Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Ортопед ни рече дека ништо од тоа не е дозволено за здрави деца. Кажа дека тие работи веќе се сметаат за медицински помагала и се за деца со проблем.
     
    На Pocahontas.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nela_21

    Nela_21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2021
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    917
    Пол:
    Женски
    @Bebetoo, @Pocahontas.93, @Iris-1234, @AngelOfArh i moze zaboraviv nekoja no,
    Vi blagodaram devojki mnogu navistina.
    Mi znacese. Nema da bide nisto od ova kupeno (dubak, dzamper, turkalo) smeneto za sosema drugo (tricikl)
    ❤️ Ubav den na site vas.
     
    На Starchild, LiquidLuna, Iris-1234 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.239
    Допаѓања:
    111.539
    Пол:
    Женски
    И моето прави се ова, тука се со возраст неколку дена разлика. Кога ќе го видам со носот у душекот, ми се темни. Мислам не е за на доктор.
    Секој ден бањам бебе, и големото и малото исто, дали набрзинка под туш или во кадичка, обавезно. Многу кака и се прави лом.
    Кое бебе скока од 2г живти мене, многу мали почнуваат да се одбиваат од подлога ако ги ставиш со нозете, уште непроодени. За се си во право освен за ова со скокањето. И јас паметував со првото дека беше бубаче, кај го оставиш таму, ама ова ме научи на памет богами дека не сите бебиња се исти.
    Се е фино со тоа бебе на под, и точно и се, ама живееме во сиромашна земја каде скоро никој нема подно греење, нема соодветна тт и бебе на под би резултирало со пневмонија за 3 дена. Јас да го оставам моето на под сега во понеделник од Козле ќе во пишам, гарантирам. Исто така важно е што не сите деца се исти, имаш бебе што ќе си лежи и ќе се занимава со играчки, како што беше моето поголемо, ќе спие убаво по 2 часа и мама ќе има време да се истушира, да стави ручек, да моча, да направи било што по дома, или имаш бебе што спие по 15 мин или ич и мама нема време за ништо од ова. И јас се слагам, особено за дубак, многу против сум, ама ме задеси малово и неговото спиење ко зајче, на 2м почна да се превртува и да сака да стане, плачко, само у раце да сака и земав џемпер само за да можам да мочам (јбг морам да мочам имам хроничен проблем со бубрези кој не ми дозволува да држам мочка подолго од 2ч) или да ставам ручек да се свари. За 5-10мин не верувам дека ќе биде проблем, истражував многу, мислам дека ја избрав најдобрата опција, флексибилна подлога и ергономско седело.
     
    На Shekjerna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.010
    Допаѓања:
    13.831
    Баш за ова сакав да прашам. Јас првото дете го оставав на под кој е прилично ладен. Фати бронхитис. Можно да беше од тоа?
     
  5. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.713
    Допаѓања:
    6.014
    Бронхит се фаќа од вирус и бактерии евентуално алергии. Не од ставање на под или од ладно или влажно.
     
    На Mihaela123456, Starchild, kalinaka и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.040
    Допаѓања:
    13.273
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh Првото кога беше бебе немавме подно, сега имаме. Двајцата раснат на под и никогаш немале пневмонија. Бронхитис имаше поголемиот два пати како резултат на компликација од вироза од градинка. Никаква врска нема ладното со пневмонија, сигурно го знаеш ова.
    Џампер купив за првото зашто и јас како тебе не можев да се измочам ама го оставав, мочав и го зимав. Буквално за толку ми требаше. За второво не планирам да го користам зашто мирно е, си лежи секаде и ретко бара во раце. И јас мислам дека не е проблем за 10мин.
     
    На Starchild, Coco31, IRBBB и 4 други им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.239
    Допаѓања:
    111.539
    Пол:
    Женски
    Не знам што да ви кажам ама секогаш кога кај синко имало пневмонија секогаш било после одење во село кај што е преладно или на промена на време. Не зборам за бронхит. Прв пат ми доби кога го оставив на земја во есен зошто веќе не беше сигурен на кревет. Дали е случајност или не не знам, ама толку мало бебе на под кој е камен ладен, не ми има логика. Ние немаме одоздола никој, односно под нас има подрум кој е мраз ладен зошто не е затворен има отворени прозори и врати, кај нас дома не се седи без папучи, во лето клима пуштаме ептен ако е жешко над 40. Не велам дека не е најдобро на под, јас свесна сум дека е најдобро, ама немам услови моментално. План ми е да му купам сега 2 пара гумени коцки едно врз друго и така да го оставам, ама си го знам бебето и знам дека нема долго да го држи тоа па нека седи џемперот за одвреме навреме.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Ова е сосема неточно.

    Моето бебе од старт е на под, а немаме подно греење, на парно сме. Само еднаш ми се разболи ама од вирус кој маж ми го донесе од работа.

    Кај нас е многу топло, но и во домови кај што не е толку топло има начин. Доволно е врз тепихот да поставиш подлога за бебе и да го оставиш да си игра, на бебе местото му е на под.
     
