Јадам, само мешунки не јадам. Путер од кикирики ми е основна храна мене, а и кикирики машала си јадеме со мм.
Мајки ми треба мислење. Дома спиеме на 23 степени па бебе спие во боди на кратки и пиџами како шпикозни со средна дебелина на ќебе (вреќичка не прифаќа периодот веројатно до скокот е). Сега сме мк, во спалната не пуштив греење и температурата е 18 степени ама до сабајле сигурно ќе падне повеќе. Облечен е исто само со подебело ќебе. Доволно е? Во што ви спијат на 15-18 степени?
Најискрено јас би пуштила бар малку греење да не дише толку ладен воздух, сепак и надвор е ладно, ќе паѓа температурата. Ова го кажувам тргнувајќи од себе бидејќи не можам да спијам во ладна просторија, можеби дека сум навикната на топло затоа што сме со парно.
Јас пак не можам да спијам на топло и едвај чекав да си дојдам да се наспијам без да се потам. Во другата соба има греење и вратата е отворена, па не знам колку точно и дали ќе падне. Овде не пуштам сега зашто не се подесува јачината на панелот и веднаш загрева многу а ми е страв да не заспијам. Утре ќе го облечам повеќе изгледа малку ми е облечен. А сега му ставив уште едно ќебе белки нема да го разболам
Од ладно не се разболува бебе, од вируси и бактерии се разболува. Во Скандинавските земји надвор ги оставаат на минус па се здрави прави. Моето спие во боди, тенки памучни шпихозни, вреќа плишана не полнета и тенко јорганче како фротирка е повеќе покриен само до половина, рацете да се надвор. Кога го зимам за цицање во 6 е ладен, ама телото му е топло, во просторијата е некаде 17-18 степени, не се загрева директно туку од дневна што е климата на слип пуштена.
Сите сме различни, затоа реков дека тргнувам од себе. Кај нас со парно денски температурата се движи околу 28 степени а и подот е топол затоа што одоздола врват цевките од парното, па често разладуваме и затоа реков навикнати сме на баш топло и на шетање боси по дома и на кратки ракави. И јас не сакам претопло во спална ама сепак сакам да ми е топличко Инаку, не се грижи, не верувам дека ќе го разболиш, добро е облечен и плус убаво е покриен.
Со ваков пластичен додаток го бањаме речиси од почеток. Не ни одеше со коритото, туку си го купивме посебно, има гумички од доле и си се лепи на самото корито. Многу корисна работа. Бебето ужива. Имаш во енци менци, може и нешто поевтино да беше од ова.
Кај нас во спална е 18-19 и спие по боди на кратки, блузичка и панталони (или пижами) во вреќичка. Сега некако и омале вреќичката и спие по боди на долги и еден слој од горе дали пижами тренерки и ќебенце. Насабајле е стандард откриена к без чорапи.
Имате ли препорака за шише/цуцла за да биде успешно да фати бебево? Пробав со на chicco, avent, но неуспешно.. Не сака никако да фати ниту цуцла откако е роден, ниту пак шише.
Mojata odma ja prifati cuclata Zero Zero na suavinex, ista linija ima i sise, imaat mnogu slicna forma na onaa na dojkata
Живееме во стан, немаме греење, сите станови под и околу нас грејат, изолацијата е одлична и преку ден имаме стандард 21-22 степени, навечер не сум гледала колку степени е, ама спие по боди со долги и панталончиња/долен дел пижамчиња. Ја покривам до стомаче зашто е с'клетчика и одма почнува да прета, мрда ако и' дојде потопло. Ако носи боди со кратки, тогаш облекувам и шпикозни. Некогаш се дешава пола ноќ откриена да ја помине па да станам да ја покријам.