Бебево има полни десет недели. Денес забележав на чаршафчето кај што лежи еден куп ситни влакненца, како да му паѓа косичката. Сте забележале такво нешто, нормално е или да барам педијатар?
Баш имам читано за ова. Косичката со која се раѓаат постепено паѓа и се заменува со нова во првите месеци од животот. Мислам дека нема потреба од секирација Спојлер
Уффф, фала ти. Баш во трети месец, а инаку и мене ми паѓа страшно, цели прамени, ама за мене знаев дека е нормално, а за бебиња за се се потресувам.
Да, наменет е за папочна кила. Моите немаат кила али папочињата им се многу испакнати нагоре да пробаме со ова дали ќе се среди.
Moevo ima malku ispaknato na papoceto nekoj denovi stavam paricka , ama.ne go boli . Doktor rece ke se povlece samo
Имам некои дилеми околу молзено млеко. Ако бебето не го испие цело шишенце, шо да направам со остатокот? Важи истото правило ко од формула, еден саат од почнување на пиење дека може да се користи или не? Ако го извадам од фрижидер и го ставам во топла вода, а бебето не сака веќе да јаде (да напоменам ако нема почнато да пие од истото) можам пак да го вратам во фрижидер или да го фрлам ако не го испие во рок од 4 часа?
Да се јави @AngelOfArh на главна каса Јас колку што знам, од почеток на пиење добро е уште 1 саат. После тоа се фрла. А за враќање во фрижидер не се враќа. Ако грешам, нека ме поправи некој.
Ако почнало да пие тогаш да се испие во рок од еден час. Ако сум го извадила од фрижидер а не почнало да пие, сум го чувала уште макс 2-3 часа зависи колку било топло во собата и колку време претходно било во фрижидер. Еднаш извадено од фрижидер и стоплено, не се враќа назад.
Како што веќе ти одговорија. Ако остави во шишенцето може да го дадеш во следниот час, но не потоа. Од фрижидер ако го извадиш враќање нема, имаш 4ч да го испие.
Ви благодарам девојки. Како превентива го вадам од фрижидер за да можам одма да дадам ако протестира со цицање, за да не ми плаче дур да стоплам, дур да ставам во шишенце. А не секогаш сака и ама баш ич не ми се фрла дека мајчино. Ај ова секако ќе го испие во рок од 3-4 часа, ама започнато ако е најчесто го фрлам.
Женски мајчиното млеко менува вкус пред да дојде менструацијата или откако ке дојде? Малото почна да одбива да цица и за два дена ми дојде за прв пат после породување. Дали може и тоа да е причина за одбивањето?
Истото е и кај нас. Мене цели прамени ми паѓаат, на бебе по постелнината каде спие наоѓам. Додуша и по неа и во рачињата. Мислам цела недела само влакна собирам.
Да, кај некои жени менува. Ама ќе се среди, за два дена ќе се регулира. Јас затоа ја скратив од половина до под уши. И пак паѓа.
Јасно ми е, само смукаме и чистиме туш кабина. Косата ми е цело време собрана во пунџа, ја мијам и одма ја собирам и пак успеваат да докачат некое влакно во рачиња
Бебе наполни 5 недели. Од бебе што ужива во цицање, се успива на цице, спие мирно ноќе со будења нормално, спие преку ден стана нервозно. Цица па нејќе да цица. Плаче вришти, се трга. Му се спие очите му се затвараат ама не може да заспие. 2 дена до тоалет не можам да отидам. Дали е можно да се работи за скок во развој? И како се викаше апликацијата да си ја спуштам?
Ви враќаат ли бебињата млеко и колку често? Знае да врати чисто млеко после оброк, ама знае да врати и засирено млеко по некоја минута од оброк. Некогаш по неколку пати ми повраќа после оброк. Да напоменам ова не е секогаш, периодично, некогаш почесто некогаш воопшто. Страв ми е да не е рефлукс. Се консултирав со матичната вика дека е нормално штом е на доење.
Моето многу често, скоро после секој оброк, разговарав со педијатар неколку пати за тоа, да не е рефлукс, можеби млеко, ми рече не му е ништо. Сега како почнав со давање на кашички се смири, сега ретко повраќа