Своеволно направивме крвна слика, хемоглобинот беше понизок, меѓутоа ги прими сите вакцини. Колку беше кај вас? Дали ви дадоа терапија?
Во Поликлиника Ченто не е задолжително крвна слика пред вакцина. Малото ми беше настинато и испитавме крв и хемоглобинот и беше 100 и ни ја одложија ротата за неколку денови, а во меѓувреме сируп за анемија
За помалите baby gym ми е go to опција. Во вистински момент го читам ова. Баш додека барам по нашиве интернет продавници. Те молам препорачај ми некој. Фала @Pocahontas.93
Ќе се уфрлам непоканета Прекрасни Baby gyms имаш во Bebe Home. Мислам дека ни е нешто најискористено, вреди секој денар.
Тобрекс, чистење со газичка и масирање, веројатно има и затнато очно каналче. И кај моето беше вака на почеток ама со капките се среди. Не се секирај
Мене лично овој модел многу ми се свиѓа, едноставен е, минималист сум. Вo bebehome има вакво многу убаво ама е поскапо, над 7000 беше. На Инстаграм гледав во Montessori toys ако не се лажам и во rusticwood.mk. Во rusticmmwood.mk беа најисплатливи, 2200 со 5 играчки беше најскапото, не знам дали и подлога беше вклучена овде. Маж ми имаше желба тој да го направи, па тука заврши мојата потрага.
Во мојот град исто ми рекоа нема потреба од крвна слика. Направивме своеволно, со хемоглобин под 90 педијатарот ги дозволи сите 3 вакцини. Дополнително капки да пие и за месец повторно да испитаме.
Можно ли е да се дават од плунка? Во сон го слушам како подголтнува нешто како со давење и почнува да плаче и се буди. Не знам секрет ли е плунка ли е. Дали да го ставам на страна да спие?
Јас моето го ставам на страна да спие. Инаку да, исто и моето прави така. Само што не се буди и не плаче, туку продолжува со спиење. Јас дури и заспана го слушам и се будам да го проверам.
Фала мама. Почнав со чистење со физиолошки и масажа. Ќе почекам до вторник да видам што ќе каже и докторката, да не земам капки на своја рака. Сакам да му помине поскоро, жал ми е да го гледам со такво окце.
Туку, да ми кажете искуство со слинг марамите? Дали користите и од каде ги купувате? Моево гледам ептен приврзано ќе е со мене, па бар да можам да збркам нешто работа околу дома со негова придружба. Денес конечно се решив на депилација да одам. Со татко му седеа 1ч, се утепало од кенкање и плачење. Дојдов, го земав на града и одма се смири. Па кутрото цел ден не заспа, да не случајно пак заминам негде Па така будно како потресено со неколку кратки дремки го помина денот. Сте имале таква ситуација?
Дали некому стварно има помогнато Др.Гуднајт? Таман помислив пак почна да спие убаво те ти го два вечери по ред се буди на сат ипол со плачење. За да презаспие и се смири некогаш му треба цице некогаш не. Значи аман веќе…
Јас земав од Ело, првите три месеци најискористено нешто ми беше. И сега ја користам чат пат ама сега веќе малиот господин сака да гледа и да е свртен нанапред и ќе треба во кенгур. Инаку да, ми се има случено само што цицаше бебе, отидов буквално до пред зграда во продавница да излезам од дома, кога се вратив бебе вришти, маж во паника па му прави адаптирано, комшики две ме сретнуваат пред лифт и ми викаат леле сега го слушнавме плаче, многу е сладок ама ова беше може на два месеци, сега со тато се навикнаа и можам да ги оставам подолго (макар што mom guilt не ми дозволува долго да сум одвоена)
Едно прашање од кога почнавте да ги возите во количка под агол од 45 степени имам спортско седиште па незнам дали да ја ставам во тоа или уште во корпа иначе сме 3+
Да, имаат поприкладни цени, а се стварно добри. Јас за моето добив на подарок поинаков baby gym, ама како ги открив овие на сите како подарок им носам, стварно ми се преслатки. Особено тие каде подлогата е со животно. Единствена маана е чекањето, ама вреди. Со здравје да си го користите, бебе многу да го сака. ❤️
Мојов ортопед од 3 кажа дека можи ама сеуште не сме ја возеле така. Полесно и побрзо ни е во транспортер плус помала кола имаме, па кај и да одиме транспортерот директно на рамката од количката. Меѓутоа ќе треба да преминеме на спортското седиште.