Моето од 2 месеци до 3ипол месеци врзуваше 6-7 саати без будење за јадење. Ако добро си напредува нека си спие, нема потреба да го будиш.
Ја знам позицијата ќерка ми само вака се смируваше. Ова за жива глава нејќе да лежи така. Спиеше убаво, ќе видиме вечер дали ќе не повтори. Ти благодарам.
И јас прашував исто со тоа што неколку денови после 4-5 часа поминати јас давав шише од страв да не дехидрира. Сега кога ќе се разбуди сама давам. Дали на 3, дали на 5 часа. Тоа за ноќе. Дење си тераме од 2,5 до 4 часа во зависност колку испила претходно бидејќи прилагодуваме дози во овој период.
Пие 90мл плус 10-20мл чај. До сега заспиваше во 10 навечер се будеше во 3 и во 6 сабајле. Ама ова во три почна да го рипа. Знам понатаму ќе си ка преспива ноќта ама да не е рано уште
Мајки како ги будите поспаните бебиња кои имаат жолтица? Не можам за цицање да ја разбудам, голичка по боди лежи и будна е по 5мин, цица од една града малку и заспива. Пробувам на секој саат да ја будам за да цицнува по малку, во болница убаво по 15мин цицаше обилно а дома не. Земав шише Авент за да дадам измолзено, не знае да пие од него. Се мислам Аптамил да земам и да не се мачам, претешко ми паѓа ова. Малечка е 2200г нема сила, ама ми е многу страв вака гладна.. давајте совет првпат се соочувам со жолтица кај бебе.
Јас ја кубев ќерка кај ушињата. Греотка е, ич не ми беше убаво ама само тоа успеваше. Ја скокоткав, со вода ја миев, ја кревав ништо не ја будеше. Многу мачен период ми беше, мислам дека детево 2 месеци будна ја немав видено.
Штипкај ја за ноџето кај петичката, и скубнувај ја кај увцето... Буди ја на секој саат како што правиш и не се грижи. мало им е желудничето од малку се заситуваат. Мојава е родена 2500. Имаше жолтица 2 недели.. одвај цицаше по една минута , ја будев на секој саат. Првиот месец качи 1кг. Жални се многу. Побрзо да поминува мајка
Може ли бебе од три месеци кога го оставам на перница се крева како да прави напори за седење? Исто и кога го држам се витка? Да се грчеви не верувам оти не плаче? И може ли да е почнат процесот со никнување на забчиња, кога и ги масирам непцата како да ужива
Бебушот ми е 25 дена. Прво менуваме пелена ако е смирен, ако не прво цицање. 90% од менувањето пелена ни е со плачење, дури цица чудно ме влече и негодува како растревожен, после цицање на рамо да ждригнеме, не сака воопшто, се удира од мене и плаче. Веќе секој подој ми станува стресен. После сака во раце, а и така му треба време да смири плачењето. Што правам погрешно? Мислам дека немаме моменти на игра, кај што си лежи смирен...
Да, нормално е да почне да се крева за седење на 3 месеци. Се витка кога го држиш затоа што си ги гледа ноџињата Иначе не се запчиња, туку почната е оралната фаза, сака сè во уста да стави, и негови и твои раце, па и предмети.
Не правиш ништо погрешно и моето многу мразеше менување пелена. За цицањето не знам зошто, може има гасови па е нервозно.. исто ни во раце не се смируваше моето лесно на почеток, само со цицање.. среќно мајка, мал е бебуш, ќе биде подобро
Сосема нормално е се што прави. Освен што не растат заби туку почнува да истражува со тоа што се става во уста. На 25 дена старост тешко дека ќе имате игра, тоа сеуште претежно спие. Јас не се водам по правилото прво преслакање па после јадење, преслакам кога е за преслакање, давам да цица кога му се цица. И моето е плачко, најчесто заспива на цице па ждригнува кога ќе се разбуди, нема место за паника воопшто. На 25 дена старост мислам дека бев како робот, само цице, молзење, преслакање, борба за спиење, борба за смирување, се осеќав ко во бубањ. На моменти да се прашаш Што ти требаше ова мајка! Сега веќе е полесно каде каде, односно од месеципол натака. Бебе денес и вчера кака нон стоп, јадев спанаќ, може од тоа да е? Течничко е, ама не се жали нешто многу, весел си е. Во среда сме на педијатар па ќе прашам, до тогаш не би да го носам.
Да и мојот тој период почна да пробува да се подигне. После едно време прекина да го прави тоа, па по 4ипол месеци па продолжи. Нормално е