    На Starchild, Coco31, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    3.121
    Пол:
    Женски
    Секако, се додека бебето не почне да се влечи како змија се до ламинат(facepalm) Од најголемиот детски тепих имаме а детево обожава да е на ламинат, јас седам си него и постојано го враќам назад тоа пак се влече по ламинатот. Е не можам да ја прекријам дневната со тепих бидеќи е прилично голема а кај нас дома искрено подот е преладен. Еднаш прошетав јас без влечки па ме болеше стомакот 2 дена.
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.239
    Допаѓања:
    111.539
    Пол:
    Женски
    Не можеш верувај, што год да ставам за 5мин смрзнува. Зар не сум пробала. Знаеш дека хемороиди направив од што се стискам за во вц, мора да чекам до 5 за да одам во вц, зар мене не ми е мил животот. Моментално спие, на кревет, ако сакам да завршам нешто мора тоа да е со брзина на светлината за да не стане и одма се исправа да стане, кај и да е скроз ќе се исправи, за седнување, значи броени ми се деновите безбедни. Среќа па се стоплува и ќе почне да спие во спална и денски во креветче и раат да сработам и јас нешто. Со бато беше лесно, едно роден на пролет, друго мирен, се дешавало случајно да влезам во спална да видам дека станал и си игра со рачињата, еднаш го видов од врата дека се буди и отидов до вц, карши карши ни беа вратите во старата спална, ако ми веруваш го оставив да видам колку ќе лежи мирен, 45мин и дури тогаш почна да ќенка, не да вика. Овој станува со дерење мислиш го колам у одма се тегне да стане. Некои работи не зависат од мене.
     
  11. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    641
    Развојно децата почнуваат да скокаат од 18 до 24 месеци, зборувам за самостојно скокање во место, со одбивање на двете ноџиња од подлога во воздух. Она што ние го правиме не е скокање и пак не е добро за колкчињата. Како што пишав експертите препорачуваат по 15-20 минути на ден. Јас воопшто не би го користела. Се од овие три решив да не користам, а и релаксатор решив да не користам.
    Апсолутно ништо не заменува игра на под, само така можат сите развојни фази успешно да се совладаат. И за ладно има решение, иако се согласувам дека децата се разболуваат од вируси и бактерии. Може да се стави детски тепих, а врз него од меките подлоги, тие самите делуваат како изолатор и не се лизгаат. Јас купив од оние големите 90х90 мислам беа, 4 се спакувани, сега планирам уште да купам кога ќе почне да се превртува и да лази. Се согласувам дека не се сите деца исти, на секој му треба 5 мин пауза, мене може ми е прво дете па немам искуство многу во тоа, ама ова професионално го работам, и со сигурност знам дека децата околу две години почнуваат да скокаат. Затоа и реков дека добра опција се шаторчиња со тунелчиња, со кошови, верувам дека секое дете би поиграло бар 5 мин. За помалите baby gym ми е go to опција. Евентуално марама или добар кенгур ако сака да е држено во раце. Да напоменам ништо од ова не е страшно ако се користи разумно и малку, јас одлучив ич ем шо ги сметам за некорисни без позитивни ефекти ем да не фрлам пари за џабе. Според мене многу е важно детето да се поттикнува на самостојна игра, за родителот да има слободно време за извршување на обврски околу домот, а и едно кафе да испие на раат.
     
    На Starchild, tanjaaa, Coco31 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.239
    Допаѓања:
    111.539
    Пол:
    Женски
    Ќе зборуваме здравје ако имаш второ, до тогаш џабе е сѐ. Од искуство. А дека е подобро на под, подобро е, дека не можеш да стоплиш и 3 да ставиш подни коцки, не можеш, за кај мене дома зборам. А развојните вежби се вежбаат и на кревет и на под на кратко па стануваш, подолго нема шанси. Јас имам цврста и рамна гарнитура, тргнати ми се сите перници и имам како спална простор 2х2, тука вежбав и со големото ете и со малото сега. И Бејби џимот е на кревет и тука е супер топло, одоздола има ко изолатор, ама на земја за 10мин му е ладно. А тие шаторчиња кај 3м бебе не само што се непрактични туку и опасни за бебиња, дур ти влезеш, го најдеш по тунелчиња, ќошиња, тоа ќе се извади од памет и ќе те разбере пола град дека плаче.
     
    На Proletno му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.539
    Допаѓања:
    33.224
    Пол:
    Женски
    Ние немаме подно, ќерка ми прв пат се разболе на 10 месеци од вирус од градинка. А само на паркет седи, иако имаме и тепих и подлога за нејзе, она седи на ќошето кај што нема ништо.
     
