Нема да се одбие. Период е ќе помине. Немој со сила да го тераш. Си цица доволно. Јас мислев исто па кило и 200 имаше качено тој месец. Мислам дека кога се новороденчиња постојано цицаат, па ни доаѓа како шок кога одеднаш не сакаат 24-7 на цице да бидат. Всушност почнува да го осознава светот околу. Ќе приметиш по тоа што ти даваш цице, а бебе се врти и гледа на страна што има. Не се откажувај. Сега само ме драпа за маица и иако има веќе 2 оброка, цица нон стоп.
Превентивно ништо, доколку ги стават во исто време и другите 2 вакцини тогаш лепенки на боцнато. Кај нас рекоа доколку крева температура над 38,5 сируп, исто можи и сируп доколку е премногу вознемирено и плачливо бидејќи може да има болка на местото на боцкање. Инаку рота е со лажичка. Другите вакцини со боцкање. За рота не прашаа дали повраќа и пред колку време е јадена, да знаат што да очекуваат. За после околу 2 недели да внимаваме на памперсите со измет, редовно и често миење на раце на тој што и менува пелени. Да не се меша многу со мали деца тој период. И мислам тоа беше. Столици има почести сега. Претходно одеше 1 на ден. Од после вакцините 2-3 пати секако. И првиот ден беше успана. Исто ни рекоа посекако да гледаме да јади, да не останува многу часови без храна.
Сега пред 2 недели примивме 5 вакцини во еден ден кај нас на 2 месеци ги вакцинираат и многу се собираат
И ние требаше утре ама кје почекаме да помине празникот, некако пред празник не ми се ризикува, ако има нешто после не работат па проблем.
Утре полни да. Иначе кај мене во фамилија ми се сите во медицината па тоа ми е совет од нив, што и да правиш на бебе пред празник не, не се знае каква реакција ќе има. Па за некој ден не е проблем
Мила, колку траеше ова со цицањето?Одвај чекам да се врати на старо, што убаво си цицаше, сега легнато или кога е успано успевам да го нацицам.
Два ипол-три месециНе те утеши, знам. Да го поминат скокот, па регресијата, сами ќе си дојдат на себе. Кај мене плус и грчеви, се во едно беше.
Тука по ќе добијам одговор.. Форсирав само доење па затоа не качуваше а со жолтица е,жива се јадам. Не знам што е поефикасно, дали воопшто да нудам да цица а знам дека ќе заспие или да терам само со ад барем знам ќе го испие и ќе е намирена..
Не е може прашањево за тука, ама овде има мајки што дојат. Се прашувам што би јадела посно што не би било тешко за бебе овие три дена. Ќе ги постите вие што доите?
Ние денеска правиме точно 3 месеци полни. Го тераме 4ти месец. Бебушка од мирно и поспано бебе сега денски спие едвај по половина час и постојано е раздразнета, нервозна плачлива. Дали сме во скок, и кој скок е сега. Полни пелени и пред три дена правевме кс се беше во ред.
Јас би го шетала под сенка во количката Правило за комбинирање е Цица по 15 мин на една па 15 мин на друга, потоа даваш дохрана колку испие толку... Само во пракса потешко оди тоа особено у старт со жолтица. Доколку инсистираш да доиш ќе мора да се стимулираш со пумпа плус. Спиењето ќе му помине за некое време и ќе си фаќа на града, гледај нон стоп да му нудиш првин подој па флашичка, и земи со спор проток антиколик, или најдобро медела калма за да не му тече туку да си го вежба рефлексот за цицање... Не прескокнувај оброк без да те стимулира тебе било со цицање било да измолзуваш и така постепено ќе дојдете до количина за цел оброк