Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Srcka28

    Srcka28 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    2.800
    Пол:
    Женски
    Мојата на прва контрола имаше паднато уште 80 гр. Се роди 3400 , не испуштија со 3180гр. На прва контрола беше 3100 гр. Докторката ми рече само јас чаеви за лактација и да нудам почесто , на наредната контрола за недела дена имаше качено 500гр. Така да нормално е , мали се не фаќаат убаво , немаат сила, ќе се среди. Јас не сум дала млеко од шише , ни ад , што мислам дека ми е гоооолемааа грешка , барем едно шише за да не ми плука сега кога ќе мирисне каша со ад, или кога ќе види шише.
     
    На ***Bony*** му/ѝ се допаѓа ова.
  2. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Конечно најдов за прикачување слика од тел:D. Некој искуство со вакво нешто? Имам пишувано педијатар рече алергија, на детска клиника не ни знаеа што може да е, на крвна слика се во ред не веруваат дека е алергија, освен покачени леукоцити кои според нив не значеле ништо. Немало потреба на очен според матична.
    Сега на тикток ми излезе тешка состојба, со апарати за дишење дете и помеѓу ваква слика со окото црвено:u:снемав памет во истиот момент.
    Мм е на страна на докторката дека не е ништо.
     

    Прикачени фајлови:

  3. Nela_21

    Nela_21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2021
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    847
    Пол:
    Женски
    Jas koristam sise tomme tippee, cuclite bea 0+ (br.1) , 3+ (br.2), 6+.... Jas na 2,5 meseci koristev veke 3+.
    Ne znam kakvo si koristis ako odat tie 0,1,2,.. na primer zemi sledna brojka sto sleduva po taa sto ja imas momentalno
     
    На Angi266 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    620
    Зошто не прашате друг педијатар? Не верувам дека е нешто до толку сериозно, ќе имавте и друга симптоматологија сигурно. А матичната како е толку сигурна дека е алергија, од око? Мислам личи на алергија ама ваљда треба некој тест да се направи пред да утврди? Или јас сум грешка?

    Што направивте со испитувањата за мокрача?
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да го однесеш на друго мислење. Оди на приватно Систина или Ремедика,ќе се ангажираат навистина, ќе направат анализи и точно ќе знаете што е. Кога ќе речат не е ништо многу ме нервираат, ок, може не е ништо сериозно ама се појавило поради нешто и мора да дадат објаснување од што е реакцијата.

    И не се тревожи со видеа од Тикток, знаеш дека таму има сè и сешто, само најди си добар педијатар и барај и второ па ако треба и трето мислење.
     
    На H.VAGA, gothchick, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.415
    Допаѓања:
    8.519
    Пол:
    Женски
    Ремедика или Систина води го што побрзо, не е ништо озбилно сигурно, ама мора да има зошто е така.
    Моја препорака Ремедика. Темелни се, презадоволна сум. Матичен немаме уште, се таму го водам.
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Ремедика нема дежурен педијатар.
     
    На H.VAGA и oblace1 им се допаѓа ова.
  8. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.353
    Допаѓања:
    3.121
    Пол:
    Женски
    @gothchick Утре од сабајле е Марина Поп Лазарова на работа во Ремедика ако ти е од помош
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Многу е малечко бебето и немој така да го оставиш, може да го чеша а да не знае да се чеша, провери си што е. Моето вака прави на одредени делови на лице но кај нас е атопична кожа, ставам афлодерм и се смирува.
    Како што ти кажаа оди на приватно или на кожен лекар, за очно мислам дека не е
     
    На gothchick и oblace1 им се допаѓа ова.
  10. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.415
    Допаѓања:
    8.519
    Пол:
    Женски
    Точно нема дежурен, ама во сабота има педијатар.

    @gothchick Иди утре во Ремедика обавезно, фати ја Марина, пре предобар педијатар е. Малото кај неа го водам.
     
    На gothchick, Thinkerbell. и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  11. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Во мокрачата исто леукоцити и епителни плочести клетки покачени, пак совет дека не е ништо страшно референтите во биотек за леукоцити биле пониски и да додадам течност вода или чај за да мочка почесто ( сега имаме една-две максимум пелени суви) плус почесто одмивање долу.
    Фала ви мајки, да не ве тагнувам сите мора да се најде причина, мада откако отфрлив мајчино се јавува све поретко и никако не можам да отидам да видат лично, само на слика зошто исчезнува за две три минути. Ова го имаше и на ден на раѓање, на првата слика и се познава. Ми се имаше покакано во водата пред пораѓај, може и тоа да е. Од Чаир ми рекоа коњуктивид и капки стававме, ама демек се очисти..
    Ќе ја имам на ум докторкава од Ремедика, ќе напнам пред велигден да се отиде некој ден, врзана сум дека не возам треба да се подрасправам малце со мм да го убедам зошто он верува во тоа ништо не е и дека е од напор при јадење (него го израснала истата докторка, а си имал и он тешко детство со тешки бронхитиси, запек, настинки и затоа се колне во неа).
    Она на тикток што го видов беше поврзано со респираторен проблем, дали од напор на тоа исто му се формирало или е не дај боже нешто поврзано:worried:
    Инаку си јаде, качила 960гр за месец, се креваме во седечка положба, на стомаче се крева со главата како желка, прати предмети, се смешка, па некогаш и гласно и си гуга по малце. Едино мочкањето, запекот и црвенилово ни се проблем. Утре прави 2 месеца:inlove:
     
    На Pocahontas.93 и rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr им се допаѓа ова.
  12. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Сега кога кажа дека се покакала во плодовата вода се сетив дека истото и се случи на братучетка ми во Битола. На малата уште во болница кога се и се јави црвенило на лицето и заклучија дека има инфекција од мекониумот во плодовата вода. 14 дена ги држеа во болница и малата беше постојано под антибиотска терапија. Не сакаа да ги испуштат од болница додека не беа 100% сигурни дека инфекцијата е излечена и малата е безбедна.

    Остави го маж ти што се колне во докторката, ако е инфекција треба брзо да се реагира, ако треба барај некој друг да те однесе со кола на педијатар ама не оставај така.

    Не знам и зошто ти рекле да престанеш да доиш, обично ако се сомневаат на алергија на храна ја ставаат мајката на диета/режим, но досега немам слушнато да кажат да престане да дои.
     
    На Skyler, H.VAGA и Pocahontas.93 им се допаѓа ова.
  13. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Десната града малку по конфигурација ми е поинаква, а откако престана бебе да ја прифаќа уште помала ми се чини дека е.
    Дали е тоа причината што не сака од неа да цица? Кога ќе фати да цица од неа се гади.Се плашам дека е не најадена од едната града само. Не знам како да постапам а ова не ми личи на мал проблем.
     
  14. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    8.131
    Пол:
    Женски
    Кај мене исто ова беше случај кога бебе имаше 3 месеци.
    Упорно ставај ја на таа града, кога е гладно секако ќе фати.
    Јас така успеав иако и мојава си имаше омилена града и се гадеше кога ја ставав на другата.
    После некое време ќе се поврати лактацијата.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Ептен ако е успана се случува да цицне од неа инаку не фаќа за жива глава, се гади, плаче.:(
     
  16. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, моментално сме 2+, на цицање сме, а некогаш кога сум излезена мм му дава мое молзено млекце на бебе. Му дава 120мл. Дали е многу(или пак малку) млекце според возраста? Овде ве читам давате 60/90мл и на 3 месеци. Споделете искуства вие кои давате молзено?
     
  17. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    8.131
    Пол:
    Женски
    Не знам, јас бев многу упорна и ја подметнував на било кој начин, може така се погодило.
    Инаку и кај мене имаше драстична разлика од една до друга града. После се изедначија.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Секое бебе е различно, мила. Ако нему му е ок, ако си го пие и не повраќа после тоа значи во ред му е, нека си крка бебка.
     
    На najjacha и Anika55 им се допаѓа ова.
  19. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.415
    Допаѓања:
    8.519
    Пол:
    Женски
    Нема ограничување за мајчино млеко. Давај му слободно, ако му е многу, вишокот ке го поврати.
     
    На najjacha му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dina911

    Dina911 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво, да ве прашам малата ми е 4 месеци, и има потпарено не пеленскс регија веке 10 дена, пробав со креми на Веледа, фризидерм, Мустела 123, Судокрем, некако на судокремот како највеке да ја смирува, ама уште не е поминато. Ве молам за ваши искуства. Од пелени користам од ДМ, дека кај првото дете се покажаа ептен добри