Те разбирам, ми се плаче веќе од тие грчеви кога ќе ја фатат, а она и лакома, не се научи да пие, па уште толку влошува. Подолу е линк од шишето, цуцлата е стварно супер, многу убаво ја фаќаат, машково бебе откако го користиме ова шише многу ретко има грчеви, дури се мислам и колиефот да му го прекинам, а на женското му комбинирам колиеф 4 пати и инфакалм двапати на ден, колку само да ублажиме, ама мислам џабе е кога се целосно на ад. https://www.annifarm.com.mk/en/product/chicco-шише-пластично-сино-150ml-силикон-цуцла/
Бебе е 3++, спие во next to me креветче до мене. Веќе неколку вечери заспива со вртење на главата и збутување во душекот, како да сака да се сврти. А во текот на ноќта го наоѓам или дијагонално или скроз отиден со главата кај нозете?!?!! Да реагирам кај педијатар/ортопед? Друго бебе со вакво немирно спиење? И крајно...нели е премал за такви хиперактивни движења?
Мајки, видов на кидс&ко книга на српски преведена од ,,Raising an emotionally intelligent child" од Џон Готман. Го најдов оригиналот онлајн во пдф формат тука: https://www.pdfdrive.com/raising-an...-child-the-heart-of-parenting-e185563351.html Кој сака и го интересира, нека си ја симне. А кога ќе ја читам, појма немам, битно ја симнав
Мајки дали вашите бебенца се дават од плунка, ние сме 5++ и денес од памет се извадив, му се случуваше и порано но сега како малку подолго да ми остана без воздух, ми е страв пак да не се случи, незнам што да му правам во тие секунди. Страв ми е, под стрес сум од прееска
Секогаш кога ќе ти се задави така исправи ја, навсли напред и чукни ја мслце додека си дојде при себе и директ на града ако се доите Кај мене тска правеше само града не спасуваше, многу стресно реагирав и јас на почеток
За попрактично не знам да кажам, ама ниедно не се препорачува за типично дете. Прочитав некој ортопед препорачал џампер, децата почнуваат да скокаат на две години, замислете кое оптеретување на колковите се случува кога ќе го ставите да се одбива со ноџињата од подлогата прерано. Може да доведе до развојни нарушувања на колковите. Многу често горниот дел од телото им оди нанапред и може да дојде до стоење на прсти. Исто ваква позиција на телото има и на проодувалка. Се препорачува 15-20 мин дневно да се користат џамперите. Во дубакот исто страдаат колковите, може да промовира одење на прсти, се таргетира погрешната група на мускули на ногата. И дубакот и проодувалката не му дозволуваат на детето да научи да одржува баланс. На одењето му претходат одредени развојни фази, кои со предолго користење на џампер или дубак може да се скокнат и на тој начин да се пролонгира проодувањето на детето. На децата им е потребно многу време поминато на под. Повеќе од јасно ми е дека на родителите им треба и пауза и слободно време за извршување на обврски ама јас би одела со некој шатор, има убави со тунелчиња со кош за топки и сл. Тука мислам дека би се занимавале децата подолго. А со проодувалка би одела откако ќе прооди детето.
Проодувалки и дубаци никогаш не ми биле во избор, ни на крај памет ги немам ставено. Едноставно знам дека не треба и крај ама кога видов едно бебенце со искривена нога размислив малку подлабоко што се може да се случи од малку непромислена работа на родителот. Не ме сфаќајте погрешно, не осудувам ама луѓе бебето носи каиши и спие во гипс за да ја исправи ногата што целосно била здрава претходно. Ај што очекувано се искривила во дубакот, се искривила зашто прерано било ставено бебето и само со едната нога туркало. Еве го година ипол има, не може ни да прооди, ни да застане убаво, многу жално.
Го тушираме секој ден, а кадичка полниме за пливање сабота и недела. Мојов на 25 ти прави 3 месеци. Со туширање ми е по практично, реално он не е ни прљав нешто највеќе за газето ми е и некад знае да се поврати во косичката.
Пријателка на пријатели е, не прашав ништо ама пријателиве викаат дека од 6 месеци го ставале и останувал подолго во дубак.
Здраво мајки јас имам прашање бебето ми е 7недели и 1 ден е сега на почеток сам се будеше на секои три часа да јаде после роа мк рекоа јас да го будам на два часа да цица за да надојде повеќе млеко додека го будев јас бевме пискот ниту млеко надојде ниту ниш само детеро ми беше многу нервозно и го оставив сам да се буди тој продолжи на секои три часа да напоменам цица и давам дохрана после секое цицање навечер исто се будење некогаш на 3 некогаш на 4 часа да јасе е синоќе прв пат спиеше 5 часа детето нема жолтица ниту имаше и јас не го разбудив да јаде сега се плашам дали правилно постапив или треба да го будам кога е таква ситуација молам совет