Мене ми викаат дека многу сум читала. Требало искуства на постарите да слушам, нив не им било прво дете, во ниедна книга не пишело дека е нормално детето да плаче еден саат. А моево преморено, тешко му оди заспивањето денски и од умор не може да заспие и плаче. Како да им кажам дека се заглавени пред 30 години.
Хахахах мајка ми прва беше "Не ја учи во раце", "Остај ја нека плаче", "Не се потресувај толку", "Не трчај на секое кенкање".. Oh well... Една година подоцна она го прави горенаведеното и многу повеќе. И сега јас сум таа што вика така Оти не е истата причина зашо вриштела на 4 месеци и на година и 4 месеци нели На 4 месеци нема да ја оставам да плаче оти има причина за тоа плачење. Е сега нема, сега може да си плаче и да вежба плуќа и се што сака А да, и тоа "И сега зашо плаче" ќе си го слушате уште долго време. Јас никако не сфатив како можам јас повеќе да знам од нив сега зашо плаче. Сите заедно у просторија, и детево почнува да плаче. И сите ми се вртат мене да им кажам зашо плачела. Амм... Прашајте ја, па кажите ми и на мене, и мене ме интересира
Уф значи кај сите биле исти маките од странични суфлери како што ги викам јас и мајка ми претерува ама нејзе барем можам да и кажам а на свекри не ми е згодно да и кажам оти не сакам после на криво да ме гледа и затоа му кажувам на мм да и каже а тој пак е у фазон не се замарај терај си по свое. Е не можам да не се замарам кога некој константно и индиректно и директно те пецка нешто
Буквално на сите исто ни се случува. Свекрва ми вика во нејзино време не било вака, се слушале постари. А она се прави дека знае повеќе од педијатарот, не треба педијатарот да го слушаме не било тоа точно. Кога имаше грчеви ни викаше не се грчеви тоа, туку вие го премрзнувате бебето со по едно боденце затоа ви плаче. И сега лута е не сме ја слушале, ја нема да дојде да си ја види внуката. Ама барем не ми се меша, раатлук.
Замоли ги да ти дадат упатство за употреба па сподели И кога глумат дека плачат имаат причина, се вика досада
И кај мене исто. Ден не поминува без тие коментари не ми се пушта веќе човек во куќа или јас да одам негде. Од помлади немам такви маки, постарите се проблем. Сите блиски, а најмногу свекорот ми се меша и коментира ладно и е, сврти ја, стави и капа, дај и да јаде, ако спие вика доста спие, ако не спие вика зошто не спие, зошто ја носиш надвор нема 40дена, сега е доста сте дома излезете, ако дува малце каде одите дува, зошто не цица, доста цица ќе се поправи, не ја учи во раце, кога и да дојде а јас ја ранам вика ете ја научила во раце, не ја учи со тебе, нека не спие со тебе, бебево плаче или е љута и вика ете на мајка и е…тоа и коментари за домаќинство плус, јас со бебе во првите недели сум очистила онака поминато со крпа, колку да нема прашина ми коментираше дека е замачкано, зошто сум направила ручек за два дена, требало секој ден различно. Еднаш му ја оставив за да дремнам, се јави на сите на камера да се пофали дека ја чувал и после тоа дојде да ме разбуди, немаше ни еден саат поминато, а она спиеше не дека беше проблематична. Еднаш се налутив, не разговарав и тогаш пак бев крива, дали сум сакала како комшии да живееме. Инаку куќа до куќа сме во ист двор и влагаат излагаат како дома да си се, како да не сме одвоени. Леле луѓе немам нерви со него, а 80% од работиве и други ми коментираат освен свекрвата (разведени се). Едно ќе памтам и ќе знам здравје на моето јас вака да не правам, ужасно е и спремна сум да се скарам засекогаш, полесно ќе ми е жими све, јас мм и бебе и така никој не ми помогна од прв ден до сега со ништо. Се изнапишав, ми олесна
@gothchick А сопругот што прави? Молчи? Ако тебе не ти е згодно, макар што мислам дека според сево ова јас веднаш се би му објаснила убаво, тогаш зошто не му кажеш да сопругот? Никој особено свекор не би дозволила да се однесува така со мене.
Молчи и ми вика да не се замарам да не го ни слушам, зошто и он не може на крај да излезе со него, овие сесамо лично со мене проблеми иначе си има уште ама на страна од темава се. Ако му се објасни дури и на најубав начин ќе настане огромен проблем до не комуницирање и јас ќе сум крива како помлада што не сум трпелива и смирена.
И јас вака си викам, само на моето да не му го правам истото. Во моментите кога на некој му е потребна голема поддршка најгрдо нешто е само критики да примаш. Тоа што некој има различни родителски ставови од твоите не значи дека прави нешто погрешно. И ко дете, кога не ми се допаѓаше некое однесување спрема мене викав вака нема да им правам на моите деца и ги памтам уште тие работи. Се надевам паметот нема да ми се земе на стари години.
