Нормални му се дланките и стапалата, ни ладни ни жешки. Е сега ко имаше температура кај слепоочниците беше жежок, на грбот и градите исто. Со сирупот од 14ч даден немаше кренато тт, тек сега има 37. Јаде и се наспа, вака весел е.
Може за заби да се работи. И мојот е пет месеци и многу го мачат жлебинките многу многу е нервоџен. Ни кажаа дека е почнат процесот.
Здраво мамички, мојата е 2ипол месеци. Денски си цица нормално кога на 1:30 мин кога на 2 часа. Ама ноќе уште од мала има навика да поспива барем едншка околу 3 4 часа а после тоа пак продолжива да цица на 2 часа. Е првио месец добро напредуваше. А сега на последната контрола ни фалат. Е сега не знам со тоа што едншка така преспива дали да ја будам или не. Ако имал некој некое искуство или совет дали да ја будам
Jas konkretno go gledav toa za masaza na stapala za polesno zaspivanje . Inace pred 6 godini devermi koristese nekakvo ulje/krema mrsna od eucalyptus I I gi masirase stapalata na vnukata. Neznam kakvo e, ne kontaktirame vo posledno za da gi prasam ama nekoja ako znae za takva krema neka pise
89 беше а требаше да е 135, не ни дадоа ни закажаа за јуни, но ќе проверам порано хемоглобин за порано да примиме. Вас не ви направија проблем за вакцини?
Исто хемоглобинот. Рече докторката дека е низок и веднаш да земеме Сидерал или Малтофер капки. Ја вакцинираа со сите вакцини, немаше некој проблем од вакцините ама веројатно вакцините во комбинација со капките предизвикаа тешки грчеви. На новата крвна слика за само неколку недели е во ред хемоглобинот сепак предлагаат да се продолжи со терапија уште некој месец.
Поминавме морна ноќ, без температура. Бебуш мирно спиеше, се разбуди само за млеко. Засега нема температура ама не се радувам пред време, ќе чекам денот да видам како ќе помине. Се надевам лошото е зад нас
Нас со чепче ни падна макс отиде до 38.2 После седум часа пак качивме 37.8 и пак стсвив чепче Прашањето е дали да ја носам директ на лекар или д и звонам на матичнава Не ми се звони ич пошто е прелабава и ќе рече вироза седете дома А може грлото и е црвено, и уште да почне со сува кашлица како нас..
Со 88 хемоглобин му дадоа рота и поливалентната. Ама рекоа веднаш да почнеме со препарат за железо. Сидерал примаше? Кај моево со сидерал од 88 за еден месец на 112 отиде хемоглобинот. Многу брзо некако качи . Исто и мене матичната ми пиша да прима терапија бар уште еден месец.
Може тоа има повеќе рок, а и ако ти е веднаш за употреба можеш да го нарачаш или пиши им/јави им се прашај ги. Јас сум се јавувала многу се услужливи. А јас ако го фатам во рок баш ќе пишам дали има ефект. Го имав уште поодамна и тоа за температура, ама го заборавав, а и големиот ретко ми се разболуваше тој период па не стигнав да го пробам, му помина рокот. Ама планирам пак да го нарачам и да го пробам. Бар за пониски температури да се најде.
Не знам што да ти кажам, кај нас после сирупчето не качи веќе... Е сега можеби е рано за на лекар, мене и во Систина а и сите тука ме советуваа да не брзам со крвна слика, да чекам барем два дена температура па после да правам кс за да не добијам лажни резултати. Без кс нема да знаете дали е вирусна или бактериска инфекција. Можеш да си ја исконсултираш матичната телефонски за да не го мачиш детето дотаму, па види што ќе ти каже. Ако продолжи да му е лошо денеска, утре наутро правец в лабораторија па на лекар.
Имам и јас дома малтофер, ама на вакцинален ми рекоа сидерал и матичната кога ја препрашав и она се согласи да пробаме прво со него.
Мајки, давам д3+к1. Треба до полни 3 месеци. Ќе наполниме за некој ден, а од капкиве ми остануваат уште десетина капсулчиња, да продолжам да ги додадам уште десетина дена или со полни три месеци да прекинам?
Нас ни рекоа мало е за терапија уште од сега, и ни ги одложија…не знам што да кажам различно, демек ако качи температура организмот е слаб за да се бори и за тоа не дадоа
Мајки што имате бебиња кои се интолерантни на лактоза или алергични на кравји протеин после колку време од раѓањето покажале симптоми?
Интолеранција на лактоза одма, имаа грчеви, помалиот повеќе гасови имаше до душа. На кравји протеин не се алергични, ги тестирав.
На моето со 96 хб му одложија вакцини, само рота прими 2 дози за третата фати сипаници.Сидерал немаше ефект па продолжив со малтофер.