Мојата почна некаде после 3 ипол месеци да фаќа играчки и све пика у устс...и да се врти по мене, све у очи ме зјапа и снима што правам.. многу ми е смешна Инаку не се врти уште.. ама многу сака да седнува, ја ставам у 45 степени. Се крева цела сака да седи
На 2ипол месеци, уште му треба помош, и а 3м и 10 дена, ама прилично е упорен. Сака да стане, на меше кога е сака да лази чоекот, крева газот... Се на се мисли силен е а уствари не може се тоа. Во раце држи работи ама ја нема уште таа координација убава да фати и прецизно да стави во уста иако става, вчера шишето си го пикна сам во уста и си го испи цело млеко сам, му излегуваше од уста, му паѓаше, ама воглавно сам си го испи без помош. Вежбај, ставај на меше и пред бебе контрасни картички или некои играчки во јаки бои, нешто што шушка, што свирка, што свети, земи играчка и шетај му ја на отприлика 40тина цм од вид, лево десно, ќе се врти. И од различни агли на собата викај го, оно не си го знае името, ама на гласот ќе реагира. Со големиот ништо од ова не правев, се спонтано, па на 3г беше страшно инаетлив, реагираше само на Ајде чао! Ме вадеа од памет учителки во градинка, рандом ликови, дека не се врти на име, па дури и до изјави малку е артистички Е како прозборе на 3г нема застанато до сега на 7.
Ништо од тоа. Капки Д3+К1 и Колактаза само земаме. Освен ако е поднастинато незнам друхо што би било. Или си викам да не е гладно оти едната цицка ја прифаќа само заспана понекогаш и тоа, цело време е на лева па си викам нема доволно млеко. А да и додавам АД не сака цуцла.
Пред пола сат му направив адаптирано испи две голтки и заспа. Дали можам да му го дадам сега или да го фрлам?
Моето е 3 месеци и не се врти по мене во соба ама ме препознава и ми се смешка само што ќе ме види. По книга на 3 месеци треба да ги следи играчките од една на друга страна кога ќе му ги движиш и да се сврти кога ќе му прозбориш а не си му во видно поле. Играчките сега само ги следат, ги гледаат, можеш некоја игра да му правиш со нив и да му зборуваш, тој да гледа, да следи. Сега треба прво рачињата да ги отвора повеќе, после следи фаќањето играчки. Ако не ги отвора масажи на дланките можеш да му правиш, не да му ставаш играчки. Бебињата имаат палмарен примитивен рефлекс, затоа кога ќе им ги ставиме прстите во дланките не стегаат. Кога ќе исчезне овој рефлекс, најкасно до кај 5-6 месеци се способни самостојно да ги фаќаат предметите. За вртење без паники, се уште е рано. Од 4ти до 6ти месец треба да се вртат од стомак на грб, а од грб на стомак некаде од 5ти до 7ми месец. Сега многу tummy time и можеш ти да го вртиш од една на друга страна. Секогаш нели постојат исклучоци, патоказите ни служат за отприлика да знаеме кога да очекуваме некоја развојна фаза.
Фала ти на деталното објаснување, ме смири. Tummy time правиме 2 пати дневно со многу плачки ама не му попуштам...како Супермен се истегнува и глава и нозе
Ама ние сме на комбинирано заборавив да спомнам, а си напреднува и подобро од нормалното А сакав да ве прашам за некој трик како да проверам дали ни никнува забче видов на ТикТок со чаша стаклена ја ставаат на жлибината и побелува таму каде што се спрема да излезе забчето, а кај нас секаде побели е сега или не го разбрав убаво видеото или повеќе забчиња ни излегуваат одеднаш а прераскенкана е, многу лигави, рацете и се нон стоп во уста и најново - крвнички ја цуца мојата брада што дури сино ми стана ко бокс да сум мавната
Не му се сеќирај, некое побрзо, некое покасно. Само имам еден совет, не му ја држи главата, оставај го да вежба сам, нормално ти си на готовс да го фатиш во секое време, ама не го придржувај ко старите што фиксираат врат со рака, абе да не мрдне, јас ни на големото ни на малото сум држела глава. И ако не си го масирала масирајте се по грпче, по колкчиња, дланки, стапалца, да развива нервен систем да може да се опушти полесно, ова го слушав на едно предавање на Рајович.
Го гледав и јас тоа видео на Тикток ама според мене многу е ризично со стаклена чаша, да ја гризне не дај Боже, ќе му се скрши во уста
Инаку, веќе неколку вечери по ред кога спие испискува во страшен плач во сон, некогаш се буди и тешко се смирува, некогаш само ќе и ја ставам цуцлата и си продолжува со спиење, ама многу лошо и страшно испискува како нешто премногу да ја боли и не знаеме како да и помогнеме од што може така да прави дали од забчињата дали од стомачето, или пак дека сме на крај на скок… некоја со слично искуство?
Кога поминуваа таа регресија веќе? До сега беше ок, се трпеше, се будеше некогаш на два ипол, три сата, некогаш само два пати, му давам да цица и продолжува. Ама оваа ноќ е катастрофа. На сат ипол се буди, еднаш едвај го смирив и презаспива. Во 19та недела влегува од утре и се надевам ке си се врати по старо за брзо кога си ја преспиваше цела ноќ.
Леле бе како вака брзо растат? Не можам да постигнам со прибирање алишта, а богами ни со купување нови 4+ сме, а носиме 74ка, т.е 6-9м ама и тие ни стануваат кнап, сега летно што ќе нарачувам ќе треба очигледно да е 9-12 Како вчера да го родив, а тој веќе ми пораснал