Од што може да имаме течна столица? Овие два три дена а не е пролив затос што оди стандард два три пати во денот
За 4 дена правиме 6 м. Пред 3 дена примаме вакцина и на местото на апликација на вакцината на ножето имаме како мало тврдо топченце, кажете ми со што третирате?
Јас ставав само лепенки за ладење првите 2-3 дена, топчињата ги снема сами од себе за 6-7 дена. Можеш да ставаш облоги со ациди борици.
Дали Малтофер капки предизвикуваат грчеви? Веќе 3 недели пие бебе после вакцината за рота заради намален хемоглобин и има појаки грчеви и гасови отколку претходно. Друга промена во исхрана или други капки немаме направено.
Генерално сите препарати за железо имаат таков ефект. И на малиот му препишаа и ме предупредија дека може да се интензивираат.
Мене три педиатри така ми кажаа, можно е да има и други мерења. Јас искрајно не се замарам за килажата битно да е добро
Недела дена после рота не се даваат препарати за железо, а после недела дена се воведуваат постепено. Доволно им е надразнето стомачето од вакцината, уште железо им фали. Слободно паузирај ги. Вака ни кажа педијатар, така и направивме.
Кај нас педијатарот кажа веднаш да се почни така и направивме. Да пие уште 3-4 месеци макар што во три недели е скроз во нормала крвта донесена. А во тој период уште 2 рота вакцини ќе прими.
Не е страшно ако се паузираат една недела, греота е на надразнето стомаче железо да се дава. Се мачи сигурно.
Како да го одвикнам малото од ноќните подои? Пет месеци е и одкако влезе во скок или регресија се буди на два сати и бара да цица за да продолжи. Има ли некое чаре, можеби ке треба да патувам за месец дена како да го оставам вака?
Температура за првпат од кога е роден. Не знам дали е вирус бидејќи со куп луѓе се измеша во последните неколку дена или па вади запче (многу нервозно гризе). Антипиреа лепенките за температура знам дека не се лепат на чело, залепив под мишка, каде на друго место можам да залепам и што уште можам да правам? Не сакам веднаш да дадам сируп, 37.9 има. Едит: Дали одма да одам да првам крвна слика и црп или да почекам? Може на некој му е смешна паникава ама first time mom, тоа е.
Почекај за крвна слика, може да не даде точни вредности. Антипиреа никогаш не сум лепела за разладување. Секогаш ги расоблекувам и туширам со млака вода без топење на главата. Сируп над 38.5.
Расоблечен не му паѓаше температурата, затоа залепив Антипиреа под пазуви. Оваа слика ја најдов за лепење на лепенките
Почекај за кс. Рано е. Лепенка јас немам ставено никогаш, не знам за тоа. Облечи го полесно, туширај и нека внесува течности. Сируп над 38.5 или помалку ако е ептен малаксано, ќе си процениш. Гушкај, бацувај и да помине брзо
И јас истово ќе прашував, само што мојата е на формула, исто има 5 месеци. Последниве недели се буди на 2ч. па чекам да поминат 3ч. за да и' дадам млеко. Некои тука пишуваа дека им спијат цела ноќ па да кажат која е магијата ))