    На Coco31, le.soleil, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Јас кога бев кај Видоевски го прашував баш за тоа дали може да користам џампер и дубак. Може сум пишала некаде, но ајде ќе се повторам.
    Ми рече да го земам бебето во раце и да стои. Ме праша дали ме болат рацете. Јас реков да. Што сакаше да каже всушност дека целиот товар го врши џамперот.
    Ние користевме до пред некое време, ама бебе е веќе големо и тешко.
    За 15-20 минути не е страшно да се остави бебето да скока.
    Еве моево скокаше на џампер, а е доста цврсто и колкчињата се развиени супер.
    Од приказните што ги прочитав, може се работи за бебиња со веќе развиени некои аномалии, кој родителот не може да ги примети, па понатака само се интензивирале.
    На бебе тешко може да приметиш што не е во ред со колковите, затоа и се носи на ортопед.
    Сепак секој си одлучува што највеќе му годи. Ама дека ако го ставиш во џампер, готово ќе му се исчашат колковите, гледам сите што користеле без колкови останаа.
    Разумно користење и се е во ред.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Нормално е дека нема да седат на тепих цело време ама до кај 4-5 месеци сигурно седат. Еве конкретно за мене ќе зборам, мајка ми никогаш не ме наоблекувала, ниту ми бранела сладоледи, газирани и ладни пијалоци па многу ретко бев болна, додека пак пријателка нејзина ги тунташе децата со милион слоја облека, а газирано, ладно или сладолед за нив беше нешто незамисливо и секоја втора недела болни и беа. Малце полабаво треба со децата, колку се позаштитени толку поосетливи стануваат.
     
    На Starchild, Coco31, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    641
    Во која смисла ќе зборуваме ако имам второ? Од поголем ангажман околу децата, па би ми требало помагало? Или ако е позахтевно детето? Затоа што ова од бебе шо само спиеше, почна да е многу захтевно, сака во раце, тешко се успива, малку спие и нервозно е. Со него готвам нешто набрзина ама претежно готвиме кога ќе е сопругот дома и тогаш се капам. Домашните обврски некогаш успевам додека сум сама, некогаш кога сме двајцата дома. На почетокот цицаше по цел ден, поточно цицаше, заспиваше на цицка, па стануваше и пак цицаше. Тогаш не можев да го ставам нигде за да одам во вц или да зготвам нешто. Се случувало и со него да одам. Знам дека се ова со две деца е мноогу потешко, затоа сум за промовирање на самостојна игра уште од мали. И сега ги користам тие 15 мин кога ќе е расположен.

    Во ниту еден случај не реков шатор за мало дете. Реков дека baby gym ми е go to опција за мало дете. Претпоставувам дека членката има поголемо дете штом се двоуми за проодувалка. Затоа ги спомнав шаторите.

    Креветот колку и да е тврд не заменува под, еве и ние уште сме на кревет претежно, ама и времето се стоплува, нема да е толку ладно и на под веќе.
     
    На Starchild и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  17. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.010
    Допаѓања:
    13.831
    Првото не го ставав на под, т.е. многу малку.
    Јас немам услови, ладен ми е ламинатот. И да, со две деца е многу потешко.
     
  18. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Не знам како ви е дома и не можам да кажам. Кај нас со парно е многу топло и од новороденче го ставам на земја а роден е крај на ноември.

    Мојот кога не сака веќе да лежи на земја го ставам во количка и го земам со мене во тоалет или во кујна додека готвам. Сега веќе го користиме спортското седиште и уште подобро му е, ме дружи секаде:)
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.239
    Допаѓања:
    111.539
    Пол:
    Женски
    Од аспект првото ми беше песна, второво да беше прво ќе останеше единствено. Кичмата ми е партал, мислам дека очајна сум секоја вечер, раце не си осеќам, а навечер е најмногу захтевен.

    Не е исто на кревет и земја ама немам опција на ладен под да го оставам за да сработам нешто. Мора да зготвам зошто имам уште едно дете и сопруг кој работи до 5 и опција немам друга. Да е само вежбање на под ајде, тоа се 15мин, збориме за оставање пола саат и више дур завршиш низ дома дел, па после некое време пак пола саат, па пак до вечер уште 2 до 3 пати. И овде збориме за бебиња 0-6, таа е темата, мајката праша за подарок, и јас земав џампер ама не го користам одма ќе чекам да направи 6м.
    Многу е ладно, грч, а количка не ставам внатре бидејќи ми е гадно да шетам надвор со неа и после внатре. Понекогаш, ама ептен ретко, знае да поседи 10мин во релаксатор со мене во кујна, воглавно релаксаторот ни е неискористен бидејќи не го сака и сега се тегне, крева газот во вис да стане.
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    641
    Со разумно користење најверојатно ништо нема да се случи. Исчашување на колкови е екстремен случај и треба предолго да се користи. Ама дека не знаеме каков ефект би имале и од 20минутно дневно користење, не знаеме. Јас на пример не ризикувам.

    Од професионална гледна точка, детето пак ќе си се развива супер, ама постои ризикот да се скокнат некои развојни фази, еве за пример ќе го земам лазењето. Не сите деца лазат и сите деца се во ред, но со лазењето подобрyваме координација на сите четири екстремитети, ги зацврстуваме мускулите на вратот, рацете, абдоминалните мускули, го стимулираме сензормиот систем и ја подобруваме рамнотежата.
     
    На Starchild му/ѝ се допаѓа ова.