Многу им објаснувате, јас на се викам аха, ти го научи на раце, јас го научив, немаш млеко, немам, не цица, не цица, седи гол, седи, немајка си, сум... Ми е гајле што мисли некој што 3 пати го видел за 4м. Само на мајка ми знам да и се објаснувам зошто ми е мајка, на другиве... или одговарам на се иронично.
Мене ми се прејаки кога ќе претпоставуваат зошто плачи бебе. Јас сум 24/7 со неа и не дека секогаш знам зошто плачи ама отприлика си имаме распоред и спрема часот знам дали е гладна или и се спие или било што. Па имаш, аааа овој плач е за гладно, а бебе јадело пред пола час. Сигурно му студи сега, не носи хулахопки и за тоа плачи. Сигурно, на 23+ степени во соба ќе носи и хулахопки и хеланки и фармерки од горе. Ако треба и скафандер. Тоа за држење в раце е друга приказна. Моево пак дека во раце заспива, цели романи се тоа. Додека можам да редактирам. Забелешка од свекрва зошто не сме и праќале слики од бебе. Ако не го видела повеќе време ќе го заборавела. Инаку во ист двор сме. И не го гледа само ако е настината, не дека некој и забранил да го гледа.
Мојов рика мислиш го дерат, па престанува ѕирка со едното око дали сум тука па продолжува. Ова се дешава само за јадење само тогаш плаче, најголема трагедија е ако се успие 10 мин.... ауууу ќе не пријават во социјално цело мало не слуша
Poslednite dve nedeli sin mi kaka ednas vo 2-3 dena. Eve sega 4 dena kako nema stolica. Se maci izgleda ima zapek. Samo ispusta gasovi. Porano i po 7-8 pati na den imase stolica. Dali moze pricinata da bide mlekoto. Od ragjajne sme na ad aptamil pre. Vo cetvrtok imam termin kaj pedijatar ke go prasam. Dali ima nekoe bebe kako moeto prvo da go polnelo pampersot poveke pati na den i odrdnas da namali?
Да, уште на мајчино преку ноќ смени какаше секој ден обилно до гуша, после почна скоро секоја пелена да има малку каки и преку ноќ смени да не кака по 4-5 дена, јадев сливи киви што све не беше џабе чепчиња ставав на два пати во 14 дена. Преминавме на ад она пак проблеми уште потврда столица ( брбушки), во тој период сменив за грчеви и давав Колиеф, а претходно Нурс харвеј со Ваја пробиотик. Се вратив на Нурс и сменив на Биогаја ( ја имам од раѓање тогаш па проблем ни направи). И од пре сменивме на 1. Не знам дали е до тоа ама сега кака секој втор ден, тврдо и со мака, не е лесно како на почетокот ама бар е редовно. Ако продолжи вака ќе и земам сирупче за омекнување. Пробај др пробиотик, ми кажаа дека нема штета од менување. Или земете сирупче. Ми го кажаа ласс б сируп. Дали си мокри редовно? Ми рекоа и додатна течност (чај, вода) за да и омекне и какито (ние имавме и со мокрењето мака). Сподели што ќе ти каже педијатар, кое е чарето, мојава не ми е толку верна што ми рече секој трет ден чепче да и ставам, не ја послушав
Дали вашите бебуши менуваат омилени позиции и начини за заспивање? Сега сака на нозете мои и да ја клацкам како да е во релаксатор, претходно да шшкам и да ја галам по нос и чело, до неа да сум легната и да ја допирам, порано обавезно на гради мои да е легната, а се започна сама во креветче си заспиваше, сега ништо од тоа. И два месеца е а не се предава за спиење, плаче од што и се спие ама очите ококорени. Мислев покасно почнуваат така
Бебе синоќа поврати и од нос и од уста, има такви некои моменти се мачи стенка и ќе поврати, ама синоќа беше обилно и и од нос и од уста, од дамна нема повратено од нос, уствари дали еднаш два пати на почетокот ми направи така. Утре сабајле имаме преглед редовен па ќе видиме. Навечер спие во креветче под агол, не е на рамно, ама кај нас кога цица е на рамно и тогаш изгледа му се враќа. И што ти се вика инстинкт, не можев да заспијам кога стана да цица и седев будна, е веќе кога поврати па ич не можев да спијам, од 4 како стана и тоа стана со мачење и стенкање, а јас му дадов да цица, изгледа уште тогаш му било мачно.
Моиве двајцата, од раѓање до ден денес така повраќаат. Малово па дека е со посветол тен, кога ќе се вцрвени мислиш се удави. Замисли колку страшно изгледа и храна која ја јадел низ нос да ја врати. Прашано кај матичен вика не е страшно, има такви деца.
Еве не. Докај 4 месеци какаше 2-3 пати на ден течно и жолто, после смени 1 на ден речиси тврдо, и сега еднаш во 3 дена. И тоа со мачење, плачење додека да се искака. Најмногу му помага масажа да меше и вежби, види на јутуб имаш видеа. Чепче еднаш пробав да ставам ама го вади цело не растопено и пак не кака. Педијатар вели период е ќе се стабилизира, ама веќе повеќе од месец е вака и јас не знам што да преземам.