И мојов е бел, идат топли денови дали планираш да го мачкаш со некој фактор, зошто многу ми е страв од сонцето и се мислам што да му земам?
Нормално е едно око посветло друго потемно да е? Се приметува и во живо ама на слики ептен. Се си викам зошто уште не е оформена конечната боја затоа е така, ама реков да видам и ваше искуство?
Незнам колкаво ти е бебето, но препорака е дека бебе до 6 месеци не треба да се изложува на јако сонце преку ден, само сабајле и приквечер и не би требало да се мачка со СПФ креми
Скоро 3 месеци, корегирани нема месец. Не мислев да го сончам, туку кога го шетам ако го фаќа сонце да не му штети. Зошто од ладното му се направија обравчињата како пајажина, многу му е осетлива кожата
Да, ама што ќе земам не знам искрено. Рано ми е уште, ќе видам ќе "препишам" од некоја од вас, не се разбирам, многу ми се податоци, хемиски филтри, физички филтри, минерални филтри...
Можно ли е на 4ипол месеци да му се појават грчеви? Се мислам дека плаче и кинка од грчеви, а не ради скок. Мада чудно ми е, како новороденче немаше јаки грчеви, сега да има... Прдка, мириса кога ке прдне, а под рака му ги чувствувам цревцата како му кркорат. Уште повеќе ме загрижува што не сака да цица, само цица кога е сонлив и ептен мирен. Се нервира, врти глава, плаче, се тегне, не можам никако да го натерам да цица. Многу ми е жал уште сега да се одбие. До што може да е?
Бебе најадено, искакано, пресоблечено и се, нема грчеви. Денес нешо плаче како да се жали, кога ја шетаме во раце и ја гушкаме се смирува. Што може друго да биде?
Ме израдува сега, пошто за другите сум лоша мајка, мајка шо тера инает на другите. Мислам знам да терам инает ама од шо ми е забавно да ги нервирам .
Едноставно бара да биде гушкано, носено, да осети топлина. Нормално е. Уште не е свесно што го снашло.
Мојот во скокот вака се одби. Дури и во сон многу ретко фаќа. Сега му молзам па му комбинирам молзено и АД.
И ние сме 4 ипол месеци. Исто има грчеви и гасови по некогаш, си кака редовно по 2,3 пати на ден, ама пак нешто ја мачи.. Деновиве после Ротата беше страшно и жално .. Никогаш не викала до толку од грчеви . Ич не ги сакам тие вакцини ! А кај и да е планирам да почнам кашички да давам. Страв ми е и од тоа да не ја боли меше Инаку и мојата во скок одбиваше да цица. Ама бев упорна и ете ја полека се враќа у нормала. Ама прифаќа цице само она легната а јас да се кичмам над неа.. Уште некој ден излегуваме од 4ти скок се надевам ќе се врати у нормала. Многу е нервозна и сака само у раце. Све ме боли..
Леле која глупост ќе ја направев... ќе одев денес на вакцина а за 12ти само следен месец уствари е закажана Еден памет е, тоа е. Буци мој качил 800гр за 4 недели, одлично, ако вака тера вика Гого ќе лапаме порано малку. Љуби га мајка. 5цм отишол во висина, гледам јас нешто му се мали алиштата, повкусен ми е. Али дете што не сака да се облака мајки, ауууу, јакна со тепање, едвај. Многу е пргав машала. Од 4 бебиња на негова возраст кај Паскалов само он беше искуклен нанапред и да се ѕвери. Какви се сега препораките за дохрана? Зборам за здраворазумни, не на 4м да воведам 3 оброка, од кога се почнува со вкусови? Сакав како бато на 6м да почнам ама па да не се правам попаметна од доктор де. Ексклузивно доено бебе е.
Не постои препорака за 3 оброка на 4 месеци. Најновите препораки се од 4м да се почне со вкусови, нашата матична сака од 6м да почнеме, јас сум против, доцна е многу. Ако ја слушам неа дур да воведам оброк ќе дојде време да почнам на работа што се вика, закажав веќе за второ мислење во Систина. Јас сакам да почнам со вкусови на 5м, а на 6м да има веќе еден оброк.
Ние имаме почнато со вкусови од 4 месеци веќе по препорака исто од педијатар, јас и давам крај 12, 1 часот така најмногу ми одговара и мене и неа. Со вкусови одиш еден месец по неколку лајчиња колку да проба по три дена еден вкус, пример морковче 3 дена блендирано, после компирче и така, може да искомбинираш морковче и компирче наредно и така тераш според листата што ќе ти ја даде педијатарот за јадења. Ние со зеленчук почнавме така било правилно, па кој знае сега хаха, наводно да прифаќа зеленчук, и кај нас така испадна еве си јаде зеленчук супер. Барем саат ипол да е немаш цицано пред да и дадеш да јаде и после јадење водичка ќе понудиш.
Знам дека не постои, затоа и пишав, здраворазумни препораки. И според мене 5м е некој разумен период ако напредува како што треба. На 4м ми е рано искрено, нит седи цврсто, нит има некоја координација око уста, јаде механички, после 4м веќе развиваат, што викаш на 6м да има бар оброк, до 9м скроз да си јаде по 3 оброци. Така беше со синко, додуша почнавме на некоја недела пред 6м и со 6ипол имаше 1 оброк, со 7ипол втор, со 8ипол трет оброк и до годината воведовме уште 2 ужинки на 10 и на 11м и супер бевме. До кај 3г бевме раат, многу убаво јадеше, со годинаипол прејде од пасирано на парченца.