Малото во сон го чеша нервозно носот па го става палецот во уста, вака прави неколку пати и се буди со плачење. Се смирува на цице заспива и за бргу пак исто. Нешто го нервира. Носето да не му е за чистење? Што може да е?
Пробај, може. Моето го чеша од душекот кај што лежи и се нервира, среде ноќ досега колку пати сме го чистеле. Најчесто ако е потопло и му се суши слузница и се прават такви суви.
Да, на четири или почеток на пет месеци, зависи кога сте ја примиле првата доза. Мене со молив ми запишаа кога треба да ги прими наредните вакцини.
Колку може да ги закасни првите вакцини? Вчера влеговме во 10 недела, ни рекоа после 20 април да одиме да ги примиме значи после 11 недела е тоа. Но проблемот со окцето го испитуваме (на кожно Букурешт не знаеа што и е). Направивме брис на окцето, резултати наредна недела. Ни рекоа нема да може да ги прими зошто не се знае причината за црвенилото, може да е нешто внатрешно. Ова вчера лекарите, не сме прашале кај што боцкаат.
Ги гледа, ги затвора дланките, па ги отвара, ги врти, им се чуди на прстињата, им се смее, ги јаде. Нормално е мајка
Majki od koga pocnaa vasite malecki da reaguraat na posilen zvuk? Nie sme 2 meseci i edna nedela probuvam mu pustam muzika da vidam dali ke se zavrti no ne se vrti. Predmeti prati, guka, se smee no na zvuk ne se vrti i ne trepnuva
Прв пат денес ја извадив беба на сонце надвор, сонце да ја види да потпомине жолтицата де Еден саат бевме надвор од 10 до 11 и нешто и едното обравче кај што ја фатило сонцето и е црвено, се гледа ја изгорело сонцето Што да мачкам? Имам Бекутан со рибино масло крема, дали е за таа намена или нешто друго да ставам? и од кога спф им ставате? Како да не ја гори сонце, секако топло ќе биде и ќе ја носам надвор почесто
Слободно стави од рибиното. До 6м не се станало, не знаев и јас. Не е изгорено, само ја фатило сонце малце, ќе помине. Не е јако толку да се плашиш. Ставај и тетра некоја да се пафта да не ја пече директ сонце.
Ангел многу ме смируваш со одговорите, фала ти многу! Многу паничам,исплашена сум ко првпат бебе да фаќам во раце. Во раце ја држев не ја ставив во количка па затоа не ми текна на тетра, ама па што велиш не е јако сонцето толку. Ќе мачкам рибино тогаш, белким ќе обеле.
И мене второ ама ко прво, се ми е ново. Првото бубаче, второво ѕвере. Мама болна, бебе дали осеќа, дали и оно закачило нешто, цел ден е ќенкав. Не спие, не сака да лежи, не сака во релаксатор, не сака на игрална, не сака никаде освен во раце и тоа свртен напред и да гледа. Се успива по цел саат со дерење. На цицање не се успива. Заспа во 8ипол и еве го од тогаш до сега закачувам една перална алишта, закачи 3 парталчиња ќе викне, закачи 1 парталче ќе викне. Капак на се кашлам и шмркам и кивам го штрецам. Се надевам од утре да попушти малку, празников да не ми дојде преку глава. Утре и така не се работи, има да одмарам цел ден, ништо нема да правам. Божем ќе чистев денес, ме стрефи треска кај 6, бебе вика, ништо не можеш да направиш. Да дозакачам машината, одма ќе си легнам, не можам да гледам.
Кога почнуваат бебињата да си ставаат играчки во уста? Мојот уште една недела ќе е 4 месеци и ги фаќа ама не може прецизно да си ги стави во уста и многу е нервозно и вика
Мајки има некој скок во 3 месец? Мојот е 3++ од вчера спие дневни дремки 30мин па плаче точно 2часа без никакво успешно смирување, буквално заоѓа од вриштење и сам се гаси и поспива 45мин. Да не ви објаснувам навечер што ми се случува. Во 5 сабајле шетав по пижами низ двор да оладам глава. Како препознавате скокови и има ли некое решение?
Ела да се гушнеме... Заспива со урлање строго, напред свртен или на стомак да е легнат врз мојата рака ама пак нанапред да гледа. Не заспива веќе со цицање. Синоќа дури зацврсти се будеше на секој пола саат, една машина ја пружав точно 3 саати, од што нон стоп викаше. Е сега па кога ќе заспие денски тера дремки и по 45мин, час, час и половина, што претходно не беше така, за 15мин се будеше. И има една дремка на пладне од 3ч. Ноќеска се буди околу 4 и до сабајле не се буди, што е супер. Е ама пред ова да не снајде се будеше во 1, во 4, во 6 и во 8 станат скро, и градите сега се преполнуваат. Дали е тоа дали дека сум болна па се ствара повеќе млеко за да го заштити него, којзнае. Синоќа се разбудив утоп. Е да, полошо од бебе во скок е бебе во скок во развој и болна мајка, настинка ко да ме тепал некој по грб, сите зглобчиња ме болат, глава ми тинчи, цела сум згрчена. Тт немам висока, до кај 37.6 иде, ама таман да те утепа. И приметив дека многу се поти, кога цица лом се прави, ракавот утоп ми е. Може па и он се бори со вирусот ама дека прима антитела од мене и не појавува симптоми.
Јас бев вака пред две недели, само температура до 39 и болки во цело тело.. еден ден два траеше па после тоа и бебе фати ама среќа исто брзо помина, само многу беше жално два дена со температура.. некој вирус има, чувајте се
Леле ова времево променливо налет. Кога ќе ми речат, кај фати ти дома седиш, е кај фати де. Ама дете иде во школо, носи свашта.
И ние ви се придружуваме во гушкањето. 3+сме Леле како плаче преку ноќ смени. Ние пред тоа имавме дремки по 2ч 3ч дневни сега за половина час е станата малку е весела и почнува пак со плачки. Навечер се успиваме 2ч во количката ја смируваат само пиличи да ги слуша фем бучи плус нишкање во количката. Е добро е што ноќе сега спие многу цврсто не се буди. Синоќа цела ноќ ја преспа во 6 стана за млеко па после во 10. Денеска до 12 беше океј и после стана нервозна, како мине дента полоша е. Ќе помине ли ова и колку време трае