@Pocahontas.93 ново е млекцето, завчера го купив, знам дека се користи само 3 недели, иначе за хип комбиотик се работи.
Првиот дел од вечерта спие сам во креветче, после накај 4,5 го ставам до мене. пробав и само цуцла да му дадам и само да го погалкам ама џабе пак си се буди, иначе и преку ден цица исто често на два саати. Вечерта иначе само цица и си заспива ама малку цица и тоа не го држи за повеќе време да спие, мислам дека се навикнал на два саати и така си тера и ден и вечер..
Тогаш немаш друго освен да почекаш да се навикне на млекото и да го држи, ако успееш да го "излажеш" така.
Овие две вечери како му дадов АД спиеше по 3 ипол часа после пиењето, ама сега проблемот е шо не кака и го мачи мешето, ако е од тоа уствари.. Ќе видиме ако треба ќе сменам млекце. фала ви на советите
Мислам дека не е до тоа ама ќе видите, времето ќе каже. Можеш да пробаш и со Аптамил, најблиску е до мајчиното Јас многу се секирав за какањето, какаше точно на седмиот ден и тоа само во петок Сите доктори ми велеа нормално е и навистина, само од себе си се регулира.
Јас мислам да ја земеш следната поголема цуцла, да не скокаш толку големини. Да не му дојде многу голема промена на проток.
@Angi266 И јас истото го реков. 0+ нљ 3+ ако одиш ќе ти голта воздух и ќе ти се дави, нема да знае да пие. Идеално е 1+ да земеш па после ако треба за месец дена смени ја.
Веројатно не му одговара хип комбиотик. Пробај со некоја ПРЕ формула, тие се најблиски по состав до мајчиното млеко. Инаку нема врска дека комбинација мајчино и формула е тешка за мешето, моето бебе е од почеток на комбинирана исхрана и немаше воопшто грчеви,додуша може кај некои ќе има,зависи од бебето и како ја прифаќа формулата
Па да, инаку слабо ќе му тече и ќе се нервира. Ќе видиш сама кога ќе му станува тешко, значи треба да смениш. Ние сме 4+, а користиме цуцла 1+ и ни е сосема ок
Која точно лажливка цуцла Бибс? Да пробам и јас, ништо од страна цуцла не фаќа и моево. 24/7 со цицка во уста сме.
Било која, исти се, само бојата и дезенот може да се различни, самата цуцла е иста. Само ќе ја гледаш големината да е 1, тие се за 0+ месеци. Ставив слика што најдов во телефонот од претходно што сум купувала
- Да е на адаптирано, од млеко со поголем процент на железо. - Од додатоци, капки за подобрување на крвта - Доколку ти имаш јадено спанаќ или нешто слично, а доиш - Доколку кака поретко, ради оксидација, ова ми го кажа патронажната. Кај моево се случува еднаш на ден само да има валкана пелена. И последно што би рекла свекрва, настинато меше има, оти не го чувам повиено низ дома. Е, за ова немам потврда дали е точно или не како опција.
Може да значи и дека е гладно Така беше кај нас секоја вечер се додека не уклучив вештачко Очигледно беше гладно само на цицање
На колку месеци почнаа бебињата да се вртат по вас во соба? Да се вртат од стомаче на грб? Да се интересираат за играчки? Да фаќаат играчки? 3 месеци сме а ништо од ова не прави....малку ме фаќа паника.