И кај нас кажаа дела се слаби и уште многу мали е така кога ќе пораснат ќе се повлечело. Ставав и јас паричка али секогаш ми се изместуваше и нема ефект.
Моиве педијатар и ортопед си го сметаат бебево според реална возраст. И за развој и за се. Ја немам програмата за целосна анализа на скокови и што треба да прави бебе, меѓутоа според due date бебево само што излезе од прв скок, според, dr goodnight е веќе во трет скок и така крај не можеме да фатиме и веќе се откажав од броење. Туку дилема околу облекување овој период на децата за надвор. Разговараме со другарка како е најдобро на попладне да се облечени кога веќе скоро и нема сонце. Според неа т.е таа за своето дете сеуште за на попладне или квечерина користи крзнен скафандер. Некако премногу ми е. Јас веќе почнав со пролетни јакнички, плус околу нозе тенко ќебенце, па си викам да не му е ладно на моево. Кога ќе се прибереме дома го проверувам комплетно цело тело и е топло.
Појасот се препорачува за по 3 месец до тогаш докторката ни кажа со поголем број на пелена да го притискаме.
Јас го облакам со шпихозни и горе плус дуксер му ставам на нозете го покривам со ќебенце. Денес прв пат му облеков јакничка ама одма ја соблеков се спури во нејзе. а за возраста не се замарај битно да е здраво, ќе си дојде се со време мојов е 32 недела и си го рачунам како нормално временско бебе.
Скафандер одамна исфрлив од гардеробер. Кога е поладно му облекувам подебела јакничка, а овие денови на 18 степени боди, дукс и елече. Или место елече потенка јакничка. А ако запече многу сонце и по дукс само седи.
Нека облече другарка ти скафандер и нека се пикне во нешто стуткана од сите страни, и нека не полуди да ја видам. После им плачат децата во количка, и ја би плачела да вријам во котел. Имам и јас една пријателка, на сонце и 18 степени бебе во хулахопки, тренерки, боди, блуза, дуксер, скафандер, дебела капа и плус прекривката за зима на количката, и после бебето не ја сака количката, и јас не би ја сакала.
Леле многу ми е жал кога ке ги видам така нагунтани бебињата на ова убаво време. И јас имам таква пријателка и се жали како и плачело бебето во колица, ако не спие. Па и викам нормално дека ке плаче кога го облекла во зимска јакна и дебело кебе на 17 степени. Моето зимно време во скафандер плачеше едвај чекав да го тргнам. Сега едвај чекам да се стабилизира времето па да ја тргнам и дебелата јакна. И нашата докторка е на став дека на вакво убаво време не му треба ништо врз дукс.
Zdravo majki Bebeto mi e 3 meseci.. ednoto okce pocna da i solzi i da se sozdavaat zeleni drlki … isto imase koga si dojdovme od bolnica doktorkata i prepisa Tobrex da go mackam nacever… od vcera navamu pak i se pojavi pa kupiv , no na upatstvoto pisuva od 1 godina? Ve molam za sovet dali da ja namackam ili ima poseben tobrex za doencinja ? Izvinete na dolgiot post ❤️
Ние капа ставаме само за сликата што на баба му ја праќаме, зошто ќе не отече ако не ја носи, а јас не му ставам зошто го нервира
Моето нон стоп. Трошиме по 4-5 бодиња на ден и по десетина лигавчиња. Џабе антирефлукс положба. Па и едно што не сака да се пресоблекува... На почетокот бев извадена од памет, но со два педијатри што зборев ми рекоа штом напредува одлично нема простор за паника. Исто ми кажаа дека кога ќе почне да се исправува и да јаде кашички ќе се смири повраќањето, едвај чекам.
Еден е тобрекс, инфекција или може да му е тесен каналот..масирај нежно помеѓу очите и на кај окцето што солзи..ова е од педијатар.
Воспалено увце... душа ме боли зошто мора да пие толку мало антибиотик ама што да правиме, кога мора, мора. Среќа докторот ни е најдобриот доктор на планетава, ма во универзумот и денес отвори за сите како нас со болни дечиња и го фативме на време. Затоа он 2 дена не спие и беше ќенкав. Душа моја мала, он мака имал. Колку само плаче и е вознемирен, мајко моја, ми се темни. Малку лошо го фативме антибиотикот, во 11, па ќе намалувам по пола час да дојде утре пред спиење да дадеме некако, да не го вознемирувам дополнително. Со синко голем ваква мака немав зошто он волку мал не беше болен, еднаш крена тт од заби и тоа траеше 2ч и толку, а ова душа мила тажна, ми се плаче. Среќа цица, да не ми дехидрира уште тоа ми треба, намали на пелени но сепак не е драстично. Цица убаво и дури нудам и почесто сама, не чекам да свика. Од раце не ми е симнат, окламбушен, цел врз мене обесен, душа убава. Да легнам до него до 11 и јас, да дремнам малку, па после ќе фатам друга тура. Добра ноќ!
@AngelOfArh , со лесно и брзо оздравување. Кај нас внучето на чување и денес разбирам дека до вчера буквално пиело антибиотик заради бактерии во носот. Не можам и не сакам од се да го изолирам бебето, а од друга страна сакам до максимум да го заштитам. Се надевам барем дека нема да префати нешто, а и овие денови празнични секако се гледаме со повеќе луѓе. Како сите да чекаа да дојде Велигден и да доаѓаат со подарок и да видат бебе. Од позитивните страни, се изнасобра бебе алишта за до 3 години да не мора нешто да купиме.