Пробај смени пелена, може се исипува од пелени или влажни марамици, ако не поминува води го на лекар. 10дена се многу да седи така, сигурно го мачи.
Ти благодарам, ке пробам да сменам пелени, ми ги предложија бекутан, па ке пробам со нив. Влажни не користам, со памучни крпчиња ја бришам и обавезно ја мијам после секое какање.
Бебе има грчеви. Дома имам саб симплекс. Не знам дали да дадам(без да ми каже педијатар) и како се даваат?
Пробај да ја доиш во друга позиција, изгуглај позиција фудбалска топка или пак лежејќи. На ниедна 2те гради не ни се исти. На крај краева молзи и со шприц давај. Да знаеш може и да имаш повеќе млеко, ако е помала, повеќе канали да се отворени и да се дави од тоа. Јас имам таков проблем со едната града.
Дај слободно ако има 21 ден бебе. Мене педијатар ми имаше кажано 3 до 5 пати на ден по 15 капки после доење.
Има да. Прв пат ми плаче вака, претпоставувам дека се грчеви. Но се прашувам дали на скоро месец може да фатат? Јас знам дека 2 недела од раѓање фаќа ако фати..
Јас ги давав без препорака од педијатар. Три, четири пати на ден после доење. Само не помнам по колку капки, ама ти пишале погоре.
Нема правила, може да добие од почеток од одма, моето на 6ти ден доби грчеви, го тресеа 1м па пауза и после на 2ипол месеци пак го тресеа.
Можно ли е во регресија да одбива да цица? Кога е нервозен и кинкав не сака да цица ич, уште толку плаче, се трга, тегне, го врти главчето на назад. Досега му се нема случено вакво нешто, напротив на дојка се смируваше.
Дадов и ставив термофорче на стомак. Се смири за сега. Внимавам на храна цело време но денес без да помислам изедов нешто што не требаше и одма изреагира. Фала многу на сите.
Одмивај само со млака вода и смени памперс, нас најпогодени ни се памперс премиум и ставај крема што мислиш дека и помага
Пробај држи го вака плус нозете собрани на тело, на моево многу му помага тоа и веднаш испушта гасови и се смирува
Бебка си пие, ама после тоа си повраќа. И тоа неколку дена по ред. Мислев рефлукс има, завчера го носев специјално на педијатар да ми каже дали има некок проблем. А денес 160мл од еднаш молзено си испил дур бев излезена по обврски. Лаком ептен
Не прават секаде крвна слика пред вакцина. Не знам сигурно ама ми Изгледа само овде дека е така. Имам другарки во странство таму не прават. Јас до сега пред ниедна вакцина не правев крвна слика ниту ми побарале. Правев два пати крвна слика ама не во врска со вакцина. Еднаш поради повраќање и еднаш поради тт.
Кога е нормално бебе да спие подолго во текот на ноќта без да се буди за јадење? Бебе ми е 2 месеца а од 11 навечер до 6 сабајле си спие без да се разбуди.
I nie spieme od 7ipol - 8 do 6,6ipol sabajle ama na 4 sati se budi za mleko i si prodolzuva. Kolku ml pie pred spienje?