка ако не ти одговара или на сајтот на Митра види дали имаат инки.
Јас ја имам на Чико и мене ми е одлична. Ама јас имам мали гради и ми се погоди оваа. Медела одат стандард со 24 инка, ама можеш да си купиш каква ти одговара. Они се единствени со променливи инки и повеќе големини.
Најдобра одлука ми е што го научив и на цицање и на ад. Не одбива ни едно ни друго. Кога треба да излезам сама сум рат, секогаш можам да го оставам, а да не го мислам дали е гладно плус си вршам работа и седам на рат. Па и со него кога шетам малтретирање ми е доење во јавност. Си носам ад со мене, кога ке заплаче му давам и шетаме на рат. Си цица цело време ама еднаш дневно и ад му давам т.е. по потреба. Слободно му прави, на моево му правев на месец ипол.
Исто. Никаков проблем немавме се додека 4ти скок не нè исфрли од колосек. Познавајќи се себе ќе ми беше огромен стрес да знам дека треба да излезам а бебе ќе го оставам без храна бидејќи не фаќа шише или не прифаќа АД. Ама секоја мајка со свои убедувања
Па почна да мочка дури ги преполнува пак пелените и не отидовме денес, оставивме за утре и онака имавме закажано за друго, за окцето. Сега па има запек, густо со вриштење се покака. И земав Новалак против запек ама и бејбилов 1. Сега како да ги почнам наеднаш ли, бејбилов Пре користевме, за единица треба постепено да се воведе по шише на ден или??
Гледам дека си запознаена со пумпите и големините на инките, јас со првата пумпа не знаев дека инките биле со големини и дека требало да ми одговараат. И сега сум збунета... Треба да ја измерам брадавицата или ареолата? И колкава треба да е за да одговара на 24мм инка на пример?
Да да и јас не знам како би го оставала и како би функционирала да не прифаќа ад. Уште од самото раѓање почнавме така и еве фала богу успешно тераме. Вака комбинирано е големо олеснување, а треба да гледаме да си олесниме колку можеме.
Од кога почнавте да ги ставате бебињата да легаат во корито и како? Се ставаат тетри под главчето или?
Мајки бебето уште малку ќе прави 5 месеци, на ад млеко е и до сега супер напредуваше има 6кг. Пред една недела го меревме, вчера пак и нема качено на кг. Дали е нормално овој период да стагнираат, млеко пие по 120мл, но во последно време знае и 60мл со молење да испие. Ако има искуство некоја мајка, да сподели?