Искрено јас бебе од 4-5 месеци не би размислувала да го ставам во дубак/џампер, мојот го ставив во џампер на 7ипол месеци, зборуваме за неибежни обврски по дома како спремање ручек за нас, за бебе и одење до вц. А тоа за облекување и јадење баш и тоа го правам и џабе пак еве до сега имаме пиено 2 антибиотика. Јади кашички од фрижидер незагреани, пие ладна вода, спие во ладно (цела зима), хулахопчиња и скафандер не сум искористила ни еднаш, боди по долги не сум ставила ни еднаш. Се паѓа во вода кога имунитетот на детето е таков да фаќа вируси и бактерии буквално од небо паднати, а за подот е друга работа што сериозно е преладен и не можам да го оставам цел саат на земја бидеќи ако веруваш буквално цело седење на тепих е бегање до ламинат и тоа да го лиже. Ако го ставам во игрална да завршам нешто се исправа и паѓа наназад со главата и може да се повреди.
Ама јас нигде не пишав ставање во џампер или дубак воопшто, нас и ортопедот не ни дозволи да користиме такви помагала. Значи кажав дека комотно лежат и се превртуваат на пологата до 4-5 месеци и не бегаат на паркет/ламинат. Понатаму кога ќе почне да бегаат на паркет може евентуално коцки да се стават, најмногу за заштита од удари.
Ние количката ја чистиме после секое излегување, ги миеме убаво тркалата, ги пребришуваме и прскаме со алкохол. Нова е количката и одма се чистат тркалата, воопшто не се ни оштетени од шетање надвор па немаме мака сончистењето. Ние и за во кола да ја прибереме ги чистиме тркалата.
Ама јас не зборувам цел ден да е на земја. Правам муабет за одреден период во текот на денот. Ниту да не се ставаат децата воопшто во помагала, на секој му треба 5 мин пауза како и шо реков. И сега и со две деца ќе пробам самостојна игра пред помагала. Ама тоа сум јас и само мое мислење и став како и на сите овде. И знам дека темава е од 0-6, гледам, мајката праша јас како шо разбрав за подарок за нејзиното дете, јас споделив мое мислење. Ни бејби Џим не е за 6месечни деца. Лазењето беше само како пример, и онака сите овде одиме натака.
Елате на плочки да видите колку е ладно, се покајав 100 пати што не ставивме таркет. Подното го пуштам од 7 до 11 и после се ладни плочките до утредента зашто претопло е. Тврдам дека не се разболува од ладно. Големиот ми спие на маица и гаќи, покриен со тенко ќебе и најчесто и тоа го трга. Ноќе е 19-20 степени. По дома е бос секогаш, а најчесто и по гаќи, таков е од бебе не трпи ништо. Додека маж ми е стално со јоргани, дуксери и малку кичмата гола да му биде одма легнува во кревет со кетонали. Мислам се зависи од мали како ќе ги навикнеме.
Цврсти топчиња, јагорци на местото на вакцините. На едната и црвенило. Нормално е? Помасирав со алкохол, ставив лепенки.
И ние ги миевме на почеток и малку е комплицирано сега и ставаме хотелски капи за по дома. Пробај многу е практично
Ме потсети на нас со првото Сега се погледнуваме само пред да ја ставиме во кола и као ај бе, нема везе Полесно е во перална да ја однесеш Едино пред да влеземе во мол ги чистиме зашто нема смисла со кал од дожд да влезеш како сељак
Од едното окце на син ми почна да му се лачи прво бела, сега жолтеникава течност. Многу се чепка по лице со рачињата и мислам дека го изгребал окцето зошто беше црвенко. Патронажната ми кажа да го пребришувам со камилица. Веќе не е црвено ама уште лачи. Нормално ли е ова?
Леле мами живо и здраво нека е бебенцето,горди да ве прави.Многу се израдував за вас.Камилица никако, само физиолошки раствор.
Мојата имаше уште во болница секрет од окцето и ни дадоа терапија тобрекс капки 2 недели. Сега пак почна да лачи секрет и чистиме со физиолошки и газичка, од надвор кон внатре и масажи правиме измеѓу внатрешноста на окото и носето за каналчињата.
@Ava.84 @Thinkerbell. Фала ви девојки. Ќе чистам со физиолошки па здравје вторник сме на контрола ќе ја прашам и докторката дали има потреба од нешто друго. Важно ми беше дали е нормално и очекувано да се случува.
Со физиолошки на стерилна газичка или да земеш специјални гази за тоалета на очи, иридиум се викаат. Чистење од надворешен кон внатрешен агол на окцето и блага масажа на внатрешниот дел.