Јас секогаш така ја капам, од прв ден стави во коритото долу една тетра да му е меко кога ќе легне и кај главчето како перниче направи повисоко со 3 тетри да не му влага вода во ушињата кога ќе го миеш, оти ќе се наполни водичка и пази.. тоа е
Откако му падна папочето, некаде од 10 дена. Имам анатомско коритце, ако ти е обично земи си додаток, не се скапи, раат работа. Ужива да се бања. Ставам потопла вода, купка во водата и го миеме прво секаде па после му полеваме водичка со мерица со која го полеваме и си ужива некое време па го плакнеме. Пред да го легнам му го мијам лицето за да го измијам со чиста вода нели, да не биде прљава водата и толку.
На ваков ли додаток мислиш? И ке сака ли некој да ми пушти слика од Вигантол витамин Д? Не ми функционира гугл моментално, а ми треба. Никако не можам да отворам и најдам.
Таа е во поливалентната (хекса, пента) и втората доза ја закажаа на полни 4 месеци но мислам дека не ја закажуваат порано од 45 дена од првата.
здраво мамички, да сподели некои искуство со воспалена перианална жлезда? беба е 4месеци, таман ќе се смири пак ќе се воспали
Моја грешка ја заборавив дозата во болница. Втора доза по календар е на 2 месеци, на 4 нема, па на 6 трета.
Има ли некој педијатар да ве советувал при запек и тешко какање кај бебето да користите чепчиња или мини клизми почесто на 3-4 дена некој период за бебето да фати осет и ритам??? Прв пат слушнав, знам дека треба да се избегнуваат, а денес ваков совет добив. За мокрењето да и соберам мокрача и утре на испитување. Денес пак така, со саати сува пелена, после наеднаш утоп.
Јас колку што знам советот е да се избегнуваат, да се користат при потреба само за да не направат навика од нив. Ако тргнам од мене, после клизмата во болница неколку дена немав столица и долго време имав тврда столица после тоа. Ама од друга страна тука не знам дали може да се поистоветуваме со децата. Не можеш да прашаш и друг педијатар? Мислам дека кај и да се јавиш ќе ти одговорат на прашањето. Јаткасти плодови јадам. Кикирики сеуште не, ама не дека внимавам туку не ми текнало. Јаткастите плодови се познати како галактогоги.
Еве сега ми текна дека путер од кикирики јадам многу често. На колешка докторот и имаше кажано уште во бременост да не јаде јагоди и кикирики, а дали постои научна основа за тоа не знам. Ако се водам по логиката дека голем дел од исхраната е алерген, а не само кикириките и јагодите тогаш ми нема смисла ова.