Нормално, сега ќе почне да пика во уста се, да гризе демек, ќе мислиш заби почнале, а нема врска, орална фаза почнува. Честито прво чорапче во уста кај нас! И пак заспа во 7ипол, во 10 го разбудив за цицање и стварно раат вака кога заспива рано, имав време да си средиш дома, ти да се средиш, филм да изгледаш... ќе смени гарант, само сега да поуживам. Според апликацииве и др. Гуднајт сме во скок, трети, освен што знае да се дере на пладне за заспивање друго не гледам нешто. Ама приметив дека сака да спие во затемнето, така и подолго и поубаво спие.
Можно ли е при крај на скок да е нервозно? Според Др.Гуднајт сме при крај на 4ти скок, за неколку дена завршува скокот, а овие два дена е баш нервозно. До сега ок беше, добро го поминавме, освен што почна да се буди преку ноќ. Ама ова денското кинкање, плачење е ужас. 4ипол месеци е и никогаш не било вакво.
исто е и кај нас, и ние сме 4ипол месеци и ужас е!! Никој и никако не може да и погоди, плаче без причина ретко така да се “заигра” или залаже по нешто па да биде мирна максимум 15 минути колку мама да има време еден брзински туш да удри за да не мириса и на повраќаници и на каки и на млеко и на све
Истото е и кај нас. Заспа со вриштење, се разбуди сега пак со вриштење, никогаш не било вака, ниту во пикот на четврти скок. Ќе издржиме мајки, валјда се гледа крајот!
Аууу ние во моментов шо најверојатно не сме во скок како вриштиме, тек 4ти кога ќе стигне оф леле мајко. Со детето ќе издржам не е проблем, коментарите кој ќе ги издржи. Parents in law многу се загрижени дека детето ни плачело, само проверуваат шо му правиме, штом вака плаче. Не сум го слушала детето шо ми кажува, сум наметнувала свои правила. Утре ќе го замолам погласно да ми каже шо му е.
Мојов треба цело време да го занимаваш или носиш во раце за да молчи. Душата ни ја вади пд вчера. Леле исто, тоа му е ново во сред ноќ се буди и вришти. А баш беше ок дури и во пикот што викаш, во 17та недела што беше. Таман помислив ке го средува спиењето како се ближи крај на скокот оно бетер е. Целокупно е бетер.Се надевам за некој ден ке помине ова плачење и вриштење зошто е голгота.
Дефинитивно најглупавото прашање зошто плаче? Па јас да знаев немаше да плаче он!!!! Кај мене освен тоа знаат и да прашат зошто мрдна така? Зошто се грчи? Нормално ли е? Нормално е да не поставувате глупи прашања
Јас го добив првото Ти го научи на раце. Одговорив па јас го научив, јас си го носам, секако не ми го носи никој друг. Не знам само како ме видоа дека јас го научив кога од раѓање 4 пати се на се го има видено во 3ипол месеци.
Не се возможни значи. Јас му одговарав : да јас си го научив и ќе си го држам. Ќе порасни и нема да го држам, ќе го молам да го гушнам. Мене ме нервираше кога некој ќе ми речеше: остај го нека поплачи, како ќе се научи. Бебе не плачи од бес, плачи за нешто. Еве сега на 10 месеци има еден плач кој се познава дека е глума, за внимание е. Ама на 3, 4 месеци...
Ама и мојот глуми, еве го 10мин глумеше плачење и се смири, сега ќе заспие ваљда пошто не му пројде плачот да го земам у раце, беше типично меу меу викање, не дека плачеше, се смири и сега ако заспие ок, ако не ќе станеме. Боже на 3ипол месеци како не врти на мал прст... Не знам еве искрено како бебе што плаче може да го оставиш да лежи, еве не знам... И која е поентата, зошто, да го воспиташ, па тоа појма нема што му се дешава, јас ќе го воспитувам, уште ќотекот да му го мавнам. И не знам бебе што цица како се одучува од раце, како ќе цица, ваерлес? Ево чудим! А искрено тешко е, само во мене се смирува и заспива, ама што да правам, 90% од времето е со мене, како да го смирам поинаку?
"Абе остави го нека плаче, што трчаш одма" Сигурно толку мало ќе го оставам да плаче за да се научи. Само не знам што очекуваат да научи бебе од 3-4 месеци со плачење. Ќе седам јас ќе кулирам и ќе гледам како плаче, а можам да го смирам. Ахам, важи!
На големо делат коментари како не го учи на раце и остај го нека поплаче, а кога ќе дојдат прво шо прават е да ги земат во раце.
Да, делат такви совети а појма немаат дека бебе до 4-5 месеци, па и до 9, не знае да глуми и не плаче без причина. Кога плаче има некоја потреба, не мора да е за храна или сон, може едноставно да бара утеха и поддршка. Ама тоа е, кој да докаже на луѓе заглавени во минатиот век, кои не прочитале ни два реда литература, не зборам само за постарите, има такви и млади, за жал.
Исто 4ти скок кај нас, како издржувате мајки цела ноќ неспиени и после цел ден со бебе анимирање или носење во раце? Веќе едно кафе не е доволно Синојка од 1:30-3 не можев да го успијам па после на секој саат се будеше.. и се усоврши од меше на грб да се врти, само штом ќе го ставам за тами тајм вика ноуп и се врти исто сме со викање за дремки понекогаш.. бар да беше убаво времево за шетање надвор не знам што совет барам, изгледа да се пожалам да ми олесни
Мајка ми така се силеше. Ми викаше не му давај да цица толку често, дај јас ако треба ќе го почувам. И го оставив еднаш јас отидов по големиот во градинка. Уште не вратена ѕвони вика дојди не можам да го смирам. И од тогаш и нацицан се плаши да го причува, а камо ли ненацицан . Само надвор ако сме и ја сум на 5-10 минути оддалеченост. Виде и она што значи моќта на врисокот. Пред некој ден и со мм направи скандал. Нацицан го оставив јас до Капитол да испазарам нешто и да свртам круг. Ѕвони и вика доаѓај со трчање. Пуштил сирена на најјако. Среќа му текнало дека под туш е бајче па расоблекол дете и двајцата во туш кабина. Влагам дома препотена, а тие двајца уживаат во туш кабина . Е така лесно е од страна да солиш памет, ама снајди се во ситуација . Битно и комшиката ме фати дека се враќам од шетање, а сум го оставила детето да вриска дома.
И јас да кажам што ми лежи на душа и страшно ме нервира со тие коментари. Посебно од родителите на мм. Појдовме за 40 дена кај нив после молитва. Бебево како за инат таму фати грчеви и почна да корне од плачење. Леле кога почнаа, што му е, зошто плаче, леле ова не е нормално плачење, и дома вака ви плаче? .. Сум се извадила од такт како се смирив да не ги отерам у... не знам. После си викам па добро бе луѓе зар деца не изгледавте, како ги пораснавте. Ама тоа е останати во друг век. Од нив, после тоа сум го носела детево на педијатар да не стварно плаче заради нешто друго. И секое јавување на телефон им е омилено прашање, ви плаче? А што да прави бебе кога не знае да збори.