Добра тие килажата секое дете различно качува да ти кажам искрено јас не би сакала многу да ми качува од 600 до 800 грама ми е идеално.
И педијатар така вика ама сите бебиња со него родени веќе се мишелинчиња, моево уште изгледа како 2 месеци да има, затоа и го форсирам со јадење. Ама треба да смирам малце
И моето не е мишелинче такво слабичко ми е само во должина како да расте.. на 3 месеци 5440 и 61 цм Инаку многу нервозно е моето периодов, ќе стави играчка во уста и почнува да вика, не знам зошто и како да му помогнам, веќе не знам што правам погрешно што стално е нервозен.. само во раце сака, го држам и правам чучњеви пред огледало и се гази од смеење, барем фит ќе бидам.. а ноќното спиење страшно е веќе, ќе го успијам едвај па спие некои 3/4/5 саати и после на саат ипол станува, ај тоа ок… него во 4:30 се буди деновиве и сака да си игра.. што грешам, до скокот ли е? Има ли некој искуство со љутко бебе, ќе порасне ли од оваа фаза?
Мамичка мојата е родена 2500. На 4 месеци беше 5400. И јас се потресувам дека е многу ситна. Имаше периоди кога протестира да цица.. ама па си полни пелени. Знае да се искака и 3 пати на ден. Весело бебе, насмеана,мрдлеста.. од коа е родена не заплакала за цицање. Такво си е детето да се живи и здрави неможат сите бебиња да качуваат по 1 кг на месец. И генетика игра улога да знаеш. И јас и мм сме ситни луѓе. Нека се само живи и здрави. Килажата не е показател за здраво бебе, напротив.
Мојата е 3+++, педијатарот ни кажа слободно да мачкаме гел на непцата, да даваме разладена цуцла и глодалка за 4 месеци. Мислам дека имало некој на Фрезидерм. Мала е ама веќе и се наѕираат две бели преку непцата, иако сеуште не никнале. Ноќеска мака мачевме со заспивање.
Исто, има бело на непцата.. Синоќа беше ужас.. Не памтам ваква ноќ. Плус што е многу со немирен сон, како што пишав, се штрека цела вечер и плачеше на секој саат.. Инаку ги читав гранулите Осанит од Бугарија што ги фалат. Има и гел. Ако некоја мајка има искуство нека пише од кога и како се користат.
Бебе пие антибиотик, има проливче и мака со мешето, се тегне цел и се витка и прди, пие пробиотик ама некако мака има. Од денес ќе давам друг пробиотик, појак, да не му е овој слаб. Не знам оти волку мака, со брат му вакви грчеви немало, мада он првиот антибиотик на 20м го пиеше, ова јадно на 3м. Ми се плаче. Не гледам ни час ни колку прошло, а завика одма давам цице бар да се теши. Жалничко е, цело окламбушено на мене.
Од утре треба да почнеме со Д3+К1 и ДХА Омега. Околу 12-13ч. му давам Био Гаиа. Како е најсоодветно да ги распоредам другиве две?
Јас не сум следела саатница, никако. Кога сабајле, кога навечер, колку е захтевен сиромашкиот уште саатница ми фали да следам. Давав ама не видов нешто аир од нив. Искрено за грчеви најмногу ми помогнаа комбинација Рекол и Бекутан против грчеви. Ова се друг тип грчеви, од антибиотик што пие.
Јас од Пролајф сум многу задоволна лично за мене, таман е и со Б витамини и многу ми одговара ама може и Провен е добар, пробај си. Јас на бебе му давам Ваја.
Јас давам одеднаш и био гаја и д3 и к1. Има некој друг што не дава омега иначе? Нас не ни кажаа омега да даваме па се замислив сега.