Некни кога ги прибирав алиштата, ги видов тие со кои го земавме од болница, ко сум седнала да плачам, не можев да се смирам. А маж ми вика, не плачи друго ќе направиме па пак ќе имаме мало бебе
Остај, рикам на секоја кутија со мали алишта. И мм исто ме теши, ќе си направиме уште едно па ко ќе почнеш пак да плачеш на кутии ќе си направиме пак И се така ќе си правиме изгледа додека не престанам да плачам
Или ќе ви се погоди некое ко моево второ и нема да помислите на уште едно Вчера отидовме на роденден се дерел цело време, мм вика само што ја затвори вратата од надвор писна викна, цицајќи заспа, едвај дочекал да му даде млеко мм и го смукнал 120мл за 3мин и пак рикал, од премор заспал 10мин пред да си дојдеме. Е коа си дојдовме ме осети дека сум тука, отвори очите и еден осмех од уво до уво, ко Се зезав! Заспа после на мене и ме држеше со рака за пижамите да не му избегам, денес има пак роденден, во понеделник има родителска, ќе му биде на мм забавно осеќам.
Да, истиот период и моево престана да гуга. Еден период вежбаше пиштење во различни тоналитети и се замалуваше од смеење, па престана, сега пак почна да вришти ама овој пат колку што го држи гласот вика. Онака си лежи и си вика И кога не му е нешто по мерак не плаче туку вика. Аааааа еееее ииииии му се максимално извежбани, како и моиве уши, а и ушите на комшиите
Рачуна дека гугањето му е веќе усовршена вештина, сега учи нова, затоа и престанало засега да гуга Не знам точно која недела ама околу четвртиот месец почнува. Како и да е бебињата од 12 недела почнуваат да го развиваат циркадијалниот ритам, а целосно ќе биде развинен помеѓу 6 и 8 месец и од тогаш веќе стабилно ќе спијат.
Нема конкретна недела. Околу 4ти месец. Кај некои бебиња е поизразена, кај некои не се ни приметува. Јас мислев дека ја поминавме со 4тиот скок, ама не, грешно сум мислела. Еве неколку дена станува на 45мин-саат ипол со плачење. Го земам во раце, се смирува, некогаш и цицнува малце и продолжува да спие. И така во круг цела вечер. Денес само сврза од 3 до 6 па поспав Да се едитирам. Сега се подзамислив. Почна да се врти од стомак на грб од пред некој ден. Мислам дека се поклопуваат деновите со разбудувањево. Пред тоа си спиеше од 20ч до 3ч. Некогаш стануваше и во 6 да цицне и призаспиваше, а некогаш тераше до 7. Кога усовршуваат нова вештина може да им се поремети спиењето.
Сејм хиар, ама затоа смеење на глас и цикање, помалку ќенкање, повеќе интерес за играчките... Старите го викаат Менува детето, ние по ново викаме дека го поминал скокот. И јас не се откажувам, да симнам 10 килца и одам на трето.
Исто за играчките, а за смеење на глас само со ѕе сум успеала да го насмеам и еднаш пред огледало Јас не верував во тие скокови ама деновиве секое заспивање е со отпор давање и плачки и гоогле вика 4ти скок..
Ви се восхитувам кога ќе прочитам дека имате желба за трето. Навистина! И јас многу сакам деца, па и на некој начин професијата ми е поврзана со деца. Ама животот може ги нареди коцките така да биде. Првото гледано и израснато само и само од нас двајца. Ниту ден оставено некаде. Секаде со нас, и на пазар и на лекар, банка, работа, кафе, кафана.... И да, слободно можам да кажам дека сме намачени и напатени. И кога бил болен, двајцата сме бдееле на него по цели ноќи, никој не бил тука бар миг да дремнеме. Организација околу тоа кој да го носи/земе од школо, тренинг. Ако сопругот е на работа, дете оди само со такси. Ние двајца со мм никогаш сме немале своја приватност. А да признаеме, потребни и те како се неколку часови да си се посветиш еден на друг. До некаде тоа беше и причината што ,,одлагавме,, второ бебе. Сега сме влезени во шема ама не ни е лесно. Еве деновиве големиот е болен, гореше по цели ноќи од тт, ништо не помагаше,малото ноќе често се буди, јас сум спиена во 48ч.три- четири саати. Сопругот мора да одмори, зашто работи преку ден. Ноќеска сакавме да го носиме и на итна, не сакаше со татко му, а малово вреска ако не сум до него.... И знам дека ваквите тешки денови кратко траат, ама исцрпеноста, стресот и нервозата се познаваат на нашите лица. Да имав барем еден близок со минимална помош ич немаше да размислам и јас би одела на трето. Сега, нека се здрави и живи овие двајца, а Бог нека дава таму каде што нема.
Иста ситуација. Јас и мм сме сами со едно. Минимална помош од моите што ја зимаат 1-2 пати месечно. Планираме да се селиме и да бидеме сами со две Па ако преживееме, трето
На малиот од пред некој ден на образите му се појави црвенило и низ него има како пајажина (онаква како кога им е ладно) од што може да му биде? Дали некоја имала вакво искуство дали е за паника?
Здраво мајки Би сакала да ве прашам ако некоја од вас поминала низ исто да ми сподели искуство, со првото немав ваков проблем па нез од каде да почнам. На прва контрола на 11ти ден од раѓање (8ден како сме дома) ми кажаа дека малата ми качила само 160г. и дека тоа е малку па дека ке мора да се одмолзувам и да и нудам после подој плус млеко и од шише. Млеко имам ама таа брзо се заморува и заспива, нема што не правам и искрено ретко кога по 10мин цицање сака уште 5/10мин Дали некоја доела на тој начин како што ми кажаа, дали после секој подој нудите млеко од шише и како се чува тоа млеко милион прашалници имам во глава
Јас на почеток давав така, не баш после секој подој ама често давав шише, особено ноќе. Млекото се чува на најгорната полица во фрижидерот, најназад и може да стои до 4 дена, на собна температура моме да стои до 4 часа. Со ваков начин на хранење ноето качи 500гр за 10 дена.
Официјално синко почна да се врти од грб на меше Е сега кај и да го оставам само тоа прави, отсега безбедно место за да го оставам сам е само на земја, креветот треба да го заборавам
Моето имаше качено на прва контрола само 50 гр, ме советуваа да дадам дохран од 30 мл после секој подој. Јас немав млеко толку да измолзам и давав дохрана но не после секој подој, немаше потреба. Давав само кога осеќав дека немам млеко, околу 100 мл на 24 часа. До душа толку прифаќаше. Сега како потпорасна и имам малку повеќе млеко, давам во текот на денот 2-3 пати по 30 мл молзено(се одмолзувам скоро секој подој и навечер обавезно 3 пати кога и имам најмногу млеко) и еднаш пред спиење АД 30 или 60 мл зависи колку сака. Мој совет молзи после секој подој и давај го тоа ако имаш млеко, како ќе расте ќе влече повеќе и нема да треба да одмолзуваш. Ние 1 месец ќе правиме и сеуште не ми ги испразнува градите целосно.