Рота на пола примање ја поврати. Ја прими уште пола. Рекоа ќе има ефект. Ама ептен ми е мака. Што мислите? Ви се случило на некој?
Ако цица не се секирај. Првото дете ја прими само првата доза, другите две ги пропушти и ротавирус помина како обичен стомачен вирус. Другите ќе ги прими ако е се во ред.
Многу е гадлива. Полека и ја даваше сестрата на повеќе пати и се загади од шишенцето и поврати. После уште пола ја испи. Се надевам ќе има ефект од толку и од следните две дози. Инаку да, на цицање сме.
Исто и ќерка ми ја поврати првата доза, а на втората доза малку бљуцна, но приметив дека има ефект од вакцината по столицата. И беше потечна и помиризлива. Сигурно не е повратено целосно, има останато нешто да имунизира. А како и да е треба да примите уште две дози, така да не се секирај. Нас ни рекоа погладно да е бебето за повеќе да испие.
Џемпер би рекла, а после 10-11м ако не проодело и проодувалка на туркање. Дубак не планирам да користам иако го имам. Земавме џемпер сега и после 6м ќе го користиме, а проодувалка на туркање ќе ми купат за крштевка блиски здравје летово. Да не и стиснала наеднаш многу. Моето само го смувале, сестрата вика не смее да се стисне многу ќе го исплука или ќе го поврати, го чекавме доста време да го испие.
После втората доза рота немавме никакви реакции, а петовалентната не ја прими затоа што немаше поминато два месеци од претходната вакцинација.
Препорака за анти колик шишенце за 0+ од кое сте задоволни? Ги гледав на авент и twistshake ама не сум сигурна.
Мајки тие што користите цуцли на Bibs ги стерилизирате ли? Прочитав дека само силиконските се стерилизират, а ние имаме од жолтите.
Ние пробавме од сите, само од chicco сме задоволни, има едни пластични, розово и плаво со летни мотиви и силиконски цуцли, ги купуваме од анифарм во капитол. Од твистшејк не знаеја да пијат, понекогаш кога немав навреме стерилизирано се, пиеја и од авент, имаме и пластични и стаклени, ама лом се правеа и се префрливме целосно на chicco. Едново бебе ретко има грчеви, а другово постојано, ни антиколик млеко, ни шише, ни капки помагаат.
Мене од авент многу воздух ми голташе. Лажливка само Мам прифаќа, и имаме шише Мам. Да знаев уште од сам почеток ќе користев само Мам. Бевме на 0 сега сменив на 1+ Среќно бебе 3+
Мака мачиме со грчеви. Јас го дојам ама и одмолзувам и многу ретко додавам ад и давам од Авент натурал. Голта воздух, дали е до шишето дали дека е поголемко па има повеќе сила и влече многу лом се прави, цица на 2 или 3 саати по 15 мин до 20 Макс, ама без престан константно. А јас со силиконски, од нив мислам дополнително влече воздух. Катастрофа. Досега пробав капки бекутан, чајче, топли облоги, лежење на мешенце, а од вчера зедов нови капки од Гр инфаколик, ама сеуште нема промена. Реков ај да го сменам шишето, не знам што друго веќе
На упатството на капките пишува дека треба најмалку 3 дена редовна употреба за да има промена. Нас многу ни помогнаа, а тоа најдобро го увидов кога два пати се обидов да му ги прекинам Не е лошо и анти колик шишенце да пробате
Како ги дозирате капките за подобар ефект? И дали по отварањето ги чувате на собна температура? Ептен бејзик прашања Али sleep deprived сум, ништо не ми е јасно во последно време, сѐ на аутопилот...
Според упатството, треба полна дозерка пред секој оброк (но не повеќе од 12 пати во денот). Ако нема ефект, може и поголема доза. Јас давав по една дозерка, понекогаш и малку повеќе, пред секој оброк. Првично мерев, после веќе од око знаев (како се празни шишенцето, потешко се полни дозерката). Ги чував секогаш на собна